Прашања за Христијанството I

Статус
Затворена за нови мислења.
O

Omer el Faruk

Гостин
Ти во анкетата си го поделил Бог, со цел да манипулираш со резултатите.

"Зашто тројца се Кои сведочат во небото: Таткото, Словото и Светиот Дух; и Овие Три се едно"

Имаш греда у окото. Дури и да има раска во туѓото око, нема да можеш да ја видиш. Попусто бараш.
Пази ваму, не сум јас тој кој го поделил Бог, туку фалсификуваниот стих од Библијата кој го имаш вметнато погоре, а за кој верувам дека неси свесен ,бидејќи христијаните (посебно од протестантската деноминација) својствено на нивното сушење, лажење , немаат храброст да признаат дека овој стих е фабрификуван, измислен, со текот на времето исфрлан па вметнуван во Библијата.:toe:

А башка, ако тие три се едно, зошто гулабот (Светиот Дух) доби најмалу гласови на овие избори? :wink:
 
Член од
30 март 2010
Мислења
1.441
Поени од реакции
400
Од се по нешто Радица и на крај ништо :pos2:
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.009
Поени од реакции
83.392
Пази ваму, не сум јас тој кој го поделил Бог, туку фалсификуваниот стих од Библијата кој го имаш вметнато погоре, а за кој верувам дека неси свесен ,бидејќи христијаните (посебно од протестантската деноминација) својствено на нивното сушење, лажење , немаат храброст да признаат дека овој стих е фабрификуван, измислен, со текот на времето исфрлан па вметнуван во Библијата.:toe:

А башка, ако тие три се едно, зошто гулабот (Светиот Дух) доби најмалу гласови на овие избори? :wink:
Ти го подели Бог во анкетата, за да манипулираш со резултатите.

Последново прашање ти е само дел од анкетната провокација.
 
O

Omer el Faruk

Гостин
:nenene: Јас ништо не измислувам. 3=1, 1=3, НЕ Е моја измислица.:toe:
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
:nenene: Јас ништо не измислувам. 3=1, 1=3, НЕ Е моја измислица.:toe:
кога вие си толкувате некои работи, значи толкувате а не ги разбирате буквално како шо се напишани тогаш е Ок ... кога некој друг толкува нешто а не буквално тогаш не е Ок? хехе

него остај 3 = 1 или 3 != 1 ...
туку тие 3 работи се сваќаат и прават една целина (1 како целина) а не 1 во математичка смисла. :toe:

толку е едноставно ... и знам дека можеш и сваќаш на шо мислат .. не се прај зорле наивен :)
 

radica

never mind
Член од
21 октомври 2007
Мислења
599
Поени од реакции
36
:nenene: Јас ништо не измислувам. 3=1, 1=3, НЕ Е моја измислица.:toe:
3=1 1 1
1 1 1=3

Кој ќе го реши ова и ќе го направи 1 преминувам во Будизм :kesa:


Дали Бог сака да го делиш ?
Решете уште некоја равенка овде и нема да се двоумам да ве пријавам, макар и вечно да ме исфрлат од овој подфорум.
Многу се навредувате на провокации на ваша сметка. А кога е на наша е се дозволено.
Барем кога провоцирате направете го тоа на повисок стил:smir:
 
Член од
30 март 2010
Мислења
1.441
Поени од реакции
400
Решете уште некоја равенка овде и нема да се двоумам да ве пријавам, макар и вечно да ме исфрлат од овој подфорум.
Многу се навредувате на провокации на ваша сметка. А кога е на наша е се дозволено.
Барем кога провоцирате направете го тоа на повисок стил:smir:
Сакам решение Радица, не вреѓам јас.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.009
Поени од реакции
83.392
:nenene: Јас ништо не измислувам. 3=1, 1=3, НЕ Е моја измислица.:toe:
Не зборуваме за природата на Светото Тројство, туку за начинот на поставување на анкетата. Таму Тројството е поделено и дадено е да се гласа за едно. Еден одговор, кој не ја доловува во целост вистината.
Работата е што манипулацијата е видлива и намерата на поставувачот на анкетата - прозрена. Така, да нема потреба да ти појаснувам. Дури и смешно е.


И ти и останатите како тебе, Господ кој создал се, се обидувате да го сведете на проста равенка, со пуста надеж дека ќе ја оцрните туѓата вера.
Нема шанси да ви стане јасно дека со оцрнување на туѓото, сопственото нема да засветли.
А друга работа е тоа што у ствари со ваквите појави оцрнувате нешто друго од намереното и оние кои ќе прочитаат на Кајгана, заради неколкумина, добиваат погрешна слика за Исламот, впрочем слично како во RL.


Ако за вас Господ претставува равенка или можност за манипулирање со анкети, тогаш нека ви е напомош.
 

radica

never mind
Член од
21 октомври 2007
Мислења
599
Поени од реакции
36
Сакам решение Радица, не вреѓам јас.
ОК.
Божеството е бесконечно и не може да се сфати со човечкиот разум,но сепак познато им е на луѓето во онаа мера во која само решило да им се открие.Личностите на Тројството се откриле во својата пишана Реч-Библијата и преку отелотворувањето на Речта -Исус Христос.Писмото учи дека постои еден Бог како три посебни личности, како Тројство:

1.Бог-Отец-Сепак ние имаме само еден Бог Отец,од Кого се е, и ние сме во Него, и еден Господ Исус Христос,преку кого е се и ние сме преку Него.(1Кор.8,6).Еден е Бог и Отец на СИТЕ,кој е над се, и преку сите, и во сите нас (Ефес.4,6).

2.Бог - Син-Оти во Него телесно живее сета полнота на Божеството.(Колос.2,9). Да чекаме да се исполни блажената надеж и да се јави славата на великиот Бог Спасител,нашиот Исус Христос(Тит 2,13).

3.Бог-Свети Дух-Но Петар рече:Ананија,зошто го исполни сатаната срцето твое,да Го излажеш Светиот Дух и да затаиш дел од земните пари за нивата? Додека не беше ли твоја, и откако ја продаде,не беа ли парите во твоја власт?Зошто вложи во срцето твое таква работа?Ти не излага луѓе, туку Бога.(Дела 5,3.4).А нам пак ни го откри тоа Бог преку Својот Дух, зошто Духот испитува се па дури и длабините Божји. Бидејќи кој човек знае се, што има во човекот, освен човечкиот дух, кој живее во Него? Па така, и Божјото не го знае никој освен Божјиот Дух.(1Кор.2,10.11).Трите личности на Божеството се опишани во Библијата како личности кои меѓусебно одржуваат вообичаени односи.Тие, зборувајќи една за друга, употребуваат лични заменки(види:Мат.17,5;Јован16,13.28;17,1).Тие меѓусебно се сакаат и почитуваат (види:Јован 3,35;15,10;16,14).Отецот го праќа Синот (Мат.10,40),Синот се моли на Отецот (Јован 17,18), а Отецот и Синот го праќаат Светиот Дух како свој преставник (Јован 14,26;16,7).Личностите на Тројството се толку посебни,што можат да се обраќаат една на друга, да се сакаат една со друга и да делуваат хармонично во договор.Секоја од нив има посебна мисија што ја извршува дури и тогаш кога заеднички работат на такви дела како што се создавањето и откупувањето. Библиската изјава дека Бог е љубов (1 јов. 4,8)важи на ист начин за сите три личности на Божеството.Бог е љубов, а љубовта е релација, а за релација се потребни најмалку двајца.Всушност, за Бог да биде љубов, од вечноста морало да постои повеќе од една божествена личност. Кога Бог од вечноста би бил само една личност, тогаш неговата љубов би била ограничена на љубовта кон самиот себеси. Иако ниеден библиски текст не го споменува учењето за Тројството, тоа се подразбира како факт и библиските писатели го споменуваат неколку пати.
 

ChocolateBuddha

one of a kind
Член од
4 мај 2010
Мислења
47
Поени од реакции
11
ПРАШАЊЕ:

Со која цел е создадено христијанството и кој е тој човек кој самиот себеси си дал право да го искористи името на Исус како бренд за создавање на религија, кога знаеме дека Исус не зборувал за никакви цркви, храмови, попови или религија?

ПРАШАЊЕ 2:

Каков удел христијанството има во глобалниот духовен напредок на човештвото и што променило кај луѓето (на позитивно) за разлика од времето кога не постоело христијанството (направете споредба)?

ПРАШАЊЕ 3:

Зошто христијанството е ширено насилно?



Да разграничиме само едно нешто: Не мешајте го Исус со христијанството додека ги одговарате овие прашања. Немојте црните точки на христијанството да ги затскривате зад Исус, бидејќи ликот и делото на Исус се искористени за создавање на религија како оваа, но без никаков удел на Исус.

Сума сумарум: Китење со туѓи перја со цел контрола над масите.

Исус бил просветлен човек и нема врска со денешното христијанство. Само на сегменти се кажува неговата реч, и тоа делумно и половично. Додека целосно се става неговиот лик и дело како лик на самото христијанство. Какво лицемерие. Мислам дека преку горенаведеното одговорив делумно на поставените прашања. Сепак, чекам конкретен одговор од експерти.

Поздрав
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Ајде бе Чорбаџија, ти сите дупки на светот ги знаеш! Навистина јас вака го сретнав ама неможам да ја пронајдам страната. Убаво пишуваше дека е цитат од Куранот.
На веб страните може да пишува што сака. Цитатот не е од Кyранот. Видено, проверено и потврдено. Ако не ми веруваш, побарај или прашај од која сура и кој ајет е тој цитат и ќе се увериш и самата.

ПРАШАЊЕ:

Со која цел е создадено христијанството и кој е тој човек кој самиот себеси си дал право да го искористи името на Исус како бренд за создавање на религија, кога знаеме дека Исус не зборувал за никакви цркви, храмови, попови или религија?
Предлагам да одиме едно по едно прашање и прогресивно да се движиме кон одговорите на прашањата.
Со цел да најдеме заеднички појдовен јазик, ме интересира од каде знаете вие што зборувал Исус?
 

radica

never mind
Член од
21 октомври 2007
Мислења
599
Поени од реакции
36
На веб страните може да пишува што сака. Цитатот не е од Кyранот. Видено, проверено и потврдено. Ако не ми веруваш, побарај или прашај од која сура и кој ајет е тој цитат и ќе се увериш и самата.
Верувам Чорбаџи, верувам:pipi:
 

The_LiGhT'

Stop DISCRIMINATION
Член од
29 април 2009
Мислења
587
Поени од реакции
123
Нема да најдеш Христијанин кој ќе ти рече дека е само син на Бог.Тој е од Бог и затоа е Бог.

До душа на секој колку му е дадено, толку ќе сфати:smir:
Greska si:pipi:, MIKI1 mislam deka vo nekoj post rece deka e sin bozji a ne bog, a ti sto vikas deka e sin bozji i moze da bide i toj bog i ovde mnogu gresis, zasto ne moze da bide sin kako sto e tatko, na pr ako mojot tatko e predsetatel jas ne mozam da bidam predsetatel, ili nesto drugo.:toe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom