- Член од
- 19 септември 2005
- Мислења
- 5.616
- Поени од реакции
- 180
Колега. Значи, од мене би добил предлог - манастирски туризам. Познавам некои кои имаат викендички, но веќе тоа не е тоа... не се тоа куќи кои го имаат тој стил...1. Kade mozham da prespijam? Na sajtot e prikazhan restoran "Evropa", no toa ne me interesira, tuku sakam bash selski turizam, t.e. selska kukja. Dali lesno mozhe da se iznajmi takva kukja (ili 1-2 sobi) da recheme za 3-4 dena? Dali mozhe da se prespie vo nekoj manastir kako toj pogore a slikata? Kolku bi chinelo edno takvo zadovolstvo?
Мој предлог би ти биле манастирот во Слепче (повеќе на http://www.manastir.org.mk) и манастирот над Големо Илино.. мапата на општината би можела да помогне...
Колку би чинело... Мислам дека во Илино цената е 250 денари од кревет, со користење на нивната кујна, скара, и се останато... но немаат посебно ручек за сите и слично. Значи секој има право да си направи, што сака... а за Слепче, е поинаку. Мислам дека во Слепечкиот манастир може да преспие било кои верник, имаат припремена храна за секој, со тоа што ќе учевствуваш на утринската и попладневната молитва.. За друго, посебен селски туризам, не сум многу запознат, можам да научам иако, ако би одбирал би одбрал еден од овие 2 манастири.
Кога станува збор за храната можеш да видеш природното производство на демирхисарци тука2. (a) Vo koi se lokali mozhe da se jade i shto? Spomenavte skara nekolkupati kaj chichko Taljo. A shto nudi restoran Evropa?
Ako vekje tolku go falite domashnoto vino, leb, itn., ubavo kje e po nekoe meni i/ili sliki da stavte na net. ;-)
(b) Ako sakam da platam za da dobijam domashno spremeno jadenje - pechurki ili zelnik na primer, dali mozhe da se kupi takva usluga?
(c) Dali povekjeto "namirnici" se odgleduvaat vo DH ili se nosat od nekade? Na primer domati....
Има неколку добри ресторани во Демир Хисар во кои има феноменална храна. Не се само Европа и Чичко Таљо, иако и двата нудат прекрасни услуги. Мени не можам да ставам на нет Ок, знам дека имаат и посебни специјалитети рестораните во Демир Хисар, па верувам дека има и некои „домашни“ демирхисарски јадења...
А, за зелник, и припремено домашно јадење. Повели кај мене...
Секаде, мислам дека тоа нема да недостига. Пример, манастирот во Слепче е на 5-6 километри од центарот на Демир Хисар, асфалтен пат по кој може И да се пешачи. Веќе виде на сликите, поголемиот дел од Општина Демир Хисар е во планинска област. Иако има и асфалтни патишта, има скоро до сите места (манастири) и шумски патчиња.3. Kade, t.e. na koi mesta konkretno mozham da peshacham? I dali e toa celosno "diva" priroda, ili ima po nekoja staza za peshachenje?
Тоа е дел од Демир Хисар... ќе пробам некоја мапа на градчето да нацртам... Иако ќе има добра мапа наскоро на страната4. Koja e taa "nova naselba" (ne znam kakvi drugi naselbi i maala ima) i kade se naogja? Kje beshe ubavo da ima nekakva mapa na gradcheto za da se orjentirame shto kade e.
Пред се има чиста природа, многу реки, 3 езерца, и доколку некој сака да се одмори, би поминал предобро...
Ако си заинтересиран, контактирав и бев известен дека на страната на општината ќе ја постават туристичката понуда многу наскоро (значи делот за селски туризам), ќе има и мапа на општината со сите патишта, поважни објекти, индустриски, музеји и манастири...
Исто можам да спомнам за бибиотеката во Село Бабино (каде има и рибник со прекрасна риба на скара). Библиотерата е една од најстарите и најголемата приватна библиотека во Македонија (Основана е 1882 г. со 12.000 наслови и 3.000 членови. Има 3.500 посетители годишно а е и организатор на самостојни изложби и излагач)