Netbooks, mini-notebook computers

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Веб-сајт
www.kajgana.com
Се почесто ја наоѓаат примената, се повеќе се употребуваат и стануваат се повеќе популарни. За оние кои имаат потреба често да се пред компјутер и на интернет, а воедно и да се надвор од канцеларија, а да не носат со себе тежок лаптоп, идеално решение.

Минатата недела си зедов Acer Aspire One. Сосема солиден. Мал, лесен, а и убав е на изглед. Џам. Intel Atom 1.6 процесор, 1 гига рам, 160 гига хард, вградена камера, Wi-Fi, 8.9 инчен дисплеј. Батеријата држи околу 2 ипол часа. Копчињата на тастатурата се сосема солидни и не е тешко да се пишува.

За сега, малово одлично брка работа.

aspire_one_3.jpg

 
Која резолуција ја има?
 
Повеке сум за 15.4 инчен компјутер лаптоп, а добра е работава, не е многу скапа а има добра конфигурација... ако планираш да ја купиш мистичен, нема да се покаеш...
 
Повеке сум за 15.4 инчен компјутер лаптоп, а добра е работава, не е многу скапа а има добра конфигурација... ако планираш да ја купиш мистичен, нема да се покаеш...
ако си причитал првиот пост ке видиш дека го купил
а колку го купи мистичен ?
 
Повеке сум за 15.4 инчен компјутер лаптоп, а добра е работава, не е многу скапа а има добра конфигурација... ако планираш да ја купиш мистичен, нема да се покаеш...
Абе имам и 15.4 инчен лаптоп, ама со малово се препородив, верувај. Пердув е. Со стариот рака ми отпадна, па и рамо, дур го влечев со мене. А башка што не зафаќа простор, и да треба нешто да сработиш набрзинка во лет дур си излезен, ти треба минимална површина, не цела маса да испразниш.

а колку го купи мистичен ?
Го зедов од Т-Мобајл во Доверба 24 со web'n'walk стикче и нет за 999 денари месечно. Инаку, во Анхоч мислам околу 19.500 денари е.
 
И мене ми многу мерак ми прават... ама незнам.. 2,5 саати ми е некако малку батерија... Имаше со повеќе?
 
И мене ми многу мерак ми прават... ама незнам.. 2,5 саати ми е некако малку батерија... Имаше со повеќе?
Стандардните батерии на сите лаптопи во просек се толку.
 
Ако сакаш да ти трае батеријата повеќе ке треба да си земеш модел со 6 келијска батерија (тогаш ке трае батеријата 5-6 саати), само тие модели нешто не ги носат кај нас, сите се со 3 келијска. Само Асус 1000HD е со 6 келијска батерија, но тој пак не е со Атом процесор, него е со Целерон, кој троши повеќе така да и траењето на батеријата се намалува.

Убаво би било да ги има кај нас Асус 1000H или Самсунг NC10, некако овие два модела ми се најкомплетни и најдобро изработени.
 
се наоѓаат резервни делови за овие нели?
јас им удрив мерак уште пред помалку од година дена кога амц донесе еепц по 15.000 и нешо беа, ми треба затоа што не одзема многу простор а сепак е резервен компјутер за работа.

проблемот што сеуште се двоумам и во меѓу време купив два обични лап топа од 15 инчи наместо овие по 9 што се и се 3 пати поефтини е поради резервните делови, мн сум крут и не чувам...

барем батерии, маски, и сл.
 
некро пошто овие се мали нема да можеш толку да ги оштетиш така да земи си едно
 
Се почесто ја наоѓаат примената, се повеќе се употребуваат и стануваат се повеќе популарни. За оние кои имаат потреба често да се пред компјутер и на интернет, а воедно и да се надвор од канцеларија, а да не носат со себе тежок лаптоп, идеално решение.

Минатата недела си зедов Acer Aspire One. Сосема солиден. Мал, лесен, а и убав е на изглед. Џам. Intel Atom 1.6 процесор, 1 гига рам, 160 гига хард, вградена камера, Wi-Fi, 8.9 инчен дисплеј. Батеријата држи околу 2 ипол часа. Копчињата на тастатурата се сосема солидни и не е тешко да се пишува.

За сега, малово одлично брка работа.

aspire_one_3.jpg


Со здравје да си го користиш и пари да ти носи :smir:

Јас истиот го имам веќе седум месеци, и сум задоволен.

Бај д веј, со каков оперативен систем го даваат во Т-мобиле?

Јас го купив со Linpus кој инстантно го исфрлив и му инсталирав XP.

И се што те интересира, твикови трикови и останати магионичарски ствари околу Aspire One, ги имаш тука:
http://www.aspireoneuser.com/forum/
 
се наоѓаат резервни делови за овие нели?
јас им удрив мерак уште пред помалку од година дена кога амц донесе еепц по 15.000 и нешо беа, ми треба затоа што не одзема многу простор а сепак е резервен компјутер за работа.

проблемот што сеуште се двоумам и во меѓу време купив два обични лап топа од 15 инчи наместо овие по 9 што се и се 3 пати поефтини е поради резервните делови, мн сум крут и не чувам...

барем батерии, маски, и сл.

Не е мобилен па да бараш маски или батерии. :-)
Хард или рам како на секој лаптоп и тука се менува лесно, додека другите работи малку тешко.
Батерии би требало да се најдат, додека маски ептен тешко.
 
Стандардните батерии на сите лаптопи во просек се толку.
Тури му линукс... Повеќето програмки за едитирање на текст, праќање маил и слично ги имаш, а батеријата ке крени едно пола час повеќе ке држи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom