Последен гледан филм со кратка рецензија

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Eagle eye



Не знам што оценка да му дадам на филмов. Некоја просечна ќе е накај негативна. Имале интересна замисла сценаристиве на филмов, но не изреализирана добро. Сајбер тероризмот се повеќе е актуелен, но ова беше претеризам, апсолутен претеризам. Почнува интересно за на крај начисто да забегаат. Некои работи остануваат до крај неразјаснети, а не се ни потрудиле да ги објаснат.
За да утепаш 2 саати во гледање на некои претерани модернизации добро е. Али за да се свати реално филмов и како нешто што е карактеристика на денешницава нема шанси.
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.760
Поени од реакции
22.786




Незнам по кој пат го имам гледано ..
Да не ви пишувам што како знам дека сите го имате гледано..
 

Lanna

Taller, Stronger, Better
Член од
30 септември 2008
Мислења
550
Поени од реакции
165
Во духот на претходните рецензии, моето гледиште на на The Illusionist кој самошто го догледав споредбено со The Prestige кој го гледав нешто претходно.

Дефинитивно, два филма со прекрасна завршница. Споредбено, тематски двата филма зафаќаат многу мал дел од заедничката основа - искрената предаденост во шоуто на илузионистите додека се трудат да се надминат себеси или конкурентите.

Ако Илузионист го вбројам во несомнено прекрасните филмови, тогаш Престиж би влегол во категоријата најфантастични филмови што сум ги гледала во последно време, оние кои од почеток до крај ги гледаш со отворена уста, а возбудата никако да стивне. Во еден дел окарактеризиран како ретро научна фантастика, извонредно патување во изгубениот свет во кој можностите на науката се сеуште неразврзани, а веројатноста за нивното остварување сеуште неиспитана во реалниот свет.
Ќе ги соберам впечатоците од Илузионист под описот – интригантна бајка за ворасни, ретко успешно остварена магија на филмското платно. Кинематографијата, костумите, целокупниот амбиент на филмот и помага на публиката да ја заборави временската димензија во која го гледа филмот – совршена способност на филмот да ве одведе на патување во Виена некаде на самиот старт на 20тиот век. За разлика од Престиж, не е важно како вистинската магија се матерализира во реалноста. И акцентот не е ставен на тоа како магионичарот го завршува делото, туку како се бори за својата среќа.
Господинот Едвард Нортон е еден редок примерок на светов. Како Ајзенхам, безволно завлечкан во светот на политиката и убиствата, тешко некој да остане рамнодушен на константно променливите црти на неговото лице на кое се мешаат тага, длабока болка, љубов, гнев, циничност, сигурност и ранливост. Ова е една од најобјективните мои оценки со оглед на фактот што истиот актер до неодамна не ми бил нешто посебно омилен. Пол Грамати и Руфус Севелодлични во споредните улоги, како и Џесика Бил со прекрасното доловување на ликот на Грофицата фон Тис како заљубена, и истовремено многу силна и паметна млада жена.

Престиж од друга страна, е еден од филмовите за кои можам искрено да кажам - мој филм. Сместен во истата временска димензија со Илузионист, во времето на длабока фасцинираност на неупатената публика од моментите во кои магионичарот ги води на необични патувања кон навидум надреалното. Ривалството мегу двајцата магионичари, едни од предводниците на своето време, го турка самото дејство напред, додека приказната не води константно напред и назад низ времето, тестирајќи не со мали дози информации сервирани на агоничен начен кои треба да ги поврземе, додека ги напрегаме сетилата да останеме во тек со настаните и да ги разграничиме временските периоди во кои тие се остваруваат, за повторно да доживееме нов пресврт кој го става во сомнеж сето дотогаш видено и дигестирано. Она што започнува како партнерство се одвиткува во најдлабоко соперништво со убивствени намери кон противникот, додека се трудат еден од друг да ги откраднат најзагадочните тајни и да успеат во откривање на уште позначајни работи.

Длабоко почитување за Christopher Nolan и Christopher Priest. Приказната сама по себе фасцинантна и заплеткана, бара целосна посветеност и љубов, и не мислам дека треба повеќе пати гледање, туку само едно добро премотување на гледаните сцени после прекрасната завршница. Од самиот почеток на филмот се чувствува дека Нолан е на намера да ја збуни и возбуди публиката – не е прашањето само како ликовите ќе ги надминат разликите туку и во нашето расудување за променливоста на нивните карактери, во одредени делови искрено имав проблем да разграничам кој е добриот, Angier или Borden (со одредена пристрасност кон вториов заради љубениот ми Бејл). На крајот, не сите филмови ја бараат ваквата класична разграниченост, а тоа не ја намалува напнатоста во истите.
И потоа извонредниот кастинг. Ќе почнам од Бејл, извонреден актер способен за неверојатна суптилност и моќ, потретирајќи лик кој едвај има потреба од публика за да би ја нахранил сопствената суета со која би се впуштил во нови предизвици. Самото откритие за кое е способен да ги премине сите граници на човечка болка и достоинство, е она што го прави задоволен. Од другата страна, елегантниот Џекмен, со возвишената мажественост и софистицираност, создавајќи театарски искуства за уживање на публиката, копнеејќи за стадиумот во кој со своите театрални способности ќе ги манифестира неверојатните трикови на Борден, безгранично завидлив на неговата посветеност манифестирајќи низ чувството на својата лична фрустрација и професионална инфериорност. Потоа, извонредните споредни ликови кои само ја зачинуваат приказната,
Michael Caine како ментор и мудрец, на моменти и наратор на приказната, феноменален актер и неверојатен избор за ликот, Olivia Wenscombe и Scarlett Johansson и David Bowie како Никола Тесла, тежок избор за тоа на кого побрзо да се восхитуваш.

Ако ве возбудува помислата на разглобувањето како еден филм се обидува да си поигра со вашите здрави проценки и претпоставки, Престиж е нешто што мора да го гледате. Се што гледате и мислите дека со сигурност знаете за овој филм, паѓа во вода додека со нестрпливост очекувате да потврдите дали сте во право или не сте. Силна 10ка од мене.

Илузионист ќе го оценам со 8.5, за ништо друго, колку за тоа да не му ја намалам драстично вредноста на Престиж кој искрено ме фасцинираше.
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Domino (2005)

Филм на мојот омилен режисер Tony Scott,одлично ја режирал приказната за животот на Domino Harvey,жена која работела како ловец на глави,дива девојка која никој не можел да ја скроти,вреди да се погледне заради прекрасната глума на Mickey Rourke а за да ви биде поинтересн гледајте го,нема да зажалите...

Indiana Jones And The Kingdom Of The Crystal Skull (2008)

После гледањето ма овој филм дојдов до заклучок дека Rambo,Rocky,Bruce Lee,Terminator,Robocop,Batman и многу други ликови од акционите филмови можат вода да му носат на овој витален старец кој тепа се на ред,не знам само на тие години од кај ја најде таа сила цел филм да скока од камиони на џипови,по скали и што ли уште не...Доколку сте желни за авантура можете да го погледнете овој филм,приказна за еден кристален череп кој има неограничени моќи,да не ви откривам повеќе далечинското в рака и стискај на PLAY...

Drillbit Taylor (2008)

Просечна комедија за група деца кои ги тероризираат двајца џомби од средното училиште,тие изнајмуваат телохранител кој ни самиот себе не може да се одбарни а не па нив?Одличен избор на глумците,не знам само од кај ги најдоа тие тројцата шматковци,добро ги нашминкале за улогите што ги играат...Оценка нема да давам,погледнете го филмот и нема да зажалите :helou:
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314


"Stick it"...

Во филмов се работи за екс-гимнастичарка која се враќа повторно на тој спорт, поради вољата на татко и, но останатите ја гледаат со презир затоа што на шампионатот пред 2 години се откажала и со тоа нејзиниот тим бил дисквалификуван.

Приказната и не е толку содржајна, просечен тинејџерски филм, во кој увек има една хард кор личност, што ќе се кара со сите, друга тушла, со нејзините “лузр, дабл лузр“ финти, но ми се допадна што на едноставен начин е пренесена поучна морална порака.

Оцена: 6/10 :)
 

Фокси

Talk nerdy to me
Член од
11 октомври 2007
Мислења
2.358
Поени од реакции
1.390
Луѓе во црно

Онака просечен филм борба меѓу доброто и злото.
Како некои луѓе цело време ја штитат и ја спасуваат нашата земја од разни вонземјани и слично а ние за тоа не сме свесни.Ако сме присутни на некој од овие настани ќе бидеме наутрализирани и забораваме дека тоа воопшто се случило.
Кога нема што да правиш навечер филмов е добра занимација јас би му дала 8/10 затоа што имаше некои смешни моменти во филмов.
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
The Money Pit


Стварно закон филм, се изнасмеав и го препорачувам на секој кој сака добро да се изнасмее до солзи :vozbud:

Се работи за пар кој купува куќа на која очајно и требаат поправки, мноооооогу поправки...

Се решаваат сами да ја средат при што се случуваат еден куп смешни ствари и да не ви го раскажвам, треба да се погледне, еве и трејлер за да ве заинтересирам :)

 

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Men in Black II

Интересна комедија, доволна да ми го задржи вниманието :) Сигурна сум дека повеќето го имаат гледано, а тие што не го гледале, ако имаат слободно време нека го изгледаат :) 7/10

Princess Diaries 2: Royal Engagement

Доста интересно филмче... Глумците се одлични! И иако може да се претпостави крајот, интересен е за гледање и има доста смешни сцени :) 8/10

Shoot 'Em Up

Многу добар филм! Мислам дека на секој би му се свиѓал, со оглед на тоа што се измешани повеќе жанрови :) Клајв Овен глуми многу добро во филмов... 9/10

Michael Clayton

Поглуп филм од овој немам гледано жими се... Незнам ни како успеав да го догледам... Ми се приспа едно мал милион пати... И пола филм веќе не го памтам... Очекував дека во секој момент ќе стане поинтересно али џабе... 2 саати потрошени на ништо... Колку и да го сакам Џорџ Клуни, неможам да кажам ништо добро за филмов... Можеби не го го сфатив, можеби заради тоа што има премногу економија (што уз филмов сфатив дека не ја можам, напорна ми е), али стварно беше залудно трошење на време... Може ќе им се свиѓа на економистите... И не би го оценувала...
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Shoot 'Em Up

Многу добар филм! Мислам дека на секој би му се свиѓал, со оглед на тоа што се измешани повеќе жанрови :) Клајв Овен глуми многу добро во филмов... 9/10
9/10?

OMG.

Што е толку добро во филмов?
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Shoot 'Em Up

Многу добар филм! Мислам дека на секој би му се свиѓал, со оглед на тоа што се измешани повеќе жанрови :) Клајв Овен глуми многу добро во филмов... 9/10

Michael Clayton

Поглуп филм од овој немам гледано жими се... Незнам ни како успеав да го догледам... Ми се приспа едно мал милион пати... И пола филм веќе не го памтам... Очекував дека во секој момент ќе стане поинтересно али џабе... 2 саати потрошени на ништо... Колку и да го сакам Џорџ Клуни, неможам да кажам ништо добро за филмов... Можеби не го го сфатив, можеби заради тоа што има премногу економија (што уз филмов сфатив дека не ја можам, напорна ми е), али стварно беше залудно трошење на време... Може ќе им се свиѓа на економистите... И не би го оценувала...
И еве зошто не сакам да ја отворам темава а камоли да пишувам.
Трилер со Spykids детски заплети оценет со 9/10, а сосем добар трилер глупав.
 

vmx

Член од
25 април 2005
Мислења
5.633
Поени од реакции
201
Passengers (2008)

Многу истрипан филм. Мистериозен.
Цела приказна е за авионска несреќа во која 5 души остануваат живи, и идат на психолог после несреќата, демек да си кажат шо имаат, за да немаат трауми и сл. :) Но одеднаш почнува еден по еден да исчезнуваат од пациентите.
И на крај испаѓа дека терапевтката т.е. психологот, била у авионската несреќа, само не се сеќавала, изгубила помнење за несреќата. Многу истрипана ствар. :)
 

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
И еве зошто не сакам да ја отворам темава а камоли да пишувам.
Трилер со Spykids детски заплети оценет со 9/10, а сосем добар трилер глупав.
Вкусови се во прашање :smir:
А и темава стои за сите да си кажеме мислење колку што знам, а не да се согласиме дека еден филм е одличен, друг многу добар, трет не чини и слично...
Ако нејќеш да читаш разни мислења за разни филмови, немораш... Мене баш ме интересира и позитивни и негативни работи да ми каже некој за филмот, па јас да си одлучам дали ќе го гледам (ако го немам гледано)....
Се извинувам за оф топикот :)
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Вкусови се во прашање :smir:
А и темава стои за сите да си кажеме мислење колку што знам, а не да се согласиме дека еден филм е одличен, друг многу добар, трет не чини и слично...
Ако нејќеш да читаш разни мислења за разни филмови, немораш... Мене баш ме интересира и позитивни и негативни работи да ми каже некој за филмот, па јас да си одлучам дали ќе го гледам (ако го немам гледано)....
Се извинувам за оф топикот :)
Кога ќе пишеш оценка 9/10,образложи ја.
Немој да пробуваш да се вадиш на "вкусови се во прашање" делот,бидејќи во филмот има универзално глупи работи.
Затоа,напиши тука позитивни работи на овој филм.
И негативни,ако според тебе има.
 

Sacansi*

Oh, crystal ball!
Член од
4 април 2008
Мислења
2.746
Поени од реакции
68
Пред малку го гледав Transporter 3. Многу сличен филм со xXx, и Hitman. Добри глумци, малку приказната беше слична на xXx првиот дел но сепак интересен филм.
8/10 :smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom