Македонцки
мадрфакр
- Член од
- 23 ноември 2007
- Мислења
- 4.281
- Поени од реакции
- 635
Во Стразбур Македонија ке се пазари за Македонците во Пиринско. што ке се испазари тоа е друго. Радко е во игра.Мојот став е дека со Бугарија треба да одиме со реципроцитет, Ако регистрацијата на Омо Илинден се заврши со регистрирањето на Радко или слично Бугарско здружение тука, тогаш нека биде.
но реципроцитетот да важи секаде, и за спомениците и за знамињата и културните и историски збиднувања.
РЕЦИПРОЦИТЕТ конечна културна слобода за Пирин и тотално фијаско на Бугарските циркуси тука....
Политичка битка или пазар за ОМО „Илинден“-ПИРИН
Претставници на Софија и на Скопје наскоро во Стразбур треба да разговараат за случајот со нерегистрирањето на партијата на Македонците во Бугарија, а експерти велат дека политички пазарења не се исклучени
На 14 јануари дипломатски претставници на Македонија и на Бугарија во Стразбур треба да одржат средба во обид да најдат решение за долгогодишниот проблем со регистрацијата на ОМО „Илинден“-ПИРИН, партијата на Македонците во Бугарија, дознава „Дневник“ од извори во македонското МНР. Претставниците на постојаните мисии на двете земји во Стразбур средбата ќе ја одржат со посредство на амбасадорката на Шпанија, земја што претседава со Комитетот на министрите. Ова било договорено на последната средба на Комитетот на министрите одржана на 10 декември лани, кога повторно, за одбивањето на бугарската држава да ја регистрира партијата на Македонците, било поставено прашањето од страна на парламентарецот од Летонија, Борис Цилевич.
- Мислам дека прашањето, сепак, ќе се реши политички. Доколку дојде до средба во Стразбур, сметам дека таа ќе биде во таа насока. Не исклучувам можност од политички договор и за други прашања што ги обременуваат односите меѓу двете земји - вели дипломат што го следи досието за бугарско-македонските односи.
потписи без плод
Едно од таканаречените отворени прашања е и тоа за граѓанското здружение „Радко“, кое македонскиот Уставен суд го укинаа. И во овој случај е прекршена Конвенцијата за човекови права, односно правото на здружување. А токму поради тоа „Радко“ поведе спор пред Судот за човекови права.
Прашањето за ОМО всушност е поврзано со неспроведувањето на пресудата на Европскиот суд за човекови права по прашањето за правото на собир за националните малцинства во Бугарија, донесена во 2005 година. Оттогаш ОМО „Илинден“-ПИРИН имаше два обида повторно да се регистрира, но безуспешно, иако собра и повеќе од потребните 5.000 потписи за да се регистрира како партија пред бугарскиот суд.За претставници на ОМО, проблемот со регистрацијата не е правен, туку политички и националистички.
- Властите во Бугарија едноставно не сакаат да го признаат македонското малцинство, ниту сакаат да дозволат некој да се застапува за неговите права. Македонците во Бугарија, сакајќи или не, со своето постоење рушат еден од основните националистички митови во Бугарија и затоа нивното постоење се доживува како некоја навреда и непријателство. Проблемот не е само во властите, и голем дел од општеството е затруено. Ние сме единствената партија во Бугарија која се застапува за Македонците и затоа сме единствената партија што има такви проблеми. Односот кон нас е како кон еретици и не изненадува што многумина ја повикуваат инквизицијата - вели Стојко Стојков, еден од лидерите на партијата.
Софискиот суд требаше пред Нова година да донесе одлука во врска со барањето за регистрација на ОМО „Илинден“-ПИРИН, но судот остана нем. Не се исклучува можноста судот да почека на средбата на 14 јануари, на која ќе се испеглаат евентуалните несогласувања меѓу Скопје и Софија за текстот на Секретаријатот, а одлуката да ја донесе во февруари, за кога всушност е закажано и рочиштето на кое ќе се расправа за партијата на македонското малцинство.
глоба и права
Средбата во Стразбур доаѓа во ситуација кога официјална Софија се' уште цврсто стои на ставот дека таа веќе ја спровела одлуката со тоа што ја уплатила определената глоба утврдена од Судот во Стразбур. Вакви пораки испратија неодамна премиерот Сергеј Станишев, а претходно и министерот за надворешни работи Ивајло Калфин, кои притоа побараа ОМО да си ги заврши обврските. Но со уплатата на паричната казна не е спроведена пресудата на Судот за човекови права, зашто Европската конвенција за човекови права е над законодавството на државата. Таков заклучок веќе има во Советот на Европа, па затоа Бугарија е и под мониторинг на Стразбур по прашањето на спроведувањето на судската одлука. Но, од Софија не донесе добри вести ниту комесарот за човекови права, Томас Хамарберг, кој лани ја посети Бугарија. Кога „Дневник“ го праша дали е оптимист по прашањето за ОМО „Илинден“-ПИРИН, тој кратко изјави дека не е.Експерти за човекови права со жалење констатираат дека се' се сведува на политика, наместо да се спроведе одлуката на Судот од Стразбур. Иако механизмите се строги, државата-членка може да се исклучи од организацијата, тоа се случило само еднаш.
- Досега се покажа дека не може да се натера Бугарија да функционира во системот на Советот на Европа и да ја спроведе одлуката. Ние само се вртиме во круг. Еден евтин театар - вели експерт за човековите права.
ИНФО-Евтин театар
На 14 јануари дипломатски претставници на Македонија и на Бугарија во Стразбур ќе разговараат за случајот со нерегистрирањето на ОМО „Илинден“-ПИРИН.Не се исклучува политичко пазарење во кое во центарот ќе бидат ОМО и „Радко“. Софија смета дека ја спровела одлуката на Судот, но тоа не е точно. Ова е евтин театар, вели експерт за човековите права.