@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.115
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
КЛИК
Обавезно прочитајте, и прастанете да им го крадете СВЕТОТО ИМЕ МАКЕДОНИЈА, оти тоа не е ваше, нивно е ,зошто ја лажете јавноста и малите деца со она што го прикажувате во спотот , сето тоа е гејско , како ли само се осмелувате......
Плагијат, не е баш плагијат, во нашиов спот Ефектите се далеку подобри, очигледно е дека е далеку поскап нашиот спот од тој на Грузија.
Се сложувам дека се ствара конфузија од брзото преминување од кадар во кадар. Мислам дека требаше прво да се направат сите спотови, па после да се пуштат сите пет наеднаш, така ќе можеше да ги направат попретставителни.
Спотот на Грузијците не спот за промоцја на сопствената земја него е спот за една од песните со кои си го претставуваат албумот набендот во франција, а кои како бенд од 80 души имаат постојана изведба во париз во еден од театрите 9кога не се на гостувања).
А дали е поскап не знам, знам дека за една минута кај нас се опнати скоро 200 000 евра.
Ne se raboti za inaet, tuka za pokrivanje na sopstvenata nesposobnost i neznaenje.
Da go "slushneme" i Milcho Manchevski:
"
Како Вие станавте цел на таквата колективна негативна енергија по беспоговорното одушевување што домашната јавност го имаше за Вас во времето на „Пред дождот“ и венецискиот „златен лав“?
- Не се согласувам со Вас дека сум цел на колективна негативна енергија и сметам дека не е на место што - преку вашиот медиум - засилувате една таква деформирана перцепција на фактите. Точно е дека сум цел на оркестрирани напади од некои мои таканаречени колеги. ... Во последно време ја плаќам и казната затоа што работев за оваа држава. Друга немаме, јас ја почитувам и сакам да помогнам. Арно ама според некои политичари, за државата смееш да работиш само кога се тие на власт - како да е државата на баба им. Јас проценив дека е вредно да се помогне со ваков спот, да се привлечат странски туристи во земјава, и со тоа да се помогне економијата, културната размена и секаква друга размена на земјава со светот, да се помогне протекот на идеи. ... Ако со тоа што треба да истрпам една оркестрирана кампања ја плаќам цената затоа што сум се сликал со овој премиер, нека биде така. Сè додека на пазар ми приоѓаат непознати бабички да ме бакнат поради тоа што го правам, нема да сметам дека сум цел на негативна енергија."
http://www.novamakedonija.com.mk/De...=2&fCat=1&top=1&EditionID=277&ArticleID=14789
Нормално емоции при првото гледање, убава музика, ама... Со оглед на намената на спотот, мислам дека тој е промашен. Ако не се лажам, спотот оди на CNN како дел од кампањата за промоција на Македонија и сега замислете што гледа еден странец! Дали постои нешто што ќе го заинтригира да дојде? Да темата е приказна, а која е приказната? Историјата или сегашноста? Гледа некои историски факти, баби, боздогани итн! Во случај да дојде во посета, може и ќе се сретне со некој локален Крале Марко или Биљана.
Е сега да не биде само јадење бабури направив анкета меѓу колегите (странци), чисто да видам како би реагирале на спотот. Нормално првата реакција беше WOW од куртоазија! Ок, прашање! Дали барем малку доби желба да отидеш и да видиш што е тоа "timeless"? Well..hmmmm...ummmm....e! Фали нешто, аха!
Што е тоа "timeless" и како би го прикажале во еден или неколку спота! Епа "timeless" барем според мене е душата на македонецот, неговата гостопримливост, желбата да ја сподели софрата, да помогне, да те насмее, да те развесели да те води и да ти покаже. "Timeless" се фреските во Курбиново, бачилата на Бистра, мозаикот во Хераклеа, топлите води во Негорци итн. "Timeless" е охридската пастрмка, тавче гравче, кумановскиот мезалк, прилепскиот ширден... Милион работи...
И мислам дека е потребна поостра критика, што е сосема позитивно и за да кон идните проекти се пристапи многу поквалитетно и покреативно. ММ си е мајстор на занаетот иако овој пат недостасува креативност. Има дечки на кои им текнува и треба дури и за вакви проекти да им се даде шанса во тој дел!