Ова за глупиве е твоја интерпретација. Второво е полу-точно.
Финтата е, ние се палиме на изглед. Тоа го знаеме и јас и ти. Ако жена не ни ги задоволува барем минималните критериуми за изглед, не ни се замараме.
Е сега, кај женските е тотално друга приказна. Реков дека второто ти е полу-точно бидејќи жените не перцепираат нас според нашиот
социо-економски статус. Многу од нас го имаат сватено тоа со економскиот (ако жена да те види у добра кола ќе те перцепира како поубав) али не со тоа со социјалниот.
Социјален статус, во денешново современо општество, е доста релативна и narrow ствар. Не постои универзален социјален статус (додуше, популарност во друштво би можел да речам дека е нај-универзален статус до кој можеш да стигнеш али пак тоа зависи од друштвото во кое си, женска што е во различно друштво од твоето во кое ти си нај-висок статус нема да те перцепира како висок статус.)
Еве други примери за социјален статус: во средно женските од прва и втора (повеќето) сакаа или одеа со луѓе од 4та. Ретко беше да видиш женска од втора како иде со некој од прва или од трета со некој од втора или прва. Али не беше баш ретко да видиш некоја од прва или втора како иде со некој од 4та (независно во кое школо учат.)
Друг пример...да речеме жена оперски пејач со средна популарност ќе и бидат доста "убави" тие машки што се високо популарни оперски пејачи.
Сево ова има врска со
почит, што е на висока скала на критериуми на едно женско, исто како што нас ни е изглед. Жена оперски пејач неможе да свати колку труд му требало на шефот на финансиска фирма за да стигне до таму, и неможе да има почит за него. Меѓутоа, може да свати колку му требало на високо-популарниот оперски пејач да стигне до таму.
Еве ја главната поента, повеќето женски не се ни свесни дека прават вакви расудувања. Јас и ти можеме да речеме...еј оваа има добри цицки гз затоа ми се свиѓа али повеќето женски нема да речат...еј моиве другарки мислат дека типов е убав (социјален статус) или...еј типов е на повисока скала во работата во која сум, значи ми е "поубав" туку тоа се случува подсвесно и инстатно им станува типот поубав. веројатно заклучи досега дека физичкиот изглед има доста мала улога тука. Btw, причината за ова? Не дека женските се глупи и дека неможат да видат што им се свиѓа него голема улога има општеството што мисли дека тоа е елитистички и сл па доста жени веројатно го потиснуваат тоа и несакаат да признаат.
Е сега за економски статус, одговорот е дека и тоа е доста важно, посебно кога жена се мажи, многу од нив не ни помислуваат да се омажат ако маж заработува
ПОМАЛКУ од нив. Значи економскиот статус исто има битна улога меѓутоа се дава приоритет на тоа кога женско се мажи...кога сака да иде со некој за врска или one night stand, приоритет му дава на социјалниот над економскиот статус али пак и двата имаат далеку поважна улога од физичкиот изглед.
Овие разлики се уште поизразени кај хомосексуалците и лезбејките, хомосексуалците бираат врз база на изглед/убавина и мењаат партнери ко луди а лезбејките повеќе сакаат моногами врски со љубов и се тоа.
Што ме води кон последната поента...сигурно си се прашувал..како повеќето жени викаат дека сакаат nice guys кои ќе се грижат за нив а завршуваат или со некој славен, богат и (според наша дефиниција) идиот. Причината е...
Статусот е приоритет број 1. Ако имаш помал економски и социјален статус од некоја тешко дека ќе помисли да има нешто сериозно со тебе (овде се појавува проблем со женски кои се на висока скала како професорки и слично...ќе приметиш дека доста од нив кои се на високо хиерахиско ниво имаат високо ниво на развод или пак воопшто не се омажиле зашто тешко е да најдат мажи со ист или повисок статус од нив...бидејќи има голема конкуренција за тие мажи од помлади жени посебно.) После доаѓа тоа што го викаат женските дека сакаат некој што ќе се грижи за нив, сакаат врска, љубов и такви работи (и тоа е доста битен дел, женско нема да има нешто сериозно со тип од ист или повисок статус од нејзе ако не е барем малце сигурна дека тој тип нема планови да се грижи и посвети на неа и во иднина децата, колку што жените несакаат мажи што се на понизок статус од нив толку несакаат и мажи што се на повисок статус и не планираат да им се посветат.)
Мислам дека го одговорив твоево прашање мада не баш нај-едноставно лолз ако имаш други прашања кажи.
Иначе, за сево ова горе, малку од тоа беше мое мислење (иако моево искуство го потврдува тоа) но скоро се што ти кажав горе беше од
книгава од антрополог кој има сумирано истражувања од над 50 години за оваа тема и дојдено до овие консистетни заклучоци. Ја читав книгава изминативе 10 дена и се фасцинирав колку само неразјаснети прашања ми одговори (во мојов случај за жените) а во исто време се фасцинирав колку ѓубре информации постојат за оваа тема lol
Ако сакаш да ја прочиташ ваљда знаеш за gigapedia.com иди регистрирај се и побарај ја, има линк кон download ќе ја најдеш лесно.