ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА: Кајганџии донираат - операцијата заврши успешно :)

Статус
Затворена за нови мислења.
Значи... комбето на ЦК тргна пред 20-тина минути од пред мојата зграда. Дојдоа експедитивно и ефективно: Дејан, госпоѓата чие име не го паметам и иксТрајчеикс кој излезе од факс за да помогне. Наполнавме гз преку глава цело комбе момци и девојки....

...со што официјалната акција на форумџиите од форумот Кајгана и Црвен Крст - е завршена, од нашиот дел, за реонот на Скопје. Очекувам Охрид и Струга да информираат за хепи-ендот и кај нив и во тек на вечерта да сумираме резултати и впечатоци. ЕДИТ: Струга, браво и за вас! Не се сомневав дека Дивајн ќе извлече максимум :)

Иако набрзина, докажавме дека со младелачката енергија и посветеност и поддршката и советите од постарата генерација, со сопствената несебичност и вложување, и со хуманоста која ја имаат Македонците во себе...постигнавме сосема солиден резултат.

Одлична иницијатива започната спонтано од еден "интересен" повод, која на крај се претвори во што се претвори и резултираше со повод за насмевка во повеќе домови, и желба за повторување на ваква и слични акции со подобрување на "скорот" отколку сега.

Честитки од мене до сите вклучени во акцијата, особени поздрави за луѓето кои донираа... најголема награда за секој од нас е да знае дека прави нешто несебично и вредно, да се почуствува корисен со мал влог кој се вика: дел од себе.

Затоа што сакаме,
затоа што можеме,
затоа што постојано учиме...

...и - успеваме :)


К за Кајгана, Н за Надеж.

браво.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ada
...со што официјалната акција на форумџиите од форумот Кајгана и Црвен Крст - е завршена, од нашиот дел, за реонот на Скопје. Очекувам Охрид и Струга да информираат за хепи-ендот и кај нив и во тек на вечерта да сумираме резултати и впечатоци. ЕДИТ: Струга, браво и за вас! Не се сомневав дека Дивајн ќе извлече максимум :)
браво.
Акцијата во Охрид заврши успешно. Беа собрани околу 200% повеќе ќеси/пакети со облека од минатиот пат, што според мене е повеќе од одлично. Поголема беше заинтересираноста денес отколку петокот што беше до некаде и очекувано поради лошото време пред 3 дена.:)
Фантом подоцна ќе постира слики од собраната помош.:smir:
 
Боби ман, те барав на мобилен да ти поткажам шо сме како сме.

Завршивме во Охрид пред саат и пол негде, денес бевме во постава Болиглава, џимеј, BOBI_KOSA, VeS, Емкаа и јас. Драстично поголем одзив отколку петокот, доаѓаа луѓе со џамбо ќеси, големи пакети, моравме на неколку пати да ги носиме од колите/комбињата до пунктот. За два дена организација, околу 600 флаери и 20 постери, плус прво организирање, мислам дека постигнавме повеќе од солидно. 9 пакети полни со облека, 5 џамбо ќеси до врв полни со облека, и околу 50 помали ќеси и мали пакетчиња. Се собра претежно облека за деца, иако имаше и неколку ќеси со облека за возрасни, кондурчиња за деца и една ќеса полна со играчки.

Јас лично сум презадоволен како главен организатор за Охрид, со оглед на тоа колку собравме за два дена, со вкупно 3 саати работа, еден час во петокот и нешто над два часа денес. Слика од собраното ќе постирам вечер накај 9.

Им благодарам на сите кои беа вклучени во акцијата, на целото форумџиско лоби на Кајгана низ Македонија, како и на охридските форумџии кои неуморно ја ширеа веста по интернет и телефон, па успеавме да ја постигнеме целта.

Се докажа дека кога се сака, се` се може. Ја завршивме оваа акција со надеж дека им ги разубавивме празниците на тие кои им беше потребна оваа донација. Здравје на пролет да организираме уште една акција, помасовна, похумана и поплодна од оваа.


Од Охрид за Кајгана, Фантом.
 
сите среќни и весели :pipi:

само можам да додадам дека од ЦК беа презадоволни :)
па се надевам дека ке има уште вакви акции:smir:
:salut: до сите што учествуваа во оваа хумана акција :)
 
сите среќни и весели :pipi:

само можам да додадам дека од ЦК беа презадоволни :)
па се надевам дека ке има уште вакви акции:smir:
:salut: до сите што учествуваа во оваа хумана акција :)
Како и да е јас мислам дека презадоволни ќе бидат Семејствата и оние луѓе кои ќе се пронајдат во нашите донации:smir:
 
Одлично сработено :vozbud: поздрав и браво до сите хумани кајганџии...напролет побогато
 
Се согласувам со Фантом и Болиглава, акцијава во Охрид мислам дек беше повеќе од успешна, наполнавме цело комбе.:back:
Иако бев само денес дефинитивно супер си поминав
 
За то како помина акцијата пишав погоре, еве сега слики од собраното.

29122008_001_971.jpg



29122008_005_258.jpg



29122008_007_800.jpg
 
Aлал вера!!!

Нареден пат вакви слики од ЦЕЛА земја има да создадеме!
 
Леле луѓе пресреќен сум :) Сликиве ме расположија до максимум!!! :vozbud::vozbud::vozbud:

Браво за сите што донираа (а ги имаше многу) и браво за сите нас кои мрзневме (и не се каеме) за доброто на многу семејства во Македонија!!!

Поздрав до сите и ајде на пролет уште една хуманитарка!!! (сметајте на мене и за тогаш) :helou:
 
Конечно стигнав на компјутер да рецензирам во кратки црти. Искрено, презадоволен сум од количината на собраните средства. Мило ми е што дојдоа толку хумани луѓе, со срце да донираат.
Истовремено некои се распрашуваа кога ќе има нареден пат ваква акција. Од оваа очекувањата и те како се исполнија, среќен сум што обезбедивме насмевка и задоволство кај лицата на кои стварно им е потребно тоа, особено сега во новогодишна атмосфера.
 
Па ние сме биле џверој бе, дури кога ги земаше тој со комбето од црвен крст не му се вервеше дека се ова го иаме собрано. И прашвеше кој сте вие, од која ангенција ова она, а и поздрав до кајгана и едно големо браво за иницијаторите на акцијава. :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom