ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА: Кајганџии донираат - операцијата заврши успешно :)

Статус
Затворена за нови мислења.
Ако не можеш од школо да се извадиш (што и не ти препорачувам да се вадиш,бегаш и слично),доволно ќе биде да донираш нешто :smir:
 
..Бреј, од памет ме извадивте со известувањево...:)...Сметајте на мене, со задоволоство би помогнала [ако можам да се извадам од школо]
Мое дело, поефективно од банер во секој случај :)

Спремивте кутиите?

Значи да се разбереме, акцијава е во среда (утре), петок и сабота.
Ако поради некоја причина не можете да поминете првиот ден, не заборавајте на останатите. Нормално, и да заборавите - ќе ве потсетиме ние.
 
За штандот у Бисер, некој кој не оди на факултет или школо, ај да ме замени. За сите термини во неделава.
Среда и сабота можам да присуствувам. Среда на плоштад, сабота во Бисер.
Јас ќе ти се придружам во сабота во Бисер, ама предходно не, за жал..
 
Заедно учиме со ПараноиК. Ако не можеме да се извадиме од училиште, ќе ги оставиме донациите во Црвен Крст, секогаш таму ги носам моите стари работи кога правам чистка низ дома, ќе му се најдат на некому. Нивна одлука каде ќе ги однесат потоа.

Бива таму да ги однесеме?

едит: сега видов дека може и другите денови. Се гледаме во петок. :)
 
Поради преокупираност со школо можам да се појавам само во сабота доколку подолжи акцијава. Нема да ми биде проблем ниту да делам флаери или да седам на штанд. Баш напротив, ќе ми биде задоволство. Значи доколку во сабота продолжи акцијава, јас се пријавувам за волонтирање :) :helou:
 
Флаерите се прават :)
Псај ме праша за А4 формат постер во боја со логото на Кајгана, за на штандовите... Нема проблем, само дајте ми припрема :) Ако може пак Точкест или било кој...
Јас денес ќе делам во школо флаери, а како да ви дадам и вас?
 
Може ли да се стави и по некој флаер по кафичиве...така многу побрзо ќе се разгласи
 
Добра идеа :) Ќе поминам и во неколку кафичи да оставам :wink:
 
би дошол, ама далеку е до ск... ајт у некоја друга прилика...
 
Магде, ај пиши јавно:) каде ќе бидеш во Ѓорче?
Јас да смислам дали повеќе ми одговара да одам накај Центар или накај Ѓорче.
Успат ќе ви донесам топло чоколадо, ќе смрзнете бе, душички хумани:)))
за тие што сакаат директно кај мене да ги донесат работите(зашто нели кај мене ќе биде магацинот) нека ме исконтактираат по пп или на профил да не умараме на темата.

иначе јас сум на плоштад во петок од 17-19 и во сабота во двата термина.

едит:
абе,а да направам копија од флаеров и да појдам до основново школо кај мене и до градинката,да се претставам дека сум дел од акцијава и да ги ангажираме и нив,а?
 
Ако можам ќе пробам да организирам нешто во Струмица, само лошо што сум сега втора смена, ама мислам дека ќе имам време да одам прво до Црвен Крст во Струмица да ги прашам нив дали тие се запознаени со акцијата, па потоа ќе пробаме да се организираме да донираме и ние Струмичани нешто :)

едит - Сега се сетив, прва помош треба да полагам во Црвен крст па ќе прашам право и за тоа.
Ако има други Струмичани кои се заинтересирани за акцијава, нека ми пишат на профил.
 
Добра идеа :) Ќе поминам и во неколку кафичи да оставам :wink:
Ева,сметај и на мене ако треба некаква помош за раздавање во флаерите:wink:.Јас денес ќе видам што ми е на располагање,цврсто и неоштетено,па ќе донесам:)
 
Јас сум втора смена... Нема да можам :(. Сестра ми (babydol) исто...
Ама ке се снајдеме да ги пратиме работиве по некого (Јоване најверојатно ке се обратиме до тебе :smir:)...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom