Македонскиот "Момент на вистината"

  • Креатор на темата Креатор на темата Annabel
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го оправдувате квизот?

  • Вкупно гласачи
    476
Го оправдувам квизов зошто да не. Јас не би се пријавила зошто мојата приватност си останува за мене, ама ако другите сакаат да си добијат појќе пари ќе си се пријават фала богу. А за тоа анкетата првото НЕ дека е одвратно да се чепка по туѓа приватност, да одвратно е ама сите со душа чекаме да дознајме нешо појќе за другите :) плус ако веќе се пријавил на квизот тој ќе си ги сноси последиците шо има квизот тука да е крив
 
Со колкава сигурност е тој детекторот?
 
Со колкава сигурност е тој детекторот?

Детекторот не е некој веродостоен фактор во тоа дали кажуваш вистина или не. Да беше така, многу прекршители на законот, обвинети злосторници ќе ги ставеа на детектор и немаше да се водат судски случаи со докази, обвинети, порота и слично. Тој работи на реакциите на телото, забрзан пулс, слични работи, па кај поемотивни или па за разлика постудени лица, не прикажува точни резултати. Некои луѓе можат да лажат без грижа на совест, "ДА", "НЕ", "ДА", "НЕ", што сака може да се каже.

Што се однесува до квизов, уште една глупост на нашиве телевизии. Во тој термин можат слободно да дадат некој убав цртан филм за деца или па некој документарец. Квизов чувствувам дека ќе се претвори како оној што беше летово наместо "Милионер" со Предраг, кога сите се попалија по него а на крајот пукаа шампањска кога заврши :)
 
Епа ни квизот не може да биде меродавен...некој ке рече да..тоа ке му рече си лажел...овој ке се буни не лажев :))))
 
Детекторот не е некој релевантен фактор во тоа дали кажуваш вистина или не. Да беше така, многу прекршители на законот, обвинети злосторници ќе ги ставеа на детектор и немаше да се водат судски случаи со докази, обвинети, порота и слично. Тој работи на реакциите на телото, забрзан пулс, слични работи, па кај поемотивни или па за разлика постудени лица, не прикажува точни резултати. Некои луѓе можат да лажат без грижа на совест, "ДА", "НЕ", "ДА", "НЕ", што сака може да каже.

Што се однесува до квизов, уште една глупост на нашиве телевизии. Во тој термин можат слободно да дадат некој убав цртан филм за деца или па некој документарец. Квизов чувствувам дека ќе се претвори како оној што беше летово наместо "Милионер" со Предраг, кога сите се попалија по него а на крајот пукаа шампањска кога заврши :)

Точно, имат и такви на кој шо не им е гајле, не се воопшто вознемирени и может да си мамет колку сакет без да е то пропратено со некој реакции на телото, додека пак имат и љуѓе кои од самото излегвење на сцена таму ќе се вознемирени и и да не лажет сепак ќе имет забрзан пулс и слично.Зато не мојт да се кажит дек е веродостоен детекторот...

Едит: и веќе ко си сакала да го напишиш насловот од квизов би можела да напишиш бар Тренутак Истине пошо така е осгиналот, ко шо пишит Срвајвр Србија ама сепак пубо би ти било да е Момент на вистината
 
...Никогаш не би се пријавила, макар било задно!! Македонија е мала земја, и во секој град имаш пријатели, другари, фамилија, и да се пријавиш и да си 101% искрен, ќе биде многу неубо. Зашто има такви гнасни и незнам какви све прашања што тотално све отриваш за себе. Ама штом ќе се нафата некој "будале" заш па да не? Барем интересно ќе ми биде.
Хрватското го гледам, не секогаш ама успевам барем почесто д аго гледам, и премногу интимни, премногу гнасни прашања има.Ако има и на нашиов такви, неубоо за тој шо сака пари, шо се пријавил.
Колку и да е сумата не вреди да се пријавиш и на цела јавност да кажуаш такви делои од животот зашто постои секогаш нешто што другите нејчеш да го знаа за тебе.:toe:
 
Морам да кажам дека кај нас се повеќе се застапени американските шоуа (reality - my ass).А истотака нашиот народ кој и покрај тоа е „програмиран’’ со изреката - Да му цркне козата на комшијата, сега повеќе и повеќе завлегува во калта, катадневно гледајќи ги овие шоуа.Само прашајте некој европеец од повисока класа дали ги гледа. Ќе ви одговори негативно. Но тоа е... Наместо повеќе документарци да се даваат било од наше или туѓо поднебје, ние се` повеќе и повеќе паѓаме доле.
 
Точно, имат и такви на кој шо не им е гајле, не се воопшто вознемирени и может да си мамет колку сакет без да е то пропратено со некој реакции на телото, додека пак имат и љуѓе кои од самото излегвење на сцена таму ќе се вознемирени и и да не лажет сепак ќе имет забрзан пулс и слично.Зато не мојт да се кажит дек е веродостоен детекторот...
da ako e od nekoja kontrarazuznavacka sluzba togas da moze da laze i oko da ne mu trepne a za drugi neznam bas dali e taka od kurtasak da si lazat i ova da ne mu ja primeti razlikata vo nego :nenene::nenene:
 
Мене квизов ми е многу интересен,не за друго за реакциите пример сопругата што ги прави додека овај кажува дека правел `возот чуф чуф чуф,ние був був був` со другарка е:)
А иначе јас не би се пријавил,па ако сака и 4 милијарди нека е наградата.Не за друго,оти ни е многу мала земјава,и буквално после стануваш селебрити,само во стило на Бритни ко се обричи келеш:)
Да е квизов во Америка,па и не е нешто толку страшно.
 
A znae li nekoj koj ke bide voditel/ka na kvizov?

Да ти кажам разбрав од татко ми за квизов,така да он вика гледал реклама на ТВ за неа така да сигурно и водителот ќе го видиш на неа...
 
Едит: и веќе ко си сакала да го напишиш насловот од квизов би можела да напишиш бар Тренутак Истине пошо така е осгиналот, ко шо пишит Срвајвр Србија ама сепак пубо би ти било да е Момент на вистината

Не е српски оригиналот, оригиналот е The moment of truth.

Ова е рај за сеирџии. Не гледам зошто не би било морално да се чепка по туѓата интима кога никој со сила не ги тера да се пријавуваат, се пријавиле самите со сопствена волја и нема што да се обвинува некој друг. А нашиов народ со просечно знаење се пријавуваше и се брукаше на Милионер, па за ова сега гарант ќе има голем број пријавени, премијата е три милиони денари, за таа цена постојат луѓе што би правеле далеку помизерни работи отколку учество во квиз каде што наводно треба да ја кажат целата вистина за себе.

A znae li nekoj koj ke bide voditel/ka na kvizov?

Анета Кочишки.
 
Не мислев на оргиналниот наслов на квизот туку веќе ко напишала ИСТИНА можела цел наслов да го напишит ко шо е, ама нвм не беше толку значително :)
 
Сфатив, само сакав да кажам од каде всушност потекнува целата идеја.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom