На која такси компанија најмногу и верувате?

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Значи најправо да ве прашам, дали ви е важно кога се возите со такси (ако се возите нормално), да се возите со позната такси компанија со “реноме“ или влегувате во првото такси што ќе ви дојде?

А инаку што мислите која е најдобра и најефикасна такси компанија во вашиот град? И зашто мислите така?

И што е потребно за да некоја такси компанија да ја има вашата наклонетост? :)
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Само со ELITE не се возам. Што знам некако нај тиња коли се. Не ми е битна компанијата, битно ми е колата да не се распаѓа или внатре да е со јамболии :)

Мада у последно време од Наше такси новите Митсубишиа ми прават мерак да се качам и да се возам во нив. Ем тоа ем што враќаат и ситни пари за кусур :pos:
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Пред зграда има Старо Водно станица со нив најчесто, инаку не бирам многу...коа ми треба само да се качам ми е важно. И да не бидат дифтари на нова автобуска/железничка зашо ко бев помал ме изгоре еден 150 ден за релација од 50ден.;@.
Иначе Дифтари се Плускомерц, и тие шо им пишува тахи само :)
 
Член од
20 август 2007
Мислења
2.252
Поени од реакции
312
Ако прајме муабет за такси во Ск,претпочитам да се возам со некоја кола од средна класа или високо средна класа.Пошто до сега ми се има случено неколку пати да се возам и со Мерцедес слон - S 500 ама тој "фраерот/фраерите" шо ме возеле им се чини дека господ за мадина го фатиле,а уствари се обични шофери.Кај со понашај онака мангупско-мафијашки па уште цвикера црна опната во студен месец ноември декември кога сонце едвај ѕирка.Башка тоа муабет од типот на: Се знам со овај се знам со онај,мене овај ми е прв другар мене вака мене онака......ебате таксист ебате:smir:
 

vmx

Член од
25 април 2005
Мислења
5.633
Поени од реакции
201
На шо налетам...
...ама претежно Наше такси, сите коли Шкода Фабиа, ем средени, удобни...

...а Пулсар најтиња коли имале од увек. Пред некој ден начекав од Пулсар Лада Рива, пред распад од 67-ма, али пак руска машина, влече... :pos:
 

АМБРОЗИЈА

случајна минувачка
Член од
22 декември 2008
Мислења
351
Поени од реакции
74
Со Панорама иако ме нервира гласот на диспечерката кога секогаш во 6 и 15 на сабајле нема такси. Во тој случај Старо Водно.
 

Феномен

Џомба
Член од
21 август 2008
Мислења
4.837
Поени од реакции
111
Најчесто се возам со Комета а исто така и Екстра.

Неоти Комета се подобри од Екстра ама најверојатно навика ми стана па цело време нив му вртам.:)

Ќе заборавев да потенцирам дека Екстра имаат најдобри коли у градот.
 
Член од
2 септември 2007
Мислења
2.155
Поени од реакции
176
Кога нема кола, а ми се брза, не бирам во какво такси влегувам, и така се имам 2-3 пати зафркнато. Има еден дечко, дифтар е, вози такси ЦРН ПАНТЕР 01. Пошто други коли во такси-компанијата нема :pos: Дечкото вози у четврта, поминува на црвено, вози во спротивен правец, сече полни линии, гази островчиња, а за тротоари да не праиме муабет. И да, постои опасност да излеташ од прозор ако е отворен. Еднаш кога не возеше со другарка ми, среќни бевме што преживеавме. :)

Најмногу ми се допаѓаат Наше Такси, многу сум задоволна од услугата. Пред некој ден се возев во кола со мини-телевизорче на задното седиште и му се радував ко дете. Да не има некој број за титкање од Наше Такси?
И да, имам еден куп броеви во телефон од такси компании за титкање. Ама повеќето се прилично нефукционални. :Ѕ
 

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Пред зграда често ми стојат разни компании... Влагам во било кое...
А кога нема таксија во близина, прво титкам на Тахо (а уствари и само од нив имам број :))... Затоа што знам дека низ цело Ск ги има... И скоро секогаш има кола... За пари, сите се скапи, и избегнувам да се возам, а кога веќе морам, не гледам пари зашто немам друг избор... Наше Такси исто ми се свиѓа, али само еднаш сум начекала :)
 

Clen 7

Од Форумот
Член од
5 јуни 2007
Мислења
2.843
Поени од реакции
360
Види ја бе тема отворила:pos2:Значи,таксистите пред пелагонија не се диви таксисти и немора да титкаш по компанииве да се трпшат џабе:). Иначе ама ич не ми е битно ни колата каква е ни која компанија е само да има крст на ретровизор.
 
F

Foxy`BuTTerFLY

Гостин
Стриктно Радио такси Пролет.
Најсредени коли, секаде низ градов ги има и работат на титка :vozbud:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom