N
n/a
Гостин
Незнам дали и колку некој од вас има пробано или знае да зготви било што од руските традиционални јадења,ама јас сум голем фан на нивната кујна.
Руската кујна е многу разноврсна.Тешко е да се определи што преовладува во неа: риба,месо,зеленчук или тесто.Треба да пазите на порциите,затоа што во исто време руската кујна е и многу хранлива.Живината,месо па дури и рибата се спрема прелиена со некој богат прелив кој што во исто време е и полн со витамини.Тестото обично се јаде во вид на `пирога` и `пирошки`,кои што исто се солидно филовани.
Во руската кујна нема `голи` супи !!!
Место нив,постокат разноврсни чорби,`счи`,`боршч`,`расољник` итн, кои што се прават со запршка и со разноврсен зеленчук, а се јадат со кисела павлака.
Како додаток со `счи` и `боршч` се служи и едно од омилените руски јадења - каша од хељда која што па од своја страна е многу богата со железо.
Печурките исто се многу застапени.
Видно место во руската кујна, (како што веќе напомнав) зазема зеленчукот,со кој што се внесува потребното количество витамини.Најмногу се застапени зелката,цвеклото,морковите,краставиците,кромидот и ротквите.Во менито,зеленчукот влегува најчесто преку омилените чорби или во вид на засебни јадења,како што се `винигрет` и `руска салата`,а може и како преливи за пироги,риба или живина.
Тука се и `кисељите` кои што се прават од различни видови на овошје или пак кромпир-брашно кои што се соединуваат со тесто со сирење или пак овошје,`сињици`,оладије`,`драцјона` и др. кои што се јадат со павлака.
Секако... и прочуениот напиток `квас`.
Целата `приказна за руската традиционална кујна можда и може да се сведе на онаа познатата Толстоева реченица`шчи и каша-храна наша`.Сепак,дури и да е така (а не е ) вреди да ви ја претставам затоа што традиционалната руска кујна во потполност одговара на современите захтеви за здрава исхрана.
Кашите се можеби најтипични за руската храна.
Поголемиот дел од семејствата денот го започнуваат со доручек составен од гриз,пченкарно брашно,хељда,пченица или јачмен зготвен на вода или млеко,како слатка или солена каша.Кашата е обавезен додаток на некои јадења.Се јаде за `здравје и убавина` како што рускињите често знаат да истакнат,уверени дека беспрекорниот тен и доброто варење им ги должат исклучиво на кашите.
Салатите се обавезен додаток на свечените трпезиво секој руски дом.За балканскиот вкус,тоа се прилично чудни салати со слатко-солени комбинации.Најпозната е секако Винегрет салатата.
На грузијската салата од грав и ораси пак... и придаваат афродизијачко својство.
Пирозите и пирошките се пак најпознатите руски пецива.
Се прават од кисело тесто,со најразлични филови (преливи).Они се и едни од обавезните послужувања на руските трпези.
Без разлика на тоа што ќе го сочини остатокот од трпезата,секоја руска домаќинка ручекот ќе го започне со блињи.Тоа се мали палачинки,ставени една врз друга и со нив се служи црн или црвен кавијар,павлака и некое поубаво слатко од шумско овошје.
ШЧИ СО КИСЕЛА ЗЕЛКА
1/2 кг Говедско месо со коска
една везна магдонос
1 ловоров лист
3 зрна бибер
1/2 кг КИСЕЛА зелка
1 главица кромид (црвен по можност)
2 лажици брашно
1 кисела павлака
Се зима говедината со коска,се мие,ја ставаме во лонец,ја налеваме со ЛАДНА вода и ја ставаме на шпорет да се вари.
Се чисти магдоносот,се мие,се сече не многу ситно и се става во лонецот во кој што се вари месото.Го додаваме ловоровиот лист и биберот.
После ова,ја зимаме киселата зелка.Ако е премногу кисела,се пер во неколку води,но сокот од зелката (расолот) се чува во шоља.
Зелката се прелева со жешка вода и ја ставаме на цедилка.Ситно го сечеме кромидот (ЦРВЕН !!!) и го запржуваме со две лажици брашно.
Зелката и кромидот се додаваат во лонецот каде што се вари месото и вариме додека не бидат готови.Се вари на умерена температура.
Ако шчи-то не е доволно кисело,треба да се додаде сокот од зелката кој што го зачувавме во шољичката.
Шчито се подгрева и пред самиот ручек и се зачинува со кисела павлака.Како додаток се принесува каша од хељда.
ШЧИ СО СЛАТКА ЗЕЛКА.
1/2 кг Говедско месо со коска
една везна магдонос
3 зрна бибер
1/2 кг СЛАТКА зелка
1 главица кромид (црвен по можност)
2 домата
1 лажица брашно
1 лажица маст
1 кисела павлака
зачин.
Говедското се мие,се става во лонец и се полева со ладна вода и после тоа се вари.Се чисти магдоносот,се сече на покрупни парчиња и се става во лонецот.Се сече кромидот,се пржи и се додава на месото кое што се вари.Додаваме бибер,зелката се спушта во вода која што врие,се чека да проврие еднаш и после тоа се цеди.Зелката после тоа се сече на шест делови кои што се ставаат во лонецот и се заедно продолжува да се вари,со неизбежните промешувања.Доматите ситно се сечкаат на коцки и се додаваат во чорбата.Се прави бела запршка (маст и брашно) и се исипува во лонецот.Таквата смеса се меша и се зачинува пред самиот ручек со кисела павлака.Приликом служењето,се зачинува по желба и се служи во супен тањир.
БОРШЧ
1/2 кг говедско
200 г. слатка зелка
500 г цвекло од тегла (конзервирано)
1 морков
1 корен першун
1 корен пашканат
1 главица (ЦРВЕН !!!) кромид
неколку нарезоци сланина
лажица брашно
лажица путер
2-3 излупени компири
2-3 свежи домати
(или две мали конзерви)
50 г шунка
1 неварено цвекло
1 кисела павлака
малку магдонос и останати зачини по желба.
Земете го говедското,исперете го со ладна вода,ставете го во лонец,повторно посипете го со ладна вода и ставете го да се вари.Исечете 200г слатка зелка и додајте во лонецот.
Црвеното цвекло,морковите,першунот,пашканатот и кромидот исечете ги на еднакви ситни парчиња и крчкајте го на тивок оган не многу долго во сад со поклопец заедно со неколку танки нарезоци сланина.
Одкога ќе го завршите овој дел,префрлете ја смесата во главниот лонец во кој што се прави боршчот.Направете запршка од лажица брашно и лажица путер и додадете ја во боршчот. Додајте ги излупените и на четвртинки пресечени компири,како и ситно насечканите домати.Земете го цвеклото за репер и варете се додека тоа не биде готово.Додајте шунка исечкана на коцки.Невареното цвекло изрендајте го и исцедете го сокот од него.Кога боршчот ќе биде готов,додајте го сокот од цвекло и варете уште малку.
Пред самиот ручек зачинете го боршчот со кисела павлака и ситно сечкани ливчиња од магдонос.
Најчесто се служи со каша од хељда.
БОРШЧ без месо
50г суви печурки
5 `кругчиња` конзервирано цвекло
1/2 кг кисела (или слатка) зелка
1 главица кромид
5-6 моркови
1 повез магдонос
5-6 пашканати
2 лажици доматено пире
1 лажица брашно
1 лажица зејтин
1 лажица оцет
1 свежо (неварено) цвекло
малку исечкан магдонос
Земете ги сувите печурки,добро измијте ги,ставете ги во лонец,налијте ги со ладна вода и ставете ги да се варат.Додека они се варат,земете ги петте кругчиња цвекло и ситно исецкајте ги.Земете ја киселата зелка (ако е прекисел измијте го во неколку води) ,избланширајте го во солена вода на вриење околу 10 мин. и ситно исецкајте го на даска.Испржете на зејтин главица ситно насечкан кромид.Во друго тенџере ставете го цвеклото,ситно сецканите останати зеленчуци и малку после тоа и зелката.Све заедно пропржете го,а после тоа додајте го у лонецот во кој што се варат печурките.Додајте го доматеното пире,обична бела запршка од лажица брашно и лажица зејтин и се заедно промешајте.Додајте лажица оцет,исчистете едно свежо цвекло,изрендајте го и исцедете го сокот од него и додајте го во лонецот.Остајте боршчот еднаш да проврие,ставете го во супен тањир,посипајте го со исецкани ливчиња од магдонос и служете заедно со каша од хељда.
РАСОЉНИК
300г јунетина
2 телешки бубрега
два повези мешан пашканат,моркови и роткви
пет кромпири
6 поголеми краставици
100 г павлака
сол и бибер според вкус
Бубрегот внимателно исчистете го и држете го во ладна вода барем неколку саати.Потоа потопете ги во вода која што врие,оставете ги неколку минути,исцедете ги и ставете ги во нова вода што врие и повторете ја постапката.Така припремените бубрези заедно со јунетината исечени на крупни коцки ставете ги во лонец,налијте ги со литар и пол вода,додајте ги исчистените зеленчуци,краставиците исечени на крупни тркалца,излупениот компир кој исто така се сече на дебели тркалца и варете се додека месото не омекне.Готовата чорба запржете ја со танка бела запршка (брашно и зејтин) и додајте пола шоља расол од краставичките и разматена кисела павлака.
ПОСЕБНО добро после сериозни запои. Уживајте
`СОЛЈАНКА`
500 г риба
(пастрмка или штука у наш услови најдобро)
еден повез мешани зеленчуци
(моркови,пашканат)
2 главици кромид
4 лажици зејтин
40г брашно
250 г излупен домат
250 г печурки
1 поголема кисела краставичка
5-6 црни маслинки
1 лажица капара
сок од пола лимун
200 г павлака
зачин
сол и бибер по вкус
Рибата се чисти,се прават филети и од остатоците се прави бујон.
Зеленчукот се чисти и сече на коцки,се пржи на врело масло,се посипува со брашно,се налева со процедениот бујон и се вари додека не омекне.Тогаш се додаваат филетите и се вари уште некои десетина минути.Готовата чорба се зачинува со сецкани маслинки,краставички,лимунов сок и сецкан магдонос.
Павлака се служи одвоено за секој гостин да може по желба да додаде според вкус.