Последен гледан филм со кратка рецензија

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
The Persuit of Happyness
http://www.imdb.com/title/tt0454921/

Вил Смит е махер за глумење на наивен, навидум изгубен човек во суровиот свет за борбата за живот.
Одамна немам гледано вака добра драма, инпиративен филм базиран на вистинска приказна.

Крилја на Смит за маестрално одиграта улога веројатно му даде и неговиот роден син, Џаден, кој и во филмов глуми токму негов син, врз кој се темели приказната.

Дејствието во филмот се одвива во далечната 1981, каде од еден маж се очекува да носи храна и да биде глава на семејството. Chris Gardner алиас Вил Смит во тоа никако неможе да успее. Крпи долар за долар.. А откако буквално сите ке го напуштат, тој останува сам на себе плус дете кое несака да го разочара, бидејќи е убеден дека следуваат подобри денови за нив.

Оцена: 9/10.
 

Milla*

100% Milla
Член од
15 јуни 2009
Мислења
254
Поени од реакции
41
Навика ми е да пуштам филм пред да спијам и само 10мин. гледам и заспивам. И сабајле околу 4ч. ај додека заспијам го пуштив The Resident (2011)
Драма-хорор-трилер. Со Jeffrey Dean Morgan и Hilary Swank.
Не знам што оцена да дадам, ама ми се допадна филмот, добро беше направен.
Hilary Swank е докторка, раскинува со дечко и и сега бара друг стан да се пресели. Има оставено и оглас дека бара стан. И одеднаш и се јавуваат дека продаваат еден апартман да оди до го види. Таа е сама меѓу странци. Од тука настануваат сите перипетии.

 

Борче

Мадридиста
Член од
9 октомври 2010
Мислења
216
Поени од реакции
290
The Hurt Locker


Овој филм се појави речиси на секоја листа на најдобри филмови во 2009 година.и заслужено..Режисерката Кетрин Бигелоу нема што да се претставува,повеќето од нејзините филмови се одлично достигнување на адреналинот.Овој филм не е исклучок..приказната е за американските војници во Ирак и специјална единица,класичен "одред на бомби " кој деактивира бомби и чијшто живот се уште виси на конец. Иако постои голем број на тешки сцени, исчекување, акција, големо внимание се посветува на психолошка состојба на војниците,кој се обидуваат да преживеат уште еден круг..Морам да признаам дека режисерот успеал да создаде одлична атмосфера на параноја, бидејќи тие едноставно не знаат што понатаму ќе лета во воздухот, дали тоа е замка, кој е непријателот кога сите луѓе изгледаат исто.. Филмот е убав,но дефинитивно не е најдобар филм за 2009 година.
Значи, ова е многу добар филм,погледнете го,ама за 2009 не е најдобар
Оценка 7.5/10
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Уф, изгледав полно филмови периодов, сега со празнициве ќе изгледам уште неколку, си начекав слободно време. :)

LA Confidential (1997)



Филмов го имав најпрво гледано како помала, но се разбира 2 посто од него дали го сфатив :) Одамна се токмев повторно да го изгледам бидејќи филмовите од 90тите ми се омилени и дојде тој ден.

Како што ќе видите од постеров, актерската екипа во филмов е феноменална. Расел Кроу, Ким Бесинџер, Кевин Спејси, Дени Де Вито и сите глумат на висина на задачата. Овој филм е типичен детективски, сместен во 30те години во Америка и напливот на бандите, со многу ликови, заплети, преплети и можеби за некои неочекуван епилог. Тројца различни детективи, Расел Кроу, новоунапредениот Гај Пирс и Кевин Спејси, на свој начин водат истрага околу престрелка во еден бар во кој загинува нивни колега од одделот.
Филмов нуди двочасовно уживање за оној кој што ќе биде спремен да е концентриран целото тоа време, бидејќи филмов со секоја изговорена фраза од секој лик го навестува расплетот.

Од мене има 9/10, затоа што обожавам вакви филмови, добро раскажана приказна и одличен склоп на ликови.

The Uninvited (2009)



Кога го пуштив филмов, најпрво си реков, хеј, what the heck, ова е некое обично „лесно“ филмче кое не трае многу и е одлично за кога ќе ти е досадно. Ќерка која се опоравува од смртта на мајка си доаѓа дома и гледа дека татко и си ја пегла негувателката која ја чувала мајка и. И потоа доаѓа клише ситуација во која ќерките сакаат да ја оцрнат маќеа им и продолжуваш да си мислиш еј, филмов не да е лесен за гледање, но потоа :)))))
Морам да кажам дека крајот ме потсети на
The Prestige, The Illusionist
, затоа што
додека не дојде крајот те убедува на едно и потоа доаѓа пресвртот и во една минута како низ флешбек се редат објаснувања на настаните
.

Интересно филмче, нема многу гњавења без потреба што е плус кај мене :), но има некои работи кои не успеав да ги сфатам
делот со бисерите, еднаш се кај маќеата, другиот пат ги наоѓа кај лудата во болницата. Е од кај дојдоа од таму до таму не сфатив :))

7/10 од мене

30 Days of Night: Dark Days

Се мислев овој дали да го рецензирам од што беше ужас ама ајде.

Продолжение на 30 Days of Night (2007), женава оди во USA да предупреди дека има вампири кои се меѓу народот и се сретнува со со уште 4ца кои бараат освета на вампирите ко неа.
Глупости во боја, гризење, пукање и крвишта, го гледав само зошто сестра ми ме напна, и кажале другарките интересен дека е :tapp:, изгубив саат и пол за потоа пак да останам со мислењето дека по Interview with the Vampire: The Vampire Chronicles (1994) за мене од Холивуд се` уште не излегол класа филм со вампири :)

3/10, главниот актер ми беше симпатичен.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Surveillance


Прочитав за филмов дека има мајндфак крај и се затрчав. Али не ми се бендиса. Многу гадно ми заврши.
Имаме идиот полицаец, наркомани, сите кој од кој. Значи од старт карактерите нервираат.
Во едно осамено гратче се дешаваат убиства и доаѓаат двајца FBI агенти да ја истражат работата, при што испрашуваат тројца сведоци.
Режисерката е ќерка на Дејвид Линч али не ја бива.


The terminal


Драмица, до негде љубовна со совршениот Том Хенкс во главната улога. Човекот е роден за да глуми личности кои предизвикуваат сожалување кај гледачот.
Интересен е филмот, особено за љубителите на драми, али мене не ми е ништо повеќе од океј. Како што реков, глумата е ептен на ниво, и приказната исто така, али не е мој тип.
И имал два краја, а ја го гледав тажниот и се растажив :(
Се работи за Виктор Наворски кој е заглавен во еден аеродром и мора да седи во него се дури не заврши војната во неговата земја.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.438
Wanted (2008)

Филм како за ПС игра (шо ја играв пред да го глеам филмот). Шо друго да кажам за филмов освен тоа дека е само акција и ефекти. Приказна предвидлива од километар, не раскажувам ништо, за оние шо не го гледале ако се љубители на кршикичмитис - слободно. И за оние кои ги има фркнато депресија. За ефектите има солидна 8.5. За прича, 4. За Анџелина Џоли - 7 (едини филм кај шо не ја мрзам цурава). И нормално за Бог - 9.5
(нема бе филм кај шо е Он, да не ми биде одвратен). А и детево не е за фрлање.
All in all една 8ка. Ама лабилна.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Mystic River




Имам посебна ќуд извикани филмски наслови кои ги бие глас дека се ремек дела, да ги гледам на одредено растојание. Па така и со филмов. Јас некако режисерското творештво на Клинт Иствуд го гледам наопаку, неговото режисерско деби го гледам на крајот, откако ги изгледав Changeling и Hereafeter. Дефинитивно после Mystic River човеков го ставам во моите омилени режисери. Страшно талентиран режисер кој можеби требало многу порано да почне да режира филмови. Почнав дури да му го препознавам стилот на работа. Има навистина посебен начин на раскажување на приказната и кадри кои ги вметнува во филмот. Освен тоа неверојатно, но во ниеден филм не игра на карта страст и секс за да привлече публика или барем за да кокетира со неа. Човекот раскажува, просто и едноставно. А сепак тоа го прави толку добро што во ниеден момент не ви е досадно. Гледам дека секогаш бира приказни во кои ликовите се изложени на страдање и таа психолошка нишка секогаш е присутна во неговите дела. Во овој филм сите тројца главни ликови олицетворени во Шон Пен, Кевин Бејкон и Тим Робинс го претставуваа тоа. Исто како што во Hereafter сите тројца главни ликови го правеа тоа, а во Changeling тоа го правеше Анџелина сама (но таква беше приказната, сосредоточена беше главно на неа). Покрај Финчер како свој омилен режисер го додавам и Иствуд. Ми останува уште Девојка од милион долари да го изгледам.

Околу филмот. Започнува со една трагедија, која ги поврзува тројцата најдобри пријатели од детството, Џими ( Шон Пен), Дејв (Тим Робинс) и Шон (Кевин Бејкон). Едно детство кое засекогаш останува врзано со лош спомен ги разделува најдобрите пријатели чии животи повторно се вкрстуваат заради трагедијата која ја доживува Џими чија ќерка е брутално убиена. Приказната се отплеткува неверојатно добро и на момент си помислив дека гледам драма со многу предвидлив тек па и не очекував пресврт, туку уживав во изведбата. Ама како се отплеткуваше приказната така и јас почнував да се сомневам во она на што ме наведуваше филмов.

Никогаш не сум видела филм полн со толку мнгоу добри актери, во кој сите го добиваат заслуженото место и успеваат да се истакнат. Кевин Бејкон ми е еден од поомилените актери. А што се однесува на Тим Робинс , после Shawshank Redemption тој се искачи многу високо на моето скалило за актерска изведба, после филмов дефинитивно го сметам за еден од најталентираните актери во Холивуд (штета само што не си го форсира повеќе талентот). Неговата изведба всушност најмногу придонесе комплетно да влезам во недоумица околу текот на филмот. Не знам дали друг би успеал така добро да го прикаже моментот кој внесува забуна, но тоа останува отворено прашање. Факт е дека Робинс е клучната алка која ја држи мистичноста во филмот.
Што се однесува пак до Шон Пен - Оскарот е заслужен. Лошото момче на Холивуд, токму таа придавка одлично ја искористил за улогава.

Да не заборавам да ја пофалам една од моите најомилени актерки Лора Лини која иако нема голема минутажа во филмов, сепак е многу забележителна. Преталентирана жена која мислам дека слободно може да добие Оскар за секоја нејзина улога.

Кој не го гледал филмов, нека го гледа задолжително. Ова е вистинско уметнично дело.

П.С Ако има некој да ми предложи некој добар филм со Тим Робинс слободно нека пише. Човеков е феноменален.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Г

Грејвдигер

Гостин
Boy A (2007)


Англиски филм за момче кое е малтертирано во училиштето се додека не запозна еден момак што не се плаши од ништо, кој му стана идол и почна да се однесува како него. После десет години тоа што го има прежиивеано го прогонува и го менува идентитетот, пробува да го остави минатото позади себе...

City of Life and Death (2009)

Војна непосредно пред почетокот на втората светска војна, приказна за ужасното третирање од Јапонците врз Кинезите. Приказна за животот, страдањата... Nanjing (Нианг) тогашниот главен град е освоен од страна на Јапонците, како и се друго што е Кинеско.
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
The Mechanic (2011)
The%20Mechanic%20poster.jpg


Првин филмов не може да биде лош зошто е со Jason Statham ,да се разбереме првин!

Дејството се врти околу еден професионален убиец ,кој не е како останатите убици ,тој сака убиството да изгледа како несреќа. Е ова ти се вика баш професионален убиец во права смисла на зборот ,кој е тотално концетриран на професијата. Кој би рекол дека во убивањето има биологија за учење... Потоа тој си зима чирак и акцијата може да започне...

Интересна акција ,одлично филмче,според мене вреди да се погледне. Само името Бишоп некако ич не му прилега...


The Sorcerer’s Apprentice (2010)
The_Sorcerers_Apprentice_Wallpaper.jpg



Приказна за вечната војната помеѓу злото и доброто. Магионичарот Балтазар Блејк се обидува да го одбрани светот од својот непријател Максим Хорват , тука се уклучува и обичното дете Дејв,(како и да се вика) ,кој не е и толку обично дете.

Филмчево ептен ми се допадна ,исполнето е со доста смеа и акција. Кој ги сакаат жанровите Акција,Авантура и КОМЕДИЈА овој филм мора да го погледнат !


Sherlock Holmes (2010)


Sherlock-Holmes-Wallpaper-Adler.jpg

Шерлок Холмс и Вотсон истражуваат 5 убиства кој се поврзани со некојси ритуали. Шерлок Холмс успева да го реши секој случај се додека еден човек по Блеквуд не се вмеша. Блек Вуд користи црна магија и најновата технологија за да владее со...
Па во филмот штом го има името Rachel McAdams ,мора да е само БОЉЕ...

Одличен филм
Почетокот- Феноменален
Средина- Акцијата си тече супер
Крај- ќе си видите сами


The Fighter (2010)


The_Fighter_3.jpg
Филмот го следи животот на боксерот Мики Вард ,тој е трениран од поранешниот боксер Дики кој му е полу брат. Но Дики не е идеалниот тренер ,тој не доаѓа на тренинзи и по мало се дрогира.

Мене ми беше ептен досаден филмов.

Pirates of the Caribbean: At World’s End (2007)
pirates_of_caribbean_3_at_worlds_end.jpg
Капетанот Барбоса , Тарнер и Елизабет мора да отпловат до работ на мапата ,за да имаат некаква шанса да ги победат Дејви Џонс и Бекет , а планот на Бекет е да ги отстрани пиратите од мапата за секогаш...

Абе како може Пиратите од Карибите да не биде интересен мора да се погледне...​
 

Attachments

Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.438
The Butterfly effect

Back to the future, Jumper, Mr.Nobody, What if, Time machine
Све во едно.
Како и да е, ме бендиса, зашто одувек сум бил љубител на супермоќни филмови. Или филмови за супермоќи. Или нешо у мета фаза. Секогаш со прашањето- “шо ќе беше да беше“. И увек се враќаш на моменти кога мислиш дека се пресудни за теот на животот. Но кога ќе свртиш - секој момент е пресуден. Тоа го доловува и филмот.
Дека и` да ги имаш истите моќи како во филмот - секогаш едната страна ќе биде покуса.
Посебно за филмот како проекција нема да коментирам многу. Ештон не го есапам многу многу така да и овде ми е некако слаб. Ама се извлече. Плавојката е таман.
Комплетна оценка за филмот 9ка.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.443
Поени од реакции
6.116
Insomnia
Незнам по кој пат го гледав филмов и никогаш не ми бил досаден. Трилер на границата помеѓу просечен и одличен филм со добра сторија.
Режија од Кристофер Нолан,Ал Пачино,Хилари Свонк и Робин Вилијамс во главните улоги.

Покрај се е и детективски филм кој разработува и малце посложен проблем-грижата на совест но не на толку тежок начин како што го прави тоа на пр. Линч во неговите филмови.

8ца
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
The International

Добро бе ја не знам кој курац им е на луѓево. Како минува времево генерацииве се поретардирани стануваат изгледа. Номинираш филмови за Оскар кои што се неоригинални и се копија на постари филмови, кои се оригинални но кои се ултра досадни, филмови кои што третираат хомосексулаци без разлика што се срање во суштина, и филмови во кои крајната порака е расната и етничка толеранција. Додека за ваков филм, кој се базира на вистинска приказна, кажуваш дека е досаден и подпросечен. Се сложувам дека и филмов имаше некои мани
ко на пример претераноста во пукачката сцена, иако тоа не ми сметаше воопшто и напротив донесе некој елемент на возбуда и го направи уште поинтересен, бар за мене
како и Клајв Овен кој не го мирисам многу. Но факт е дека ова е одличен акционен политички трилер со доста паметно, логично и оригинално дејствие, кој покрај херојските елементи на главните ликови, стои на доста реална основа и сето тоа беше вклопено во една динамична симбиоза. Според мене филмов минимум заслужува оцена над 7 ца. Додека јас лично за инат на сите хејтери :) му давам 9 ка.

Little Children

За филмов ќе кажам само неколку работи. Се работи за сосема солидна семејна драма, ми се допадна нараторкиот глас кој ги опишуваше ликовите, ми се допадна целата таа suburbian атмосфера ко од Очајни Домаќинки која крие тајни позади навидното спокојство. Ќе пробам целата поента на филмот да ја доловам во следнава реченица - Убавите моменти кои сме ги живееле во минатото понекогаш можат да се претворат во наши соништа по кои ќе копнееме и кои ќе ни станат пречка на патот да продолжиме со нашите сегашни животи. Моја оценка, се мислам меѓу 7,5 и 8.

11:14

За сите оние кои се фанови на филмови кои во себе инкорпорираат повеќе приказни, топло им го препорачувам овој филм. Снимен е во стилот на Бабел (Бабел го немам гледано, така да не знам дали се тематски слични), иако снимен е пред него. Се работи за одлична мистерија која полека се расплеткува, а започнува со мртво тело на автопат. Моја оцена 8 од 10.

Го гледав и Хачико ама рецензија нема да пишувам, пошто гледам доста луѓе се отвориле на темата -На кој филм сте пуштиле солза. Можам да кажам само и покрај тоа што ја знаев приказната, филмов успеа да ме импресионира, и затоа ќе му дадам 9 ка.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Insidious


Одамна немам пишано на темава, иако во последниов период изгледав доста филмови. Овој ми е најсвеж, од вчера вечерта па ајде 2-3 збора да кажам.
Хорор филм кој мене искрено не ме импресионираше којзнае колку иако гледам на имдб држи оценка 7.3. Приказна имаше одлична, ама актерскава екипа и камерата беше трагична. Посебно ова второто камерата, на моменти филмов беше сниман од толку глупав агол, да поглупав и да сакале неможеле да најдат. Паров во филмов беше средно жалосен, актерите не се баш најпознати. Патрик Вилсон можеби одглуми на ниво, ама Роуз Брн мене ми беше трагична, иако гледам дека е два пати номинирана за Златен Глобус. Една фаца има додека плаче, после истата фаца ја има само сега место солзи има насмевка. незнам многу ме нервираше глумата на женскава и заедно со камерата мислам дека го упропастија филмов. Инаку приказната е доста добро смислена, можеби можеле да се потрудат малку повеќе да ја обработат, можеби можел филмот да трае нешто подолго, ама за тоа нема да се жалам, оти тоа не беше толчку жално.
За приказната можам само да кажам дека се се врти околу едно дете кое ќе "заспие" и никој нема да знае што се случува со него (малку глупо го објаснив, ама ако го раскажам на друг начин ќе има еден куп спојлери).
Од мене 5/10, иако кажав на имдб држи висока 7.3 оценка.
 
Член од
13 мај 2010
Мислења
569
Поени од реакции
437


Прекрасен и дефинитивно несекојдневен филм. Застапена е една сосема ретка и скоро заборавена димензија во која односите меѓу луѓето преминуваат од една во друга екстремност, од потиснување па се’ до сурова искреност. А и сценографијата и костимографијата се прекрасни.
Не би го препорачала на секого, само за романтичари :)

cries-9c.jpg
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Конечно нешто вредно за гледање:

You Don't Know Jack
http://www.imdb.com/title/tt1132623/

Драма за личната борба на Џек Кеворкијан, борба за легализација на еутаназијата во САД, која започнува со помагање во извршување на самоубиство на тешко болни пациенти. Тема која длабоко задира во религиските чувства, поттикнува на прашања, пред се за личните ставови за животот и смртта.
Да не ја спомнувам тука брилијантната изведба на Ал Пачино...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom