Македонцки
мадрфакр
- Член од
- 23 ноември 2007
- Мислења
- 4.281
- Поени од реакции
- 634
Хоџа се закани дека пак ќе ја активирал ОНА
Ако веднаш не престанат полициските акции против поранешни членови на ОНА, ние ќе дадеме наредба за мобилизација и за реорганизација на бившата воена структура, се закани вчера Џезаир Шаќири-Хоџа, поранешен пратеник и командант на бившата ОНА, во изјава за новинската агенција ИНА.
- Бараме од политичкиот субјект во Владата, ДУИ и лично од Али Ахмети или да се дистанцира или јавно да ги поддржи ваквите акции. Ако продолжат вака, ние ќе дадеме наредба да се реорганизира ОНА за да се одбрани албанскиот народ - вели тој.
Според него, претресите и приведувањата на бившите членови на ОНА создале загриженост кај сите поранешни припадници на ОНА и кај албанскиот народ.
- Затоа и реагираме остро против Владата и тандемот Груевски-Мијалков. Таквите напади мора да прекинат оти ја преминаа црвената линија на трпението. Последен пат бараме од меѓународниот фактор да реагира за да се зачува мирот - вели Шаќири.