Setsuko
Модератор
- Член од
- 29 јануари 2006
- Мислења
- 6.419
- Поени од реакции
- 6.192
Modigliani

Уметнички филм. Се работи за сликарот Амадео Модиглиани, современик на Пабло Пикасо и отворено е прикажано ривалството меѓу нив. Ми се чини дека дури предизвика гнев кај мене, го замразив Пикасо. Можеби кога би имала повеќе познавања од сликарската уметност уште повеќе би ми се доподнал затоа што би ги разбрала работите малку поинаку но овојпат уживав во филмот. На почетокот се чинеше дека ќе гледам само алкохол, цигари и дрога за потоа да сфатам дека гледам генијалност, креација, харизма, љубов и трагедија. Една приказна за тоа како големите генијалци и интелекти пропаѓаат во пороци иако се најголемите умови што имаат моќ да го изменат светот. Музиката го надополнува впечатокот тотално и тоа се едноставно моменти на уживање. Кој е љубител на уметноста секако нека го погледне.
Субјективна оценка 10\10.

или па по 10 за да не пишувам 3 месеци секој ден во темава
јунаков е од тоа доба
. Еден ден Паркер (Гир) ќе најде загубено кученце која по интересна игра на судбината ќе заврши пред неговите нозе, кученце од посебен и легендарен сој... понатаму што и да кажам ќе биде спојлер. Оценка 8/10
филмот е од мене со етиќета