Последен гледан филм со кратка рецензија

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
The Lake House

Не би било интересно ако го раскажам филмот, т.е ако дадам кратка рецензија, бидејќи ако започнам ќе го кажам и крајот :)
Ете кратко: Таа се наоѓа во 2006 година, тој се наоѓа во 2004, и се обидуваат да се сретнат.
Според мене, фантастичен филм, со одлична содржина и многу шармантен глумец. :wub:
Гледајте го обавезно.
Оценка, 10/10.
 
IronTrooper

The King of Cool
Член од
27 март 2007
Мислења
1.496
Поени од реакции
32
Гледав доста филмови за кои не стигнав да напишам на темава. Дел од нив: The Prestige
Every great magic trick consists of three parts or acts. The first part is called "The Pledge". The magician shows you something ordinary: a deck of cards, a bird or a man. He shows you this object. Perhaps he asks you to inspect it to see if it is indeed real, unaltered, normal. But of course... it probably isn't. The second act is called "The Turn". The magician takes the ordinary something and makes it do something extraordinary. Now you're looking for the secret... but you won't find it, because of course you're not really looking. You don't really want to know. You want to be fooled. But you wouldn't clap yet. Because making something disappear isn't enough; you have to bring it back. That's why every magic trick has a third act, the hardest part, the part we call "The Prestige"."
. Одличен филм, дефинитивно го препорачувам.

The Good, the Bad and the Ugly (Il Buono, il Brutto, il Cattivo): Класика, веројатно 90% го имаат гледано. Не случајно Тарантино изјавил дека е најдобро режираниот филм евр. Не сакам вестерни (овој е шпагети вестерн), ама ова е нешто неверојатно. Саундтракот го утепувам од слушање веќе 3ти ден. Ако има некој што го нема гледано, препорачувам тоа да го стори одма!
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.760
Поени од реакции
22.786
Twilight..

Драма..Во филмот се раскажува за љубовта помегу вампир и човек..Инаку Филмот не сакав да го гледам но ми го препрача брат ми и навистина излезе многу добар . Очекувам и втор дел од филмот...
 
CELTIK

magionicar
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.909
Поени од реакции
839
go gledav saving private rayan me potseti na call of duty ili call of duty me potseti na filmov mnogu ubava prikazna se odviva vo 2 sv vojna pocnuva so starecot koj gi posetuva voenite grobista so svoeto semejstvo i porodolzuva so D-dey ili kopnenata invazija na evropa no vo amerka stigaat pisma do semejsvata edna sluzbenicka otkriva deka kaj semejsvoto rayan ima tri takvi pisma i potoa sleduva spasuvanjeto
no za da se spasi rajan treba da se bide poveke od heroj zasto rajan e golem heroj i mn hrabar vojnik koj i pokraj naredbata da se vrati go brani mostot toj prezivuva no ne i covekot kraj cii grob na krajot od filmot toj stoi
gledajte go ako ne go imate gledano ne ma da potrosite 2.5 saati

Едит од модератор: користи го
кога кажуваш важни информации кои можат да му го расипат расположението на некој кој не го гледал филмот и сака да го изгледа:)
 
BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Changeling

Прво, да кажам, Анџелина Џоли :wub: Многу добро глуми :) И ја обожавам, па затоа и го гледав... Обично не сакам филмови што се одвиваат во постаро време...Ама филмов е прекрасен... Приказната е страшна... И многу жална со оглед на тоа што е според вистинска случка... Многу сакам филмови според вистински случки :) Непредвидлив е...
Ама МНОГУ глупаво завршува...
Се изнервирав :) Како и да е, го препорачувам на сите...9/10
 
E

`EsCaPe`

Гостин
The Hot Chick

Роб Шнајдер глуми феноменално, Рејчел исто..
Филмов го имаат гледано повеќето, и мислам не е потребно објаснување, али ај..
Значи, она што го пишува на сликата ' The hottest chick in town just switched bodies with the luckiest loser in the world' го опишува филмот скроз.. Е сеа на вас останува да го гледате и да уживате во случките и расплетот.

Го гледав филмов по незнамкојпат и пак ми е смешен.
 
AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583

Dobar komedija nema sto ama mozes da ja poglednes i ovaa Hot Chicks (2006),vo prviot film celata situacija nastanuva so edna obetka a vo vtoriot so 2 ligavi devojki,gledaj pa daj mislenje...:helou:
 
CELTIK

magionicar
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.909
Поени од реакции
839
go gledav saving private rayan me potseti na call of duty ili call of duty me potseti na filmov mnogu ubava prikazna se odviva vo 2 sv vojna pocnuva so starecot koj gi posetuva voenite grobista so svoeto semejstvo i porodolzuva so D-dey ili kopnenata invazija na evropa no vo amerka stigaat pisma do semejsvata edna sluzbenicka otkriva deka kaj semejsvoto rayan ima tri takvi pisma i potoa sleduva spasuvanjeto
no za da se spasi rajan treba da se bide poveke od heroj zasto rajan e golem heroj i mn hrabar vojnik koj i pokraj naredbata da se vrati go brani mostot toj prezivuva no ne i covekot kraj cii grob na krajot od filmot toj stoi
gledajte go ako ne go imate gledano ne ma da potrosite 2.5 saati

Едит од модератор: користи го
кога кажуваш важни информации кои можат да му го расипат расположението на некој кој не го гледал филмот и сака да го изгледа:)
gledam nesto moderatorov me kara pa resavam da ti odgovoram
temava veli posleden gledan film so kratka recenzija pa ete kratka e
dve recenici
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Па може и уште пократко во една реченица:

На главниот јунак (во некој филм) му ја киднапираат ќерката, тој оди да ја најде, им ги крши кичмите на киднаперите и филмот завршува со хепиенд.

Тоа е спојлер, (расипувач на забави) и затоа го ставија ова копче SP за да не си ја уништуваме забавата...
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.394
Поени од реакции
25.213
gledam nesto moderatorov me kara pa resavam da ti odgovoram
temava veli posleden gledan film so kratka recenzija pa ete kratka e
dve recenici
Океј, види вака - незнам како заклучи дека те искарав, кога имав едно смајли:) на крајот од реченицата, а и воопшто не ни мислев на карање.
Ако ја сметаш рецензија да го раскажуваш крајот, тогаш раскажи го, јас повторно ќе ти ги означувам спојлерите.
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.760
Поени од реакции
22.786
James.Bond.Quantum.of.Solace.

Незнам зошто многу души го искритикуваа филмот но за мене е еден од најдобрите за 2008..Филмот продолжуба таму каде што застана..
 
Lanna

Taller, Stronger, Better
Член од
30 септември 2008
Мислења
550
Поени од реакции
165
The Curious Case of Benjamin Button

Прочитав некоја споредба на филмов со The Notebook. Единствената сличност што јас ќе ја повлечам меѓу нив е тоа што ќе ги сместам двата во категоријата - "Филмови на кои заспивам". Длабоко ќе се оградам од неговата почеста споредба со Форест Гамп, зашто вториов е еден од оние филмови кои оставиле посебен впечаток кај мене, доволно голем да почнам да го обожавам Хенкс кој дотогаш искрено не ми бил меѓу омилените глумци. Најискреното прашање што активно си го поставував гледајќи го Бенџамин Батон беше: кај се сцените од трогателнава драма (каква што е окарактеризирана) на кои јас треба по природа на нештата да се расплачам?

На кратко, филмов не ме фасцинира нешто посебно. Сепак, ќе се помирам со објективноста дека носи убава приказна, за откривање на животот од различни агли, за радоста и гневот кои сите ги носиме во различна форма, за свесноста за времената природа на животните можности, за краткотрајниот квалитет на среќата. Нишката на смртта преовладува во филмот, не толку во депресивната смисла колку во фактичката. Приказната зборува за прифаќањето на човечкиот живот како благодет без оглед на формата и степенот на привлечност во која тој се манифестира. За љубовта која доаѓа преку душата, за возвишеното чувство на свесност дека си сакан и посакуван независно од полуќелавата глава и збрчканото лице, за изборот кој животот ни го нуди на 80 години со истата посветеност како и на 7. Романтична приказна за вистинскиот момент на спојување на две души во тела кои обратнопропорционално се однесуваат во однос на ударот на времето, истиот несооднос поради кој и големината на нивната љубов паѓа на колена и е принудена да се предаде создавајќи го најсилниот провев на меланхолија низ филмот предизвикана од чувството на минливост на животот и до одредена мера на љубовта.

Да не испаднам мрчатор до крај, приказната иако за мене недоволно фасцинантна, е одлично илустрирана. Кастингот е повеќе од феноменален. Едно од најдобрите светла на Бред Пит, генијално, нежно и сочувствително пронаоѓајки се во секоја своја димензија од времето во приказната. Илустрација на целосна посветеност на најсовремената технологија во филмската индустрија во служба на приказната и ликовите кои евоулираат низ времето. Искрено бев повеќе фасцинирана од начинот на кој ги забележував знаците на старост или подмладување на ликовите отколку од начинот на кој се развиваше приказната. Кој шок беше искуството гледајќи го Бред Пит во сегашно време на двојно помала возраст од реалната, онаков каков што го паметам од пред некои 15-тина години од постерот над креветот во мојата детска соба. Во незаборавните глетки ќе ги спомнам и грдото бебе Бенџамин и недопирливата младост на Кејт Бланшет како млада и надежна балерина. Ќе ја спомнам и нејзината феноменалност како најнепостојаниот лик во филмот со акцент на страственоста и несигурноста во ликот на младата Дејзи и посветеноста, незаборавот и меланхолијата на старата Дејзи.

Последниот мој коментар би бил дека за да се приближи кон (не и да се достигне) ефектот на трогателна посветеност која ја изнудува Форест Гамп, дефинитивно треба далеку поголема топлина и емоционална достапност кон пошироката публика отколку онаа документираната во филмот. Премногу долг за моето трпение целосно да изџвакам одредена приказна (докажано со 15 минутно прописно преспивање околу средината на филмот). Прилично апатично поминато попладне со тричасовната чудна приказна на Бенџамин Батон.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
The Curious Case of Benjamin Button

Прочитав некоја споредба на филмов со The Notebook. Единствената сличност што јас ќе ја повлечам меѓу нив е тоа што ќе ги сместам двата во категоријата - "Филмови на кои заспивам". Длабоко ќе се оградам од неговата почеста споредба со Форест Гамп, зашто вториов е еден од оние филмови кои оставиле посебен впечаток кај мене, доволно голем да почнам да го обожавам Хенкс кој дотогаш искрено не ми бил меѓу омилените глумци.
Со The Notebook нема ни збор за споредба во ни еден поглед.

А со Forrest Gump споредбата е во негативен контекст, нешто што со музички жаргон би дошло: Benjamin Button е плагијат на Forrest Gump. За тоа имаше одличен клип кој го пастирав пред некое време, но е повлечен од youtube на барање на parramaunt pictures, затоа што прописно се посрамотија.
 
Lanna

Taller, Stronger, Better
Член од
30 септември 2008
Мислења
550
Поени од реакции
165
Со The Notebook нема ни збор за споредба во ни еден поглед.

А со Forrest Gump споредбата е во негативен контекст, нешто што со музички жаргон би дошло: Benjamin Button е плагијат на Forrest Gump. За тоа имаше одличен клип кој го пастирав пред некое време, но е повлечен од youtube на барање на parramaunt pictures, затоа што прописно се посрамотија.
Драги, можеби малку заврзано, ама во рецензијата го кажувам истото што и ти погоре. Значи иронично спомнувам дека единствената сличност што јас ќе ја повлечам меѓу Бенџамин Батон и Notebook е што на двата сум заспала - значи апсолутно никаква сличност освен во апатијата со која ги гледав.

Во врска со споредбата со Forrest Gump, пишав дека се оградувам од истата, зошто Батон и како плагијат не може ни да се приближи на трогателноста и емоционалната нишка која што провејува низ Forrest Gump.

Најверојатно се изедначуваме во мислењата, само со поинакви зборови:smir:
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Драги, можеби малку заврзано, ама во рецензијата го кажувам истото што и ти погоре. Значи иронично спомнувам дека единствената сличност што јас ќе ја повлечам меѓу Бенџамин Батон и Notebook е што на двата сум заспала - значи апсолутно никаква сличност освен во апатијата со која ги гледав.

Во врска со споредбата со Forrest Gump, пишав дека се оградувам од истата, зошто Батон и како плагијат не може ни да се приближи на трогателноста и емоционалната нишка која што провејува низ Forrest Gump.

Најверојатно се изедначуваме во мислењата, само со поинакви зборови:smir:
Да, не се разбравме најдобро, она го напишав како потврда на твоето мислење. Се согласувам со тебе во споредбата на Button и Forrest. Сакав да го пастирам клипот, тоа ми беше идејата кога почнав да пишувам, ама видов дека на барање на плагијаторите, клипот е отстранет.

Како и да е, Forrest (Том Хенкс), го засакаа сите, и неговата приказна ги допре сите, со се што правеше го изменуваше светот без самиот да е свесен за тоа, имаше хумор, смеа, солзи...

Бенџамин Батон ќе биде запамтен како филм во кој главниот јунак скоро цел филм го помина под маска, беше стар во 80 а млад во 20% од филмот, и неговата приказна требаше, а не допре до никого. И беше, многу, претерано многу издолжен временски.

Поздрав! :smir:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom