- Член од
- 22 декември 2008
- Мислења
- 372
- Поени од реакции
- 11
Но првенствено парите со кои се рекламира да бидат од неговиот џеб, за да би го осетил ризикот.
Парите што ги троши владата за реклами се од сите нас - ТОЧНО - ама зато бираме влади на секои 4 години за да управуваат, да собираат наши пари и да ги трошат тие наши пари за разни работи.
ОВИЕ сега што се на власт решиле дел од тие пари да ги трошат за реклами (а дел гледаме дека ги даваат за пензии, плати, субвенции, спортски сали, слушнав годинава и за повекје нови патишта, ...). Ако ние како народ не се согласуваме со нивниот стил на трошење на НАШИТЕ ПАРИ ќе ги смениме после 4 години.
- Колку вкупно чинат партиските реклами на Груевски, во изминатите скоро три години од неговото т.н владеење ?
Грешка си - не се тоа партиски реклами - тоа се ВЛАДИНИ РЕКЛАМИ. Ние како народ и даваме мандат на таа партија 4 години да владее и да прави ВЛАДИНИ програми и ВЛАДИНИ реклами и што уште не. Незнам колку коштаат - ама очигледно државава имала пари и во претходните влади - ама парите оделе за други намени (хе хе).
- Од која ставка во буџетот се финансираат ?
Секое министерство има ставка во својот буџет за рекламирање на активностите кои ги сработило. Ако нешто сработат ќе се рекламираат а на нас е дали ќе им поверуваме или не на тие реклами.
- Кои се придобивките од рекламирањето ? (се мисли на придобивките кај народот)
Тоа го напишав претходно ама еве пак накратко - придобивките од рекламирањето се дека народот очекува уште поголеми пензии, уште поголеми плати, уште поголеми субвенции за земјоделците, сточарите, ..., уште понамалени даниоци за бизнисмените, уште нови спортски сали за младите, уште нови патишта (дај Боже оваа година уште поише).


