Здраво :helou:
Се изначитав, се чувствувам како да сум вечер пред испит на факултет. Толку многу муабет направено за на крај пак да нема некојси позитивен епилог. Ме тера да се замислам всушност која била основната причина за отворањето на една ваква тема, уште поинтересен е фактот дека таман кога малку ќе се "подзаборави" ќе се најде некој "загрижен" форумџија којшто сака да го направи пописот за тоа до каде сме стигнати, не бива или треба уште да се ора. (барем се надевам дека за тоа се отвора редовно:wink
Не знам од кај да почнам, не знам кому да реплицирам, а и искрено да ви кажам прескокнав некоја страница дека ми се видоа банални доста постови, но знам како ќе завршам :wink:
Соживот меѓу Македонците и Албанците (морам вака да одделам дека не се спомна ниедна друга нација, иако сме мултиетничка држава) оваа е една од нашите рани со тоа пусто внатрешно крварење кое што ете на наша несреќа (т.е. за кого-како) никако да прекине. Чудно е што толку време крвари а никако да "умре".
Би се трудел да Ве убедам дека сум добар Албанец, но ќе биде јалово, сум го пробал тоа во моите претходни реплики на истава тема. (го жалам Нео од Матрикс, таман ке направи се` и оп се рестартирала матрицата).
Жалам што деца малолетни го имаат оваа исто крварење, тешко ќе ни биде уште многу години. Мене лично ми е супер, делумно дека така сакам да биде, делумно дека сум имал среќа да сум во секојдневен контакт со убави луѓе и делумно дека понекогаш ми преќутеле а понекогаш сум преќутел.
Личен мој став околу овој "пусти" соживот, т.е. околу таа ноторна формула за соживот би бил со следниве варијации... значи соживот би имале доколку:
- Не примат во Европската унија, па ние приморани од фактот дека Европејците се сакаат сите меѓу себе како родени браќа ќе ни дојде нормално тоа да ги сакаме албанците и македонци итн...
- Се врати назад комунизмот и славните слогани "братство-единство" и "работи колку можеш, земи колку ти треба"
- Не нападне Грција или пак ние ја нападнеме неа, АРМ пушта повик за доброволци, се активизирува повторно Ударната Албанска Бригада, ги тепаме грцита, Солун е наш.
- Тсунамито мава на Балканот, не брише сите, идаат некои германци и норвежани, го населуваат Балканот, оу хепи дејс.
- Високото образование станува бесплатно и морално за сите, поминуваат 5 генерации, во текот на кои зборовите коишто претставуваат омаловажување на билокој индивид или нација стануваат строго казнливи со протерување од Државата. (може ке останеме само 100,000 луѓе, ама ќе не бива :wink
Се надевам не го здолжив многу, но сакав да бидам јасен :wink:
ПС: Се ближи роденденска собиранка нели? Ќе се гледаме накриво преку шанкот или ке си џускаме?
ППС: Малолетници, речете НЕ! на дрогата.... на се друго дајте му шанса:smir: