Па како прво повеќето од тие семејства се од некои области каде што за да има човек работа треба да патува можеби со километри и тоа пешки,затоа што тие средини се заборавени и од господа,а не камоли од владата...Второ можеби
и се во поодминати години,а кој во денешно време кој е во тие години може да најде работа.За тоа со децата,сепак сексуалниот нагон е во прашање и секако треба да се задоволи некако,а со немање пари да се купи заштита(а тука како фактор може да има и местото на живеење затоа што такво нешто не може ни да се најде) произлегуваат дечињата...Но секако има и такви паразити кои чекаат на другите луѓе,е тие се навистина за сожалување,затоа што ги раѓаат децата за поголема социјална помош(мислам на пари,но и на други основни ствари)..За тие емисии кои се појавуваат,луѓето не се пријавуваат сами,туку самите емисии ги бараат нив,и мислам дека не заради нивната хуманитарност,туку заради рејтингот што можат да го добијат во врска со гледаноста,но не викам дека нема исклучоци....Секако кога би можела владата да им помогне на тие луѓе,но не со социјална помош,туку со наоѓање за нив некоја достојна работа(макар што мислам и со малку би се задоволиле) би било супер.Нно за жал додека секој е зафатен со полнење на својот џеб,и со обезбедување на својата иднина,а кои треба да се грижат за иднината на целиот народ,ќе бидат слепи за луѓето кои го преставуваат сиромашниот слој на општеството....