Сакам решение Радица, не вреѓам јас.
ОК.
Божеството е бесконечно и не може да се сфати со човечкиот разум,но сепак познато им е на луѓето во онаа мера во која само решило да им се открие.Личностите на Тројството се откриле во својата пишана Реч-Библијата и преку отелотворувањето на Речта -Исус Христос.Писмото учи дека постои еден Бог како три посебни личности, како Тројство:
1.Бог-Отец-Сепак ние имаме само еден Бог Отец,од Кого се е, и ние сме во Него, и еден Господ Исус Христос,преку кого е се и ние сме преку Него.(1Кор.8,6).Еден е Бог и Отец на СИТЕ,кој е над се, и преку сите, и во сите нас (Ефес.4,6).
2.Бог - Син-Оти во Него телесно живее сета полнота на Божеството.(Колос.2,9). Да чекаме да се исполни блажената надеж и да се јави славата на великиот Бог Спасител,нашиот Исус Христос(Тит 2,13).
3.Бог-Свети Дух-Но Петар рече:Ананија,зошто го исполни сатаната срцето твое,да Го излажеш Светиот Дух и да затаиш дел од земните пари за нивата? Додека не беше ли твоја, и откако ја продаде,не беа ли парите во твоја власт?Зошто вложи во срцето твое таква работа?Ти не излага луѓе, туку Бога.(Дела 5,3.4).А нам пак ни го откри тоа Бог преку Својот Дух, зошто Духот испитува се па дури и длабините Божји. Бидејќи кој човек знае се, што има во човекот, освен човечкиот дух, кој живее во Него? Па така, и Божјото не го знае никој освен Божјиот Дух.(1Кор.2,10.11).Трите личности на Божеството се опишани во Библијата како личности кои меѓусебно одржуваат вообичаени односи.Тие, зборувајќи една за друга, употребуваат лични заменки(види:Мат.17,5;Јован16,13.28;17,1).Тие меѓусебно се сакаат и почитуваат (види:Јован 3,35;15,10;16,14).Отецот го праќа Синот (Мат.10,40),Синот се моли на Отецот (Јован 17,18), а Отецот и Синот го праќаат Светиот Дух како свој преставник (Јован 14,26;16,7).Личностите на Тројството се толку посебни,што можат да се обраќаат една на друга, да се сакаат една со друга и да делуваат хармонично во договор.Секоја од нив има посебна мисија што ја извршува дури и тогаш кога заеднички работат на такви дела како што се создавањето и откупувањето. Библиската изјава дека Бог е љубов (1 јов. 4,8)важи на ист начин за сите три личности на Божеството.Бог е љубов, а љубовта е релација, а за релација се потребни најмалку двајца.Всушност, за Бог да биде љубов, од вечноста морало да постои повеќе од една божествена личност. Кога Бог од вечноста би бил само една личност, тогаш неговата љубов би била ограничена на љубовта кон самиот себеси. Иако ниеден библиски текст не го споменува учењето за Тројството, тоа се подразбира како факт и библиските писатели го споменуваат неколку пати.