Ве заколнувам, ерусалимски ќерки, ако го сретнете мојот возљубен, што ќе му речете? Дека јас изнемоштувам од љубов.
9 „Во што е твојот возљубен подобар од другите, о, најлична меѓу жените? Во што е твојот возљубен подобар од другите, па нè заколнуваш така?”
10 Мојот возљубен е бел и румен, повеќе од десет илјади други.
11 Неговата глава е како злато - чисто злато; кадриците од косата, како млади палмини гранчиња, црни како гавран.
12 Неговите очи се како гулаби над поточната вода. Забите му се како измиени со млеко, наредени во рамка.
13 Неговите образи се како леи со мирисливи билки; како благомирисно цвеќе, усните му се лилјани, од кои тече смирна.
14 Рацете му се златно прстење, полно со скапоцености; неговите гради - како извајани од слонова коска, покриена со сафири.
15 Нозете му се столбови од мрамор на златни подножја; растот му е како Ливан, величествен како кедар.
16 Говорот му е сладок и сиот е од
љубезност (махмад). Таков е мојот возљубен, таков е мојот пријател, ерусалимски ќерки!"
(
Песна над песните 5:8-16, Библијата)