Последен гледан филм со кратка рецензија

Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.117
Поени од реакции
775
Се придружувам кон препораката... многу добар филм кој ќе наиде на добар прием кај сите генерации и кај сите типови на “филмомани“, и оние што сакаат кримиќи, и оние кои сакаат драма и кај оние што сакаат акција...
Јас сум му закачил 8-ка на ИМДБ... али имам висок критериум :)
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.402
Поени од реакции
6.022
Apocalypse Now (1979)(Redux)


Филмов е класика,режиран од еден од најдобрите режисери кои го имаат обележано 20-иот век ,со перфектни глумци,одлична камера и ефекти за тоа време ...но подоцна увидов дека јас сум ја гледал продолжената верзија па затоа на момент некои предолги конверзации(баш таа од продолжената верзија) ми беа малце досадни затоа што поентата можела да се искаже пократко. Но да оставиме тоа, филмот е супер затоа што преку сторијата на еден војник кој е пратен да го убие "полудениот " полковник ,Копола ја прикажува војната во Виетнам на сосема посебен начин, тука е омилениот полковник на војниците- Килгор(Роберт Дувал),дрогата која ја користат маринците,па се до дезорганизацијата на американската војска како и поентата на војната ...
Ќе заборавев и oдличен саундтрак :) -The Doors

9/10
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183


"Salt"

Многу ме нервира да пишувам рецензии ама ај ќе кажам неколку збора. Значи Салт/Солт ( Анџелина Џоли ) е агент на ЦИА, која откако ќе биде обвинета од еден руски мафијаш што се предал доброволно дека таа е руски шпион почнува да се открива мистеријата околу тоа која всушност е таа. Ми се допадна филмот ептен, одлична глума на Анџелина Џоли а и вакви улоги многу и одговараат.

10/10
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.402
Поени од реакции
6.022
The Jacket (2005)

Трилер мистерија(со сај фај примеси) со Адриен Броди,Даниел Крег и Кеира Најтли ,Адриен Броди толкува американски маринец кој по повредата стекната во војната во Ирак(1991) има проблеми со меморијата.Одејќи дома го поправа автомобилот на случајни патници (мајка и ќерка) а потоа е прибран во автомобилот на друг случаен минувач.Следно што се сеќава е дека тој се наоѓа во судница обвинет за убисто на полицаец и не е осуден поради некоговото психичка состојба туку е пратен во умствена болница на лекување...

7/10

The Good Shepherd (2006)

Де Ниро режисер (а има и споредна улога),Мет Дејмон и Џоли во главните улоги.Сторија за почетоците на Циа ,како е основана и почетокот на студената војна .Филмот е долг ,дејствата се одвиваа споро,и Дејмон толкува лик кој не покажува никакви емоции на лицето(колку ке ви се допадне тоа незнам).Едноставно можело и подобро со овие глумци-

7.5/10

District 13: Ultimatum (2009)

Француски акционен филм,продолжение наDistrict B13 (2004) со истититр глумци и со слична сторија.Има добри акциони сцени за кревање на адреналинот но дупка сторија така да не ми остави некој впечаток како првиот(кој исто така имаше лоша сторија но не до овај степен )

4/10
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Barton Fink ('91)
This may contain spoilers !
Barton Fink е еден од најинтересните ликови што ги имам сретнато, не многу активен, не баш расонет кога треба уствари да се делува, али одвреме-навреме пројавува бурни ставови што се добри. Пример, Ми се свиѓа ставот за "the common man". Само што оној што мислиме дека е уствари the common man у филмов испаѓа double-personality disordered, хах. Ништо не е како изгледа. Холивудските автори всушност размислуваат со главите на нивните жени, вистинскиот почеток на инспирацијата настанува при одбивањето на неговото дело.
Зошто ја зема кутијата и откако го напушти хотелот?
 

Anne.

~ Happiness In Slavery.
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.284
El orfanato

Ретко гледам филмови од неанглиско говорно подрачје, али за овој не се покајав. Се убаво искомбинирано, одлична глума на Белен Руеда која сама го носи филмот, неколку сцени кои те испаметуваат и музика која придонесува за крипи амбиентот.
Значи Лаура се враќа да го реновира сиропиталиштето во која таа како дете растела за да може да им помага на деца со посебни потреби. И самата има посвоено дете. Се е добро додека син и‘ не почне и‘ да раскажува за играта која ја игра со замислените другарчиња.

Taking lives

Психолошки трилер со Итан Хоук и Анџелина Џоли кој решив да го репризирам зашто немав друг филм при рака. Глума одлична, приказната интересна и знам дека прв пат кога го гледав појма немав кој е убиецот. Значи, постои сериски убиец кој откако ке ја убие жртвата, и‘ го превзема идентитетот.
 
Член од
14 април 2010
Мислења
628
Поени од реакции
219
Српски Филм 2010/Serbian Movie 2010

Не знам во која категорија да го ставам филмов...
Вака.Милош(Срџан Тодорович) е порно актер и е негде на крај од кариерата.Има жена и дете и живеат во хармонична и семејна атмосфера.Една бивша "колешка" му нуди средба со човек кој што она го знае,за Милош да снима филмови за него.Сумата е неодолива дури и преголема...
Се случуваат снимања на едни од нај бруталните и изопачани филмови во подземјето за богаташи со пореметен ум.Филмот е нешто како 8 мм со Николас Кејџ.Не е ни чудо што филмов предизвикал бурни реакции кај публиката.Го препорачувам за тие што можат да истрпат да гледаат гадости,и нај пореметени сексуални извитоперености. 18+
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740


Јас сум под страшна импресија од филмов.Тргнато на страна дека женава ја обожавам, а со предвид предрасудите за акционите филмови кои се сувопарни и лесно предвидливи, не ми се верува дека жена успеа да ме убеди во спротивното. Анџелина е дефинитвно незаменлива акциона фигура, настрана Томб Рајдер ова е нешто страшно поразлично и многу поголем труд е вложен. Земајќи предвид дека морала да го исцеди телото и да стигне до коска и кожа за да може да одглуми машка конституција, го имаме женскиот Машинист.На моменти се фрапирав од неверојатните трансформации и да не знаев дека таа ја глуми главната улога немаше да ја препознаам, море на моменти гледав во екран и иако знаев не ми се веруваше дека е таа.
Ич не се трудете да погодувате, само гледајте.

Кратко сиже: Руски шпион се предава на ЦИА и им кажува дека нивната агентка Евелин Солт е исто така руски шпион на пат да реализра опасна мисија.Солт тргнува во бегство.
Ви давам два од три пати да погодите која е Солт и што се може да направи.
 
T

Tetro

Гостин
Cheech and chong's next movie (1980)



Поодамна го гледав "Up in Smoke", па решив и овој да го прегледам. Зелено, жени, комшијата на Чонг :pos: Добра комедија со многу смеење.

7/10

--- надополнето ---

Deceiver (1997)



Wayland (Tim Roth) е единствениот осомничен во убиството на Elisabeth Loftus (Renee Zellweger). Wayland е единствениот осомничен за убиството на Elisabeth, кој е епилептичен алкохоличар. Тој е дипломец од Принстон со 152 IQ и диплома по психологија. Од другата страна се Braxton (Chris Penn) and Kennesaw (Michael Rooker), со IQ од 102 и 132 :). Braxton е поранешен чувар во "Вол Март", а Kennesaw е 20 - годишен ветеран од војната. Сите овие информации ќе ѓи добиете во првите неколку минути.......

8/10

--- надополнето ---

Eraserhead (1976)



Имав 15 години кога првпат го гледав, а филмот ме остави сосема збунет, и заинтересиран за повеќе од Линч. Гледајќи го пак деновиве, ми предизвикана од идентични ефект: Повеќето од филмовите на Дејвид Линч не стивнуваат со текот на времето, но Eraserhead - веројатно кога ќе видам дека е потпишан режисерот кој сонот и потсвеста го прикажува со стил - закален преку годините подобро отколку се` останато. Дејството на филмот може да се одвива пред 60-70 години, или денес, или во иднина. :)

9/10

--- надополнето ---

Run Lola Run (1998)
Lola rennt (original title)




Во филмот се работи за една девојка, Лола (Franka Potente), и таа трча многу, за да му однесе пари на дечкото..... :)
Битен момент, каде што случаен минувач и нуди да и го продаде својот велосипед..... А потоа, исто, каде што таа се впушта по една коридор во внатрешноста на банката, и станува сè повеќе случај на "Остра прошетка на Лола. Почетната сцена за лошо анимираното трчање на Лола. Одличниот избор на музика, ми остави многу позитивен впечаток.

9/10

--- надополнето ---

Shutter Island (2010)



Во 1954 година, американскиот маршал Edward "Teddy" Daniels (Leonardo DiCaprio) и неговиот новододелен партнер Chuck Aule (Mark Ruffalo), одат на Ashecliff психијатриската болница, каде се чуваат најтешките и најболни криминални случаи. Островот се наоѓа во пристаништето на Бостон. Тие го истражуваат исчезнувањето на Rachel Solando , на пациентка која мистериозно исчезнала од заклучената соба. Dr. John Cawley (Ben Kingsley), главниот психијатар, објаснува дека Rachel била донесена за давење на нејзините три деца.....

Не ми се допаднаа некои сајд ефекти во филмот, како и неколку помали грешки на актерите во нивните движења (очекував повеќе од оваа екипа). Мислам дека е преценет многу на имдб. од мене само:

6/10
 

Woofer

I'm a very neat monster.
Член од
21 април 2010
Мислења
854
Поени од реакции
325


Читав user reviews на имдб и еден јузер многу ме изнасмеа:
SALT:Jason Bourne with a Vagina

Стварно има добра акција, и потсеќа на Bourne филмовите, а Анџелина Џоли одлично ја изигра улогата.
8/10
 
Член од
8 јуни 2010
Мислења
158
Поени од реакции
9
51X48EN9JFL.jpg Crash landing(2005).Многу јак филм.Се работи за една ќерка на милијардер која има забава во авион.Таткото најмува бивши воен пилот на внимава на нив.Терористи го киднапираат авионот кој наместо за Австралија каде беше се упатил ,го тераат пилотот да се упати кон Хаваите.Но пред тоа погоден е резервоарот на авионот и губат гориво.Ги убиваат пилотите но за среќа воениот пилот успева да слета на малиот остров Атол со техниката Slip.Толку од мене ви препорачувам да го гледате филмот.Поздрав.
 

D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.360
Поени од реакции
941
The A-team

Добро средено филмче на база на серијата, али оној кој ја гледал серијата не може едноставно да се навикне на ликовиве. Кратката рецензија за филмов би била дека станува збор за воена единица која неправедно е осудена, но „крнл“ Ханибал Смит, увек има план. :) Како и секој амерички филм каде што е вмешана CIA, NORAD и сл, и тука има многу „забушанции“. Вреди да се погледне, чисто онака да ве фати носталгија за серијата, која btw можно е поново да ја гледам.

Како за крај, повторно една мала споредба на актерската екипа.

the_a_team01.jpg

the-a-team-photo.jpg

Koи се пофаци? :)
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
The machinist (2004)
Како и претходните филмови што ги гледав (Barton Fink, The Tenant), големината на овој филм се сфаќа на крајот. И тогаш сфаќате дека пак сакате да го изгледате филмот, и дека второто гледање ќе биде боље. Тоа е за мене добар филм, што би го задржала на компјутер за да го глеам пак. Интересно е како Christian Bale ослабел 63 pounds, ниеден друг актер не ослабел толку за некоја улога.
Спојлери.
Главниот мотив е вината, главен предизвикувач на се` што се случува. Во извесна мера потсеќа на Fight club. На 2 пати ја покажаа The idiot од Достоевски, ваљда овој лик се поистоветува со тој. На едно место пишува Crime and punisment, па лесно може да се напраи споредба меѓу овој лик и Раскољников.
Eyes wide shut
Не го гледајте филмов. Ако сакате секс сцени, си постојат порничи, не одете по заобиколен пат. Зошто има да ве напне бавноста на разговорите и откривањето на се` одеднаш(што ќе ве остаи без дополнителни прашања). Не знам како ова може да се смета за "final masterpiece" на Stanley Kubrick, кога Clockwork orange беше добар филм, а ова е лош филм. Во тој филм си имаше некаква психо-социјална хипотеза, не беа безвезе вулгарните сцени.
И што, на крај испадна дека Кидман го сака Том, ма ајде, она му рече на старт дека била подготвена да ја отфрли целата иднина со него само ради еден офицер што го видела првпат у живот.
Tagline си кажува се: Cruise. Kidman. Kubrick. LOL!
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.701
Поени од реакции
5.328
сношти сосема случајно го начекав на Канал 5, прекрасен филм, со уште попрекрасна музика од Енио Мориконе... топло го препорачувам на сите...

 

Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
Deconstructing Harry (1997)

It's High Fidelity on drugs. :D
Филм за невротичен писател, за неговата психа, имагинација итн. :)

Ама да се разбериме, филмов не е за секого. Ален е чуден и ко писател и ко режисер. Како и да е, ѕвер е. Не очекувајте straight forward приказна. Фантазија е доминантна. Јас можам да ги гледам неговиве филмој, иако немам многу негови изгледано, ама овај е еден од подобрите негови.
Сличен по стил со Whatever Works, ама доста различен. И се скинав од смеење неколку пати на некој реплики. Пр:

"There is nothing wrong with science. Between air-conditioning and the Pope, I'll take air-conditioning." :icon_lol:

 

Kajgana Shop

На врв Bottom