Образованието и љубовта!

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Кога бираш друштво, одбираш и тема за разговор. За да не створиш таква непријатна ситуација. Не секогаш таа ќе се најде во таква ситуација, ако си пообразован во едно поле, не значи дека го знаеш цел свет. И поради тоа, биди претпазлив и размислувај како, некој кој во моментот ти значи, би се почувствувал.

Тоа е едно...Друга работа: Жени учете! Како подредуваш вака? Нели може да се ставиш себеси во ситуација како ти би бил со пониско образование од неа? Дискриминација не е пожелна, поготово на вакви теми.
Абе јасно, само пример дадов за тоа.Дека сепак може да се трефне тава ситуација.:wink:
Е ова со "болд" нема да може, барем сега за сега.:tv: :smir:
 

ФлоуБТ

Потпис: Clever Bastard
Член од
17 февруари 2008
Мислења
1.582
Поени од реакции
66
Па да де, за тоа напишав, може ќе и падне незгодно. Ева на пр. правиме некој забеган муабет, кај што треба повеќе знаења а таа ќе молчи. И мене ќе ми биде глупо а неа бетер. Затоа ЖЕНИ УЧЕТЕ!:wink:
Тоа се однесува и на нас машките. И ние можеме да се најдиме во таква ситуација.

Освен ако ти не се водиш од она патријархално сфаќање дека жената е само за дома. :wink:
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Тоа се однесува и на нас машките. И ние можеме да се најдиме во таква ситуација.

Освен ако ти не се водиш од она патријархално сфаќање дека жената е само за дома. :wink:
Сум строг ама не сум грубијан. Патријахат владее, ама сега не е времето за тоа. Ако, нека учат жените, нека се образуваат(и ние секако), па да видиме кој е подобар, само политика да не продаваат многу. Шега.:wink:
 

Oblivion

Matt Akisson
Член од
12 септември 2007
Мислења
3.526
Поени од реакции
128
Дали доколку вие имате завршено фалкутет дали ке ви смета вашиот партнер да има средно образование или па да има завршено 8 одд.?
Ако нема образование на хартија (дипломи за завршено одредено ниво (средно, факултет)), нема да ми пречи. Ама ако нема општа култура и познавање на основни работи кои секој треба да ги знае, со други зборови кажано, човек да не може здрав муабет да си направи со неа, е тогаш тоа ке пречи на нашата врска (барем јас така гледам).
 
Член од
24 октомври 2008
Мислења
328
Поени од реакции
5
Има мн случаеви каде што неможат некои да продолжат на факс само поради тоа што немаат пари,а некои имаат и незнаат да ги ценат и искористат правилно.
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
Природната интелигенција и образованието немаат никаква врска. Никогаш не сум судела за човек според степенот на образование. Има многу луѓе кои од разно-разни причини не можеле да продолжат, ама кога ќе седнат на маса имаат многу повеќе да кажат и при тоа да држи муабетот од некој свежо магистриран. Освен формално постои и неформално образование, разни дообуки, курсеви, лична заинтересираност за литература и сл., така што се одбиваат информации и се учи и надвор од школска клупа. Се` додека ми е мерак да правам мубает на маса сосема е сеедно останатото.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
За што заедничко ќе зборат човек со основно и човек со постдипломски,едниот работи како автомеханичар,а другиот во телеком?
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
Зависи од индивидуата. :)
Во некои случаи некој со титула магистар знае многу за неговата професија, ама малку за нешто друго. Како таков тој е малку употреблив во било која дискусија, освен професионална.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Земи генерално,што им е заедничко?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Браво eagle:back:
Второ прашање:Дали овие два профила се движат во ист круг на луѓе?

п.с.задржете ја реалноста во одговорите.
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Тешко изводливо. Колку сака тој нека е природно бистар, ако е со основно/средно нема да може да прави муабет за еден куп од работите за кои јас зборувам, нема да ужива во филмовите кои ги сакам, нема да може да ја проќита и сфати книгата за која замарам дека е прекрасна...
Не мора да е истото ниво, ако јас одам на 5 годишна формација, а тој прекинал после трета, или ако јас после 5 прекинам а тој реши и докторат да тера - тука нема да има некоја голема разлика, ама јас со факултет а тој со средно - ноуп, не верувам дека ќе успее тоа нешто. Како што кажа Леандра - кои се заедничките муабети овде?
Инече, ретко наоѓам амбициозни колку мене, јас имам некогаш болна желба да успеам и да одам понатаму, така што поголемиот дел од машките ми изгледаат малодушни и незаинтересирани за успех, така што тоа не ми е во критериумите, или бар не во оние директни критериуми.
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
За што заедничко ќе зборат човек со основно и човек со постдипломски,едниот работи како автомеханичар,а другиот во телеком?
Механичар- "Здраво, како си?"
Магистер- "Ооо Спасе, добар ден, како си ми?"
Механичар- "Еве не е лошо, живуркаме"
Магистер- "Како сте по дома? Добри?"
Механ.- "А, добри сме, викај ура"
Маг.- "Мило ми е, само напред"
Механ.- "Фала, фала"
Магис.- "Туку, јас морам да одам, ме чека такси, за аеродром, идам за Берлин, имаме состанок од компанијата задутре"
Механ- "Еее Аце, до кај стигна бре. А од малечок те знам, голем плачко беше :) "
Магис.- "Е така ти е тоа, растат децата, учеле па ве престигнале :)"
Механ.- "Е тоа ти е ,судбина"
Магист.- "Не судбина Спасе, туку памет и желба, туку ајде одам јас, ќе закаснам, мило ми беше што се видовме"
Механ.- "Ајде мали, биди поздравен, пријатно"

Вака нешто од прилика ќе оди муабетот, стандард.:wink:
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
Не можам да земам генерално. Исто не можам да омаловажам некој со основно образование како помалку достоен за дискусија. Луѓето не располагаат со исти информации и немаат исти интереси. Во една дискусија ако не си доволно едуциран за темата не значи дека немаш право на истата. Можеш да прашаш, да се информираш, ама не значи дека не знаеш или нема да можеш да дискутираш. Исто како што не значи дека титулата ти дава за право да наметнуваш сопствени ставови и мислења, кои можат да бидат и невистинити.
Од секого можеш да слушнеш новост и паметна мисла, без разлика на статус, образование, возраст и сл. И со секого можеш да дискутираш, нормално ако не ти е под (?) чест.
 
Член од
22 април 2008
Мислења
142
Поени од реакции
17
Како не се движат?
Имаш необразовани во влада, образовани на пазар.
Имаш образовани на кои им фали интересно друштво/партнер, оти не секогаш образованието иде со добра журка/ смисла за хумор.
Имаш необразовани кои немале можност да се образуваат формално кога било време за тоа од икс причини, но се паметни и амбициозни и се трудат да напредуваат, со учење од искуство, курсеви, вложување итн.
Познавам луѓе од сите примери, фала богу:)

п.с. Не се лути, само се трудам да внесам нијанси во муабетот:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom