Дали е на повидок нова војна на Блискиот исток?
ЖЕСТОКА ИЗРАЕЛСКА ОФАНЗИВА ВО ГАЗА
НАЈМАЛКУ 155 ЗАГИНАТИ И НАД 250 ПОВРЕДЕНИ ВО ИЗРАЕЛСКИТЕ НАПАДИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА
Повеќе од 155 загинати и повеќе од 250 повредени Палестинци е најновиот биланс на жртви на израелската офанзива во Појасот Газа, која следеше по засилениот палестински ракетен и минофрлачки оган во јужните израелски градови и села.
Цел на серијата израелски воздушни напади беше радикалното исламистичко движење Хамас, кое го контролира тоа подрачје. Според очевидци, врз полициските и безбедносните здради на Хамас од борбени авиони Ф-16 се истрелани околу 30 ракети.
Египет поради насилствата, ја отвори долго време блокираната граница со Појасот Газа за да овозможи превоз на повредени во болниците.
Францускиот претседател Никола Саркози и високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската унија Хавиер Солана повикаа на итен прекин на израелските воздушни напади во Појасот Газа и на палестинските ракетни напади врз Јужен Израел.
- Претседателот Саркози изразува голем загриженост поради ескалацијата на насилствата во Јужен Израел и во Појасот Газа. Тој остро ги осудува провокациите кои доведоа до таа ситуација, како и непропорционалната употреба на сила, се вели во коминикето на француското претседателство.
Во Брисел Солана повика на итно примирје во Газа. - Вознемирени сме од случувањата во Газа и повикуваме на максимална воздржаност. Треба да се направи се што е можно за обновување на примирјето, посочи портпаролот на Солана.
Според најавите, министрите за надворешни работи на арапските земји утре и во понеделник ќе се соберат на вонредна средба во Каиро за да ја изработат заедничката позиција за израелските напади во Појасот Газа, соопшти генералниот секретар на Арапската лига Амр Муса.
Во меѓувреме, и Русија го повика Израел да ја прекине воената операција против Газа, а од Хамас побара да го запре ракетниот напад врз израелска територија.
http://www.sitel.com.mk/?ItemID=34562549971B754790A3BF58476749B7