PSYtisfaction
Царевата ќерка
- Член од
- 30 јуни 2006
- Мислења
- 3.922
- Поени од реакции
- 527
-Тек на настани-
Акција 1 (среда 24.12.2008 - завршена);
Акција 2 (петок 26.12.2008 - завршена);
Акција 3 (сабота 27.12.2008 - завршена);
На ден 27.12 (сабота), во периодот од 13до 19 часот (па и подолго ако е потребно), на Плоштад Македонија (во близина на пицеријата „Дал Фуфо“) и ТЦ Бисер ќе биде поставен штанд на кој секој хуман форумџија ќе може да го даде својот придонес за помош на оние на кои им е најмногу потребна.
Донираните средства може да подразбираат (здрава и испрана) облека, играчки и трајна храна (со подолг рок на траење). Средствата потоа ќе бидат пренесени во Црвен Крст во Кисела Вода, од каде што ќе ги распределат по социјалните семејства.
Секој што може и сака да помогне, во дадениот термин и дадената локација ќе биде љубезно пречекан од мала група на симпатични форумџики, кои со насмевка ќе ви заблагодарат за несебичниот акт.
Ќе има и форумџии, ама они не се битни.
Не се двоумете и одделете час од вашето време, присоберете нешто од стара облека по дома (не е важно колку е стара, важно да е здрава и нослива) и оставете ни го на Плоштад. Секако, акцијава не е строго за кајганџии, може да разгласите по луѓе за да може да помогне секој кој има желба.
За секој однесен пакет добивате бакнеж од мене и колешките и момент на среќа кај некого на кого му е потребна; за секое неучество, добивате клоца. Океј, не тепаме, ама кога секој има дома стара облека која и онака ќе ја фрли, срамота е да не ја даде каде што би била корисна.
Се надеваме дека одѕивот ќе биде солиден, акцијава успешна, а неколку социјални семејства потпомогнати.
Ако има прашања, пријавувања, било што-слободно.
Надополнето од Acid:
Акцијата заврши успешно! Ви благодариме на сите!
Еве некои фотки од текот на акцијата на Плоштад Македонија: