Знам, и мене. Ама јас пак со Гарфилд седам и пијам кафе.
Гарфилд тие слики не ги цртал
A како...секој треба да си најде начин за себе.
Јас средното го поминав во клас со 20 албанци. И на кафиња идевме, и по дома се посетувавме, и до ден денес само убави зборови и почит имам за нив.
Значи и јас го најдов начинот за себе. Али, тоа е на микро, личносно ниво, ко шо реков.
Што праиме на она глобалното, политичко, кое сепак се рефлектира и на секојдневниот живот?
Што праиме со константните претњи за дестабилизација, со коалициите кои се постојано на стаклени нозе, баш поради етничките прашања, со бранителите и борците, со музеите и плочите?
Тие не се баш индикатор за соживот.
А, и оние од страна, секогаш ги имаат ко адут во ракав, со кој би потпалиле евентуален хаос, пак на етничка основа.