Успешно заврши мисијата „Слобода за Ирак“?

Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Одлични се клипчињата погоре, но музиката е катастрофа - не знам дали може да се нарече ни музика. Клипчињата како второто едноставно не можат да се догледаат заради таа грозна бука. Кој ги праел треба да ја смени музиката и дастави нешто соодветно.
 
Член од
9 октомври 2007
Мислења
1.126
Поени од реакции
24
Да бе еве еден од нив:


http://www.generals.dk/general/Mihov/Nikola_Mihailov/Bulgaria.html

или овој:



Или овие двајца во Штип?



Eве уште “Бугарски партизани“ како им “помагаат“ на Евреите да заминат за Треблинка:
http://www.ushmm.org/wlc/media_ph.php?lang=en&ModuleId=10005451&MediaId=807
Негираш дека за време на 2-та Светска војна во Бугарија имало партизанско движење и дека тоа се борело со монархо-фашистичката влада на Бугарија?
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Кој ќе напише оф топик оди на перманентен бан.


.
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
2.201
Поени од реакции
86
Три познати американски филмски компании ќе снимаат филм за првиот контигент на македонски војници во Ирак, кои спасија американски војници и за тоа добија американски воени одликувања.
Сценариото ќе биде според вистински настани, но имињата на македонските специјалци ќе бидат изменети заради нивна заштита. „Преговорите се при крај со три нивни филмски компании чии имиња не можат да ги соопштам, бидејќи преговорите се во тек. Мора да се доработи книгата со повеќе настани кои нив ги интересираат за американските војници“, изјавува еден специјалец.
Филмските компании добиле идеја за филм по објавувањето на македонската книга за мисијата на македонските војници во Ирак, напишана од Методи Хаџи Јанев, припадник на АРМ, кој учествуваше во операцијата „Слобода за Ирак“ на почетокот на воените акции од јуни до декември 2003 година.
„Ќе се третираат настаните за спасувањето на нивните војници во Ирак, доаѓањето на македонските војници на ирачко тло и нивните подготовките за мисијата. Мислам дека ќе бидат опишани 5 вистински акции на македонските војници“, додава изворот.
Македонските војници ќе ги глумат американските актери кои ќе треба да го учат и македонскиот јазик за филмот да биде што пореален.
Филмот има голема поддршка од голем број на американски конгресмени и сенатори кои на средината од годинава ја добија англиската верзија на книгата.
„Книгата е однесена во Америка и е раздадена на конгресмените и нивните сенатори. Значи, околу 500 примероци веќе се таму раздадени“, вели изворот.
Доколку филмот, кој треба да се појави идната година, доживее финансиски успех, филмските компании најверојатно ќе снимат и негово продолжение по теркот на воените филмови за војната во Виетнам.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=102024

Е ова би сакал да видам како ке испадне.Плус ке биде во наша полза со оглед на тоа како Американците подлегнуваат на пропаганда од ваков тип како филмовите на пример.
Во секој случај уште една потврда за добрата подготвеност на нашите момци.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=102024

Е ова би сакал да видам како ке испадне.Плус ке биде во наша полза со оглед на тоа како Американците подлегнуваат на пропаганда од ваков тип како филмовите на пример.
Во секој случај уште една потврда за добрата подготвеност на нашите момци.
Материјал за филм има..еве срамежливо излегуваат на виделина некои од активностите на нашите војници...

МАКЕДОНСКИТЕ КОМАНДОСИ - РАСКАЖУВААТ ЗА МИСИЈАТА ВО ИРАК


Пеколен пат до Вавилон

За пет и пол години македонските војници извршиле повеќе од 1.600 борбени мисии во Ирак, но првото сеќавање им е пеколно жешкото сонце

Локалното население се зближи со коалициските сили меѓу кои беа и Македонците


Пеколно жешко,а од песокот не се дише. Тоа се првите зборови за операцијата во Ирак на најголемиот дел од елитните војници на АРМ кои учествуваа во пет и полгодишната мисија во пустинската земја. Во првата борбена операција на модерната македонска војска надвор од татковината учествуваа 479 припадници на Полкот за специјални операции на АРМ, кои од Американската армија, со која оперираа, добија 98 одликувања за борбени достигања. Во единаесет шестмесечни ротации на силите, во базата во Таџи се менуваа специјалните сили „волци“ и ренџерите на АРМ.

- Отидов прво заради предизвик, бев млад офицер, неполни две години во армијата - ја почнува приказната млад офицер на специјалните сили. Тој и неговите соборци од првиот контингент во операцијата „Слобода за Ирак“ беа првите македонски војници во борбена мисија надвор од Македонија. Првите командоси отидоа во Ирак во јуни 2003 година, во непозната земја во која тукушто беше извршена инвазија и секојдневно се водеа борби.

- Пред да појдеме, неизвесноста беше голема. Не само поради тоа што не ја знаевме земјата туку малку се знаеше и што се случува со операцијата, до каде се коалициските сили, каде има борби... Во Багдад стасавме во два по полноќ, со директен лет со американски авион. Се' беше затемнето зашто наоколу се пукаше, аеродромот беше напаѓан. Пилотот неколкупати се обидуваше да слета, но се откажуваше поради нападите. Кога слетавме и првпат стапнавме на ирачка почва, не' удри топол бран. Тоа беше првиот впечаток за Ирак. Топол бран и пукање. И по полноќ, температурата беше 30 степени - раскажува офицерот.


ЗЕМЈА ВО ХАОС

Откако ја истовариле опремата, македонските специјалци ја минале ноќта на аеродромот. Со утрото ги виделе и првите сцени од Ирак.

- Кога зазори, во конвој тргнавме кон Таџи. Секаде каде што минавме владееше тотален хаос. Минувавме покрај запалени возила, американски тенкови, ирачки цивили... На сите страни се ширеше мирис на нечистотија и на изгорено, врелина и прав - вели „волкот“.Во базата во Таџи, Македонците го добиле најиздадениот објект на источната страна на огромниот комплекс, широк осум и долг 10 километри. Најблиската единица во базата била сместена на повеќе од три километри од македонските командоси.

- Првите недели живеевме од сувите оброци што си ги носевме, а долго потоа и од американските МРЕ (кратенка за оброк подготвен за јадење) и од флаширана вода. Низ базата кружеше џип „хамви“ натоварен со големи коцки мраз и ќе фрлеше една пред нашиот објект. Тоа ни беше „фрижидер“ и разладување. Се капевме во кофи, истовремено перејќи ги и униформите. Но, барем сушењето не беше проблем. Додека ги закачуваш последните алишта на јажето за сушење, првите веќе се суви - се сеќава офицерот.

Поради состојбата во која била базата, тој првите 45 дена немал никаков контакт со семејството. Дури потоа војниците добиле сателитски телефон и неколку минути за разговор со семејството. Но, иако базата речиси не функционирала, војниците од почеток работеле со полна пареа. Американската единица во чиј состав биле македонските „волци“ веднаш им доделила специјални задачи.

- Американците веднаш не' прифатија како специјални сили и ни доделија такви задачи. Веќе вториот ден ја добивме и првата задача - снајперска мисија. Требаше во заседа да чекаме двајца напаѓачи, кои минувале со мотор и со рачен ракетен фрлач (РПГ) ја гаѓале базата. Ги дочекавме, но дента не стрелаа, па не стрелавме ни ние - раскажува офицерот.Кога ќе побарате да ви раскажат некоја борбена акција, војниците на елитната армиска единица се погледнуваат меѓу себе и во глас прашуваат - кусо или интересно? Меѓу „авантурите“ што ги доживеал во Ирак, офицерот на „волците“ го раскажува и случајното „заземање“ на Наџаф.

- Требаше да земеме еден наш офицер од Вавилон. Патот дотаму е долг, опасен и мачен. Згора на се', го згрешивме патот и по грешка влеговме во Наџаф. Дотогаш таму немаше влезено ниедна коалициска единица. По грешка, ние станавме први. Луѓето не' гледаа од тераси, на првиот кружен тек брзо го свртевме конвојот и излеговме од градот. На враќање од Вавилон, ноќе, ни пукна гума на еден од „хамвите“. Брзо се распоредивме за да го обезбедиме конвојот. Околу почнаа да се слушаат пукотници, почнаа да се собираат луѓе. За белја, гумата беше заглавена околу тркалото и одвај ја ослободивме. Мораше да ја сечеме со ножеви. Патот до Багдад тоа „хамви“ го помина на три гуми и бандаж.


ВОЈНИЦИ

Во декември 2003 година „волците“ од првиот контингент во Балад ги пречекале своите наследници во мисијата. Новите војници ги пречекало и платно со поздрав „Добре дојдовте, гуштери“.

- Кога се менуваат контингенти, чувствата се измешани. Прашуваш како е дома, што има ново... Тој што си оди се смее, тој што доаѓа е збунет. Ама уште не е готово, остануваат последните мисии, кога новите треба да ги запознаеме со зоната, со луѓето, со задачите... - велат ветераните од Ирак. Вториот контингент добил постојана авијациска поддршка од американски хеликоптери и првото интернет-кафе во базата. Но воените болничари се' уште биле ретката, ако не и единствената медицинска помош во Таџи.

- Еднаш бевме придружба на тим за цивилни односи во едно школо. Ни пријде еден повозрасен Арап и ни се обрати на српски. Студирал во Белград. Со себе имаше седумгодишно девојче со вкочанет врат и побара помош. Се обидовме да му помогнеме. По два месеца, имавме поставено контролен пункт на автопат и прегледувавме возила. Ни пријде пар Арапи, сопруг и сопруга, и почнаа да ни зборуваат, да мавтаат со раце, нешто да ни кажуваат. Некое време водевме македонско-арапско-англиски разговор, додека дојде преведувачот. Тогаш разбравме дека се родители на девојчето и дека ни се заблагодаруваат. Милион пати ни се заблагодарија - се сеќава „волк“, главен болничар во вториот контингент.

За пет и пол години, македонските сили за специјални операции во Ирак извршиле повеќе од 1.600 борбени мисии, од борбени патроли, заседи, снајперски мисии, спречување напади, упади во објекти до обука на новата ирачка армија. Извршивме упад во куќа и имаше двајца ранети Арапи. Почнав да им давам прва помош и додека ги преврзував, добивме наредба да се извлекуваме зашто е можно да бидеме нападнати. Ранетите ги пренесовме во кошницата за товар на едно „хамви“ и веднаш тргнавме. Сите постапки од првата помош и местењето на инфузијата, ги направив во кошницата на „хамвито“ што јуреше - раскажува болничарот.

КАКО НА ФИЛМ

Негов колега од полкот, ренџер што двапати бил во Ирак, вели дека и ситуацијата и земјата и расположението на народот се менувале со текот на времето, но сите контингенти имале турбулентен престој. Тој бил во Ирак со четвртата (декември 2004) и со десеттата (декември 2007) ротација на силите.

- Мисиите беа различни од контингент до контингент, но и интензитетот на акции се намалуваше со времето. Првиот и вториот пат беа поинакви и мисиите и земјата. Ирак беше поинаков. Кога вторпат отидов, работеа продавниците, маркетите, училиштата функционираа, улиците околу нив беа полни со деца. Кога минувавме, мавтаа и трчаа по нас, се собираа, знаеја дека ќе добијат нешто, чоколада, сокче. Се смени и односот на народот кон коалициските сили - вели ренџерот.Во меѓувреме, базата во Таџи станала вистински град - со телефони, интернет, базен и фитнес-сали, пожарникари и воена полиција што казнува за брзо возење. Но, ренџерот вели дека и тој се сменил меѓу двете ротации:

- Најголема разлика е знаењето. Кога се враќаш таму, знаеш каде одиш, што има, како изгледа сето тоа. Посвесен си за ситуацијата. Ги знаев местата, бев побогат со информации и искуство. Имав и поголема одговорност. Втората ротација беше полесна и мина побрзо. Со „десетката“ шесте месеци ми изгледаа како шест недели, но со „четворката“ - како шест години.Ренџерите во Ирак најчесто биле сили за брзи реакции. Во четвртата ротација, кога се спроведоа првите ирачки избори, имале и по 4-5 интервенции дневно. Просечно, секој контингент извел по околу 200 мисии.

Ренџер од петтиот контингент вели дека пред крајот на ротацијата, седум ноќи минале под отворено небо во операција што се спроведувала низ целата зона.

- Не ретко ја гаѓаа базата со минофрлачи и со ракети „на слепо“, каде што има најмногу луѓе и често имаше жртви. И тие не спијат. Еднаш во песочна бура ракети ни летаа над глава, ја гаѓаа базата, а ние не можевме да ги најдеме напаѓачите. Во сите такви ситуации реакцијата е механичка. Тоа е искуството и обуката. Тоа се подготовките - вели ренџерот. Сите реагираа како на филм, рече еден офицер на ренџерите додека примаше медал по завршената мисија.

- Таква реакција не' спаси и при експлозијата на импровизирана експлозивна направа, кога беше оштетен „хамви“ во десеттата ротација - вели двојниот ветеран од Ирак.Во жешката пустина и во пеколот на војната, македонските војници уште од почетокот среќавале сонародници-печалбари што работеле во фирмите за поддршка на армијата.

- Од почетокот имаше 20-30 нашинци, главно кумановци, кои работеа таму. Кога можевме, се дружевме. Празниците ги славевме заедно. Но, треба да додадеме и нешто за нас. Сите кажаа дека одат од предизвик, кариера. Така е. Но не само јас, најголемиот дел од војниците во мисии одат и од финансиски причини - велат ветераните од Ирак.
Обука за ирачките сили
Покрај борбените мисии, македонските специјални сили во Ирак изведуваа уште една карактеристична задача: обука на новата ирачка армија. Од ноември 2006 година „волците“ почнаа со курсеви за напредна обука на специјалните сили на ирачката армија. Според коалициските сили, македонските командоси ја изведувале најпродуктивната обука на ирачките војници.



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F9CE3F25FA89A14C94589DCB4CCED722
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
2.201
Поени од реакции
86
А уште колку има за раскажувањe ......Но треба на ова најмногу да се обрне внимание
Од ноември 2006 година „волците“ почнаа со курсеви за напредна обука на специјалните сили на ирачката армија
 

Kajgana Shop

На врв Bottom