РЕЗИЛ

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
И по три писмени на ден за полугодишна оценка

Во рок од три недели, правевме 12 писмени работи и тестови по речиси сите предмети, велат ученици во прва година во гимназијата „Јосип Броз Тито“. Наплив од тестирања има во сите основни и средни училишта, а причина за тоа, како што велат родители и професори, е штрајкот на просветниците, кога децата цела недела губеа настава. Учениците се жалат дека во последниве неколку недели се растргнале од учење, а директорите на училиштата се правдаат дека испрашувањата и тестовите не биле невообичаени за период од годината.

- Минатата недела секој ден имавме тестови и писмени задачи, а и нè испрашуваа секој час. И лани имавме многу за учење во декември, но годинава претераа, имаме и по три писмени во еден ден. Професорите ни кажуваат дека има повеќе испрашувања заради штрајкот на просветниците, кога не учевме осум дена - вели ученичка во гимназијата „Јосип Броз Тито“.

Според директорите на училиштата, штрајкот не е причина за тестирањата.

- Нашите професори продолжија да го предаваат материјалот онаму каде што застанаа пред да почне штрајкот. Секоја година се прават тестови за да се внесат полугодишните оценки - вели Снежана Мироновска, директорка на гимназијата.

И професорите признаваат дека имаат многу работа во последниве неколку недели.

- Се координираме со колегите, гледаме да им олесниме на децата и да не закажуваме два теста во еден ден. Кај нас штрајкот траеше четири дена, така што, не се одрази многу на наставата. Освен тоа, ова им е шанса да си ги поправат оценките - вели Дивна Младенова, професорка по математика во гимназијата „Никола Карев“.

Родителите реагираат за ниските оценки на децата

Наставниците конечно ги пишуваат реалните оценки кои ги заслужуваат учениците, а тоа е причина што почна да се јавува големо незадоволство кај нивните родители, вели Елка Даскалова, директорка на основното училиште „Вера Циривири Трена“.

- Добро е што се воведе екстерното оценување. Со тоа, учениците ќе добијат што си заслужуваат. Родителите реагираат за ниските оценки, но пред полугодието нема, како што имаше до минатата година - вели Даскалова.

Учениците на крајот од учебната година ќе полагаат главен тест по еден предмет. Оценката што ќе ја добијат ќе се спореди со оценката што ја пишувал наставникот во текот на годината. Ако ученикот добивал 5-ка, а на конечното тестирање добие 3-ка, тоа ќе значи дека наставникот нереално оценувал. Ако тој продолжи континуирано нереално да оценува, платата ќе му се намали за 10 отсто. Наставниците и професорите кои реално ќе оценуваат, ќе добијат покачување на платата за 10 отсто.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Чив резил?

:helou:
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
За се државата крива.
Секоја едника има одговорност, а не кој е крив ?
Државатааа....

Не им се работи на тие што протестираа.
Не е нехумано за толку кус период такво градиво да се научи и да се одговори по истото.
Али планот мора да се исполни.
Дружеее тито ми ти се кунемо
да са твога пута не скренемо.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Како може слабите оценки да бидат општ резил?

Гарфилд твој резил?

Марија?

Славјански?

Тоа што не се посветуваше досега внимание на реално оценување, сведочи за нивото на образование кое го затекнавме.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Како може слабите оценки да бидат општ резил?

Гарфилд твој резил?

Марија?

Славјански?


Ниту штрајкот има многу врска со ова, ниту државата. Тоа што не се посветуваше досега внимание на реално оценување, сведочи за нивото на образование кое го затекнавме.
Е па? Не е тоа резил? Не е резил тоа што образовниот систем ни е во хаос, како и останатите сегменти од државата?

Резил е. Резил е тоа што децата не се мотивираат да учат и да, резил е да им се даде 12 тестови во една недела.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Не, поентата не е да се обвини нешто каде што неможе да се лоцира одговорноста со име и презиме.

Туку да се повикаат сите одговорни министери и професори.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Ti kaza Crazy in love, Brate moj i tvoj rezil e sto nefunkcionalnosti ima vo sekoja pora i sloj na ziveenjeto.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Не, поентата не е да се обвини нешто каде што неможе да се лоцира одговорноста со име и презиме.

Туку да се повикаат сите одговорни министери и професори.
Зашто мора да има виновник со име и презиме. Не мора да го има. Доволно е тоа што го гледаме нашиот (НЕ)образовен систем и сите што го сочинуваат. Пропаѓа како Титаник, метафорички кажано. А тоа е, е резил за државата. Зашто образованието е една од најбитните работи,а тоа ни се рони.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Проблемот е суштински.
Да не навлегувам сега.

Но начинот на кој се решаваат работите се чиста импровизација.
Импровизација при налетот на времето се распаѓа и останува голотија.

Чиста голотија е нашиот образовен систем кој се потпира на кадри заробени во времето, некаде 1956-1970 и тука застанало времето.

Единствено што се внимава е “КРЕМЧИЊАТА“ лесно да поминат за да може со партиска книшка да бидат видни личности во опшеството.

Каде е квалитетот ?
Кому во РМ му треба квалитет ?
Му треба партиско послушно буљашче кое ќе вика да живее претседникот.

Квалитетот е забранет во РМ, тој не смее да се појави зошто 120 000 партиски вработени административци ќе останат на улица.
Жилав е тој систем, добро импровизира постојано е во реформа и заседавање.
 
Член од
17 јули 2006
Мислења
3.114
Поени од реакции
22
Interesno,vakov nacin na rabota voopsto nekorespondira so obrazovanieto.Tipicno nasilije profesorot kolku dasi go odraboti denot.Se gleda deka seuste vladee komunisticki metod na obrazovanie.N,e me ni zacuduva ,koga golem del od profesorite se prodolzena raka na sdsm ili nivni clenovi.Mislam e krajno vreme za privatizacija vo osnovnite i srednite ucilista .:toe:Lugjeto treba da imaat sloboda i izbor.
 

FromSunWithLove

dance or die
Член од
1 февруари 2007
Мислења
524
Поени од реакции
13
ај не претерувајте сеа ?? само вака да ти прашам коол
што е разликата во правење на 1 или 3 теста во денот, за ученик што константно учи?
не се учи 24часа пред тестот него ке си работиш цело тема континуирано и ке немаш гајле

сакам да ми одговориш на прашањево како што треба НЕ како заљубен во политиката на СДСМ
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
ај не претерувајте сеа ?? само вака да ти прашам коол
што е разликата во правење на 1 или 3 теста во денот, за ученик што константно учи?
не се учи 24часа пред тестот него ке си работиш цело тема континуирано и ке немаш гајле

сакам да ми одговориш на прашањево како што треба НЕ како заљубен во политиката на СДСМ
Не знам на кого сакаш да му залепиш етикета, ама не ти стои. Без лепење етикети. Точно на студент што контиунирано учи, ќе му биде полесно, ама не е хумано бе. Не е хумано да се прават по 3 теста дневно. Треба да се мотивираат децата, не да се осеќаат како во затвор и како роботи. Школото е битно, ама не да се врши иживљавање.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom