Пад на нафтата на светската берза.

  • Креатор на темата Креатор на темата stefan_tm
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
29 август 2008
Мислења
255
Поени од реакции
23
Колку што слушам нафтата на светска берза паѓа на 35 долари за барел а кај нас на 1 евро за литро.

Македонци ке се освестите ли некогаш?
 
19.12.2008 09:54
nafta-pumpa.jpg
Големиот пад на цената на нафтата е доказ дека економската криза е во полн ек
Лесната сурова нафта за испорака за јануари денеска на Њујоршката стокова берза се намали на 33,44 долари за барел, што е најниска цена од 2 април 2004 година.
Цената на нафтата денеска забележа пад поради стравувањата дека светската економија ќе западна во уште поголема рецесија од сегашната, што се смета за најголем во изминатите четири и половина години.
Цената на нафтата е намалена за околу 77 проценти во однос на јулскиот рекорд од 147,27 долари за барел.
Европскиот брент, за испорака за февруари, пак се зголеми за 81 цент и достигна цена од 44,17 долари за барел.
Економски аналитичари велат дека цените на нафтата можат да бележат уште поголем пад поради глобалната финансиска криза.
 
за една недела би требало и кај нас да падне цената.

таа регулаторната комисија се мислам оти се состанува на секои 2 недели за да ја промени цената на нафтата.

но проверете дали е иста цената на лондонската и на берзата на њу јорк оти ние по цената на лондон ја рачунаме нафтата.
 
за една недела би требало и кај нас да падне цената.

таа регулаторната комисија се мислам оти се состанува на секои 2 недели за да ја промени цената на нафтата.

но проверете дали е иста цената на лондонската и на берзата на њу јорк оти ние по цената на лондон ја рачунаме нафтата.

Ajde be a ti kao nekoj ekonomist si a?
 
Нафтата падна на 33.78 долари пред некој ден...во четвртокот (дури после ОПЕК состанокот за намалување на производството). наеднаш рипна за 12 саати за 10 долари. Сега пак е 42 долари. Ама бидејки се гледа просечна цена, ќе намалат бензините за 1-2 денари.
 
Цената се регулира на секои 2 недели.

Сега ќе се регулира понеделник вечерта..за вторник значи.
Цената ќе падни. Некој денар можеби.
 
!!!

Во секој случај цената та нафтата е падната за цели 50% а каде е поефтинувањето кај нас!? Тоа ми беше идејата за темава!
 
може да падне и за 90 % реалната цена сега е за 1 литар дизел гориво 28 денари за литар бензин 32 денари но некој сиги полни ѓебовите и тоа убаво иначе нашава нафта овде шоја увезува окта нее од лондонскиот бренд туку касписка нафта којае 29,45 долари за барел
 
Еуродизелот и Екстра лесното гориво од ноќеска на полноќ поевтинуваат за четири денари по литар, ЕУРОСУПЕР-98 за два, a ЕУРОСУПЕР-95 и МБ-96 за 1,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Според одлуката на Комисијата, малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 6,45 проценти.
Литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе се продава по 48,50 денари, ЕУРОСУПЕР-98 за 49,50, а МБ-96 51,50 денари.
Новата цена на литар ЕУРОДИЗЕЛ е 43,50 денари, на Екстра лесното масло за домаќинство 32 денари, а Екстра лесно масло за домаќинство-1 (ЕЛ-1) 32,50 денари.
Малопродажната цена на мазутот М-2 се намалува за 1,446 денари за килограм и изнесува 14,331 денари.
 
може да падне и за 90 % реалната цена сега е за 1 литар дизел гориво 28 денари за литар бензин 32 денари но некој сиги полни ѓебовите и тоа убаво иначе нашава нафта овде шоја увезува окта нее од лондонскиот бренд туку касписка нафта којае 29,45 долари за барел

Така е господине само се прашувам дали сето тоа мора да се трпи и до кога? Што се случува со народот, зошто молчи?! Каков е овој народ што не знае да каже ДОСТА Е!? Луѓе освестете се не исцедија начисто,ке ни трпат децата за леб!! ајде да кажеме :nenene:
 
кај нас цената падна за 1/4 а на светска падна за на 1/3 од цената во јули:tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom