ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА: Кајганџии донираат - операцијата заврши успешно :)

Статус
Затворена за нови мислења.
Во кој дел од постот налета на иронија? Сеедно.

Ако си имате модератори од Битола, слободно нека организираат, ја не сум ни модератор, ни админ, ни семоќна да се договорам со 30 центри на Црвен Крст и 24,977 форумџии.
Идејава може да ја превземе било кој и истата да го инспирира да организира слична акција и во својот град. Јас од тука не можам да ве договорам кај да се чекате, кај ќе донирате, кој ќе доаѓа, кај ќе складирате итн.

И немој лекции за висок морал, те молам; ако сакаш да се докажеш како морален и паметен, организирај сам-АКО можеш.

Темава не е за тоа и не го тупи со вонтематски глупости.
 
PSYtisfaction;2018055 Средствата потоа ќе бидат пренесени во [B напиша:
Црвен Крст[/B] во Кисела Вода, од каде што ќе ги распределат по социјалните семејства.

Секој што може и сака да помогне, во дадениот термин и дадената локација ќе биде љубезно пречекан од мала група на симпатични форумџики, кои со насмевка ќе ви заблагодарат за несебичниот акт. :pipi:
Ќе има и форумџии, ама они не се битни.

Не се двоумете и одделете час од вашето време, присоберете нешто од стара облека по дома (не е важно колку е стара, важно да е здрава и нослива) и оставете ни го на Плоштад.

За секој однесен пакет добивате бакнеж од мене и колешките и момент на среќа кај некого на кого му е потребна; за секое неучество, добивате клоца.
.

Ако има прашања, пријавувања, било што-слободно.
Еве болдираното...заначи не ми е гајле мене кој ќе биде таму,јас сакам да донирам
Кога сакам нешто да донирам не ми треба мене некоја симпатична форумџивка да ме пречека,ми треба чоек кој од срце ќе ми се заблагодари...а ти сигурна дека ти ќе бидеш таа?
 
За да не отвараме посебни теми за секој град, секој кој сака да се нафати со собирање донации, нека напише тука кој град до претставува и како планира да го изведе тоа. Потоа, може да си стави во потпис инфо (кое ќе е различно од Скопјаниве) и да се потруди да исконтактира со кајганџиите од неговиот град, за да си помогнат и да го рашират муабетот.

За Струга останувам јас. Стружани ваљда знаете каде ми се наоѓа интернет кафето ( ако не - XP, позади хотел Београд), па од вечер (Вторник) до крајниот рок (мислам дека е тоа 29 Декември), секој ден од 10 до 05h ќе може да повелат и да донираат што можат и сакаат, во кутиите кои ќе бидат поставени за таа цел.
Ако не организира никој во Охрид, нека дојдат слободно и охриѓани кај мене. Блиску сме, па се надевам нема да биде проблем краткиот пат, за една ваква хумана работа, мала за нас но со големо значење за некој друг. Слободно повикајте и некој друг со вас, кој може да даде допринос.
За возврат, ако ме најдете тука, ќе ве почастам најубаво кафе уз пријатна новогодишна атмосфера, а ако не, слободно побарајте од вработениот кого ќе го најдете тука, доколку и сам не ве понуди. :pipi:
Ако имате други прашања, обратете ми се слободно на профил или со приватна порака. Ви благодарам однапред на сите кои ќе се приклучите на оваа акција.:smir:
 
Ако сеуште немате најдено кола барајте ме,слободен сум попладнечки.
 
ете,најдена е и кола,мад макс е од ѓорче,таман за до кај мене да се однесат стварите.
јас во среда ќе бидам таму кај 7 вечерта,па макс дојди и ти,ако треба да се постои уште-ќе стоиме или одма носиме се у кола и право кај мене.

биват?:)
 
ете,најдена е и кола,мад макс е од ѓорче,таман за до кај мене да се однесат стварите.
јас во среда ќе бидам таму кај 7 вечерта,па макс дојди и ти,ако треба да се постои уште-ќе стоиме или одма носиме се у кола и право кај мене.

биват?:)


Магде, сите собрани работи одат кај тебе во складиште? Таман ја можам директ кај тебе да донирам, за да не тегнам кутии до плоштад за експонација, а баш сакав да ја видам Ива... али ај друг пат, коа ќе донираме нешто друго :)
 
Магде, сите собрани работи одат кај тебе во складиште? Таман ја можам директ кај тебе да донирам, за да не тегнам кутии до плоштад за експонација, а баш сакав да ја видам Ива... али ај друг пат, коа ќе донираме нешто друго :)
ете така,ти пишав и на профил.
ако некој од ѓорче,влае,кондово,сарај....не може да оди накај плоштад слободно нека ме исконтактира ќе ви кажам каде да ги донесете во ѓорче работите,ќе ве пречекам негде.

и луѓе разгласувајте по комшии,пријатели,колеги...
 
Среда во 5 сум на плоштад. Вчера не пишав, заради обврски, не заради пасивност. Ќе ги донесам сите алишта што ми се собрани.
 
Магде, ај пиши јавно:) каде ќе бидеш во Ѓорче?
Јас да смислам дали повеќе ми одговара да одам накај Центар или накај Ѓорче.
Успат ќе ви донесам топло чоколадо, ќе смрзнете бе, душички хумани:)))
 
Ај ако може некој админ да стави горе под овој дел -
Кориснички панел НПП Членови Календар Радио и ТВ Нови мислења Барај
menu_open.gif
Брзи линкови
menu_open.gif
Видео Одјави се
да има едно известување како за собиранки/родендени што ставате нон стоп да стои и да има линк до темава.
 
Ај ако може некој админ да стави горе под овој дел -
Кориснички панел НПП Членови Календар Радио и ТВ Нови мислења Барај
menu_open.gif
Брзи линкови
menu_open.gif
Видео Одјави се
да има едно известување како за собиранки/родендени што ставате нон стоп да стои и да има линк до темава.
Пробав, има проблем со плагинот за известувањата.
Ако може да направи некој банерче, радо би го ставил.

Иначе, ќе има нешто како штанд? Од Црвен Крст да се „позајми“ можеби?
 
До кај сме со печатење/дистрибуирање на леткиве и дали ќе има луѓе и на двеве места во сите наведени денови и термини?

Јас можам на плоштад да бидам трите дена од 17-19.
Плус дали ќе има превоз на тоа што ќе се собере за сите денови...

И плус што бидна со текстот за медиуми (весници), и еден за на Кајгана би требало да има...
Иначе, ќе има нешто како штанд? Од Црвен Крст да се „позајми“ можеби?
И, да... масиче некакво нешто, некој...?
 
За штандот у Бисер, некој кој не оди на факултет или школо, ај да ме замени. За сите термини во неделава.
Среда и сабота можам да присуствувам. Среда на плоштад, сабота во Бисер.
 
..Бреј, од памет ме извадивте со известувањево...:)...Сметајте на мене, со задоволоство би помогнала [ако можам да се извадам од школо]
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom