Куче што лае, не каса?

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Сите претпоставувам ја знаеме оваа поговорка. Што мислите колку е точна? Мислите ли дека оние луѓе кои постојано се фалат, џафкаат, зборат наоколу, се закануваат, дека навистина можат да наштетат некому, дека навистина го постигнале тоа што го зборат или се тоа се само празни зборови?

Дали тие се навистина силни на зборови, а слаби на дела?

Или нели колку пати сум слушала заканувања, а бе ако го фатам ќе го искршам, па ништо не било од тоа (Фала Богу што не било, ама друга ми е поентата).

Значи поентата е дали тие што многу се расфрлаат со зборови и фалење, дали секогаш го исполнуваат тоа што го зборат или за таквите важи куче што лае, не каса?

Дали тие кои навистина нешто направиле, постигнале, се луѓето кои си ќутат или оние кои џафкаат?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Џ.
дефинитивно се согласувам со поговорката....пошо тие само што си лаат се јаки само на вилица и ништо повеќе и кога ќе дојде време да се покажат никаде ги нема....повеќе се служат со закани и навреди отколку да стегнат тупаница.....
 
Мислам дека имаше слична тема али ај...повеќето луѓе се такви,се они се најдобри,па фалења едно друго,исто и на форумов се херои,јаки луѓе пред екран а во живо бубачки...мислам дека треба да се претставиш таков каков што си...без да правиш маска и да се залажуваш самиот себеси
 
Нормално силаџиии ги има многу и тоа многу на крај ништо не прават, а пак тие мирните шо се па си кроте ама го чепниш те џитка од земја едноставно така, сега има и други луге али постојаните се тие.
Многу ги има на денешно време тепачите кои само се дуут.
 
Не само што се слаби на дела, него се и тешки идиоти .. поготово некој што не го знаеш, прв пат го глеаш .. и онака кога ке почне "ја сум правел ова, сум правел она, можам да напраам тоа ...." , просто да ти се присере и да земеш да му ја здрвиш една само за да заќути .. луге со сила сакаат да створат по-кул слика за себе во туѓите очи .. идиотски, патетично, жалосно .. мислам повеке сакам да слушам некој како кажува интересни лаги (барем мерак ке ти биде да го слушаш) него да се пумпа со сила, да се прави нешто што никад не бил и никад нема да биде , ах што би дал на нема такви луге на светов !
 
Најчесто се покажувало како вистинита поговорката... Затоа што, оние кои што се јаки на дела немаат потреба од зборови, делата се' кажуваат, дури и многу повеќе од зборовите...
 
Зависи од човек до човек.Онај што лажи после неколку такви егзебиции ќе го сетиш дека тој човек има проблем со реалноста.Додека пак има луѓе тоа што го кажуваат да е вистина,и нема проблем успешни се луѓето и сакаат тоа до го споделат со другите(да се пофалат малку).А за насилството ау немој уште од сабајле да размислувам на тоа.
 
Колку е реална поговорката толку и не е. Како што кажаа погоре во постот дека има луѓе кои сакаат да се пофалат но го кажуваат на погрешен начин па доаѓа да ја кажеме тогаш поговорката за нив. Додека за насилство, мислам дека секогаш се случува тоа што ќе го кажат, прво ќе каже тоа ќе му напраам ако ми дојде пак, а овој кога ќе се појави другиов ќе чека да биде испровоциран, така да дел од она што го кажал ќе го исполни.
 
Море бесно куче како лае и како касааа...
Зависи од кучето,има некои што само лаат,има некои и лаат и касаат,има некои па одма на касање преоѓаат,а има и некои кучиња-овци-утки ништо не прават,дури ни мало р’жење,па ги стриже кој ќе стигне.Ај овие првиве барем лаат,колку толку ќе се заштитат со лаење пошто не сака секој да му лае некој на глава,ама овие последниве пудлициве ништо не превземаат.Е заедничко им е на сите што се човековиот најдобар пријател,и кој им треба нешто одма уклучуваат puppy face :)
 
добро има некои од како ќе те касне лае:smir:
 
многу пати до сега кога некој ќе јаде трици дека ќе напраи нешто што и да е со сега се покажало како млатење празна слама а истово можам да го констатирам и од сам себе,кога сакам да го поебам некого не му кажувам само му го сместувам и крај дури и не му кажувам дека сум тоа ја, а додека се праам луд и џавкам као куче тогаш бе ништо од мене само сакам да заплашам некого само да ми се тргне од глава:toe:
 
Мислите ли дека оние луѓе кои постојано се фалат, џафкаат, зборат наоколу, се закануваат, дека навистина можат да наштетат некому, дека навистина го постигнале тоа што го зборат или се тоа се само празни зборови?

Дали тие се навистина силни на зборови, а слаби на дела?

Значи поентата е дали тие што многу се расфрлаат со зборови и фалење, дали секогаш го исполнуваат тоа што го зборат или за таквите важи куче што лае, не каса?

Дали тие кои навистина нешто направиле, постигнале, се луѓето кои си ќутат или оние кои џафкаат?
Поима немаат, што ти е...само се расфрлаат како празни воденици, и се чукаат во гради. Демек "еве јас сум најдобар, јас ова,јас она" а уствари се најголеми кукавици, подлизурковци и дволичњаци.
Сепак оставам 0.1 % за оние кои во друга смисла се фалат дека навистина постигнале нешто:helou:
Многу пати се покажало дека оние кои си молчат мудро, ќе си кажат по некој интересен, смешен или паметен збор, тие се всушност луѓето кои навистина се вистинските херои, почнувајќи од патриотизам до...недоглед. Оние кои се чукаат во гради, на ТВ,конкретно за патриотизмот правм муабет, се најголемите предавници и кважи, лажни-патриоти. Сега некој верува, ама од што не може да разликува дека го лажат. Впрочем, се виде тоа пред 3-4 год.:helou:
 
Би требало да е така куче со лае не каса ама јас не верувам во тоа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom