Зошто во втората книга Кралеви пишува дека Охозој имал 22 години кога станал крал, а во втората книга на Летописи кажува дека имал 42 години кога станал крал ?
Дали имал 22 или 42 кога постанал крал?
Втора Книга Цареви
Глава 8
26 На Охозиј му беа дваесет и две години кога се зацари, а царуваше една година во Ерусалим. Мајка му се викаше Готолија, а му беше ќерка на израелскиот цар Амриј.
Втора Книга Летописи
Глава 21
2 Му беа четириесет и две години кога се зацари. Царуваше една година во Ерусалим. Неговата мајка се викаше Готолија, Амриева ќерка.
ПОТОА во Втората книга Летописи пишува дека Јорам таткото на Охозиј имал 38 години кога постанал крал, а владеел 8 години и умрел кога имал 40 години. Него го наследил син му Охозиј кој одма имал 42 години.
Значи таткото умрел кога имал 40 потоа одма го наследува синот кој во тој момент има 42 години.
Како може синот да биде постар од таткото само 2 години ?
Втора Книга Летописи
Глава 21
20 Му беа триесет и две години кога се зацари, а осум години царуваше во Ерусалим. Почина, а никој не зажали за него; и го погребаа во Давидовиот Град, но не во царската гробница.