Прашања за Христијанството I

Статус
Затворена за нови мислења.

Дракула

Baby join me in death
Член од
21 април 2010
Мислења
93
Поени од реакции
0
Сите ќе поверуваат во Исус еден ден кога ќе воскреснат, затоа што Библијата вели дека ќе има воскресение и на праведниците и на неправедниците. Но ако прашуваш дали може некој по смртта да поверува во Исус и да се спаси, тоа е веќе малку потешко теолошко прашање - затоа што Библијата не е експлицитно јасна по ова прашање. Затоа советот е да не чека некој до смртта за да се покае од гревовите и да поверува во Исус. Барем за тоа сигурно знаеме дека е гарант за спасението.

Некои теолози веруваат дека по смртта Исус би им се објавил на оние кои немале прилика да дознаат за Него во животот. Тоа гледиште се заснова на следниов библиски стих:

"Зашто и Христос умре за гревовите еднаш засекогаш, Праведниот за неправедните, за да може да не одведе кај Бог; убиен во телото, но оживеан во духот; во кој отиде и им проповедаше на духовите, кои се сега затворени, кои некогаш беа непокорни, кога Божјото трпение ги чекаше во Ноевото време, додека се градеше ковчегот, во кој само неколкумина, односно осум души, се спасија преку водата." (1 Петрово 3:18-20, Библијата)

Реков дека можеби има, но Библијата не се осврнува на тоа прашање затоа што тоа прашање е оф-топик таму :)

Не знаеш што да кажеш. Зошто Муслиманите имаа одговор и на ова прашање? А вие немате. Зошто не покажете некој доказ. Па дај бе луѓе и јас сакам да поверувам нејќам ко неверник да умрам.

И уште нешто да прашам.Како да се поверува на апостол кој дошол 1 век после Исус? Тој не видел ништо.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Дракула, во Библијата нема одговори на сите прашања што си ги поставува љубопитниот човек, туку само на оние кои Бог сметал дека се важни за нас.
Ако не сакаш да умреш како неверник, тогаш покај се и верувај во Исус.
Горниот цитат е цитат од писмото на апостол Петар кој бил современик на Исус и еден од најблиските Негови ученици.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Ако не сакаш да умреш како неверник, тогаш покај се и верувај во Исус.
Ама еве и муслиманите велат покај се и веруј во Алах и нема да умреш како неверник ... на кој да му верувам ..
а и ти со твојот однос дури контрапродутивно делуеш на твојата вера ...
и ако се покајам на Исус .. тогаш каде .. во која Христијанска вера? (или пак ќе ми кажеш дека една е Христијанската - твојата а сите други православие и католицизам се секти и пагани?)
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
exlexmk, откако покажав колку се котрадикторни твоите изјави за твојата вероисповед (верник кој не верува, а сепак е христијанин :) ) не престана по сите теми да ми се влечеш како некоја сенка и зад грбот на моите неистомислени соговорници да викаш "УУаааа Чорбаџија уаааа" :pos2:
Прилегаш на некое дете на кое сум му ги соќарил сите џамлии и сега нема со што да си игра, па само мрчи од страна дека сум мамел и сл. Воопшто не си сериозен. Имаш среќа што ова е преслободен форум. На други форуми не би ти дозволиле вака на секоја тема да пишуваш офтопик и наместо за темата да дискутираш за соговорниците.
 
Дракула

Baby join me in death
Член од
21 април 2010
Мислења
93
Поени од реакции
0
Дракула, во Библијата нема одговори на сите прашања што си ги поставува љубопитниот човек, туку само на оние кои Бог сметал дека се важни за нас.
Ако не сакаш да умреш како неверник, тогаш покај се и верувај во Исус.
Горниот цитат е цитат од писмото на апостол Петар кој бил современик на Исус и еден од најблиските Негови ученици.

За ништо нема одговори. Како да настане светот со се растенија без сонце? Апостол Павле 1 век стигнал после Исус и проповедал Христијанство кое Исус не рекол да се проповеда. Како да се поверува во ова? Куранот има објаснување и за ова ама вие очигледно го немате. Мислам дека дури сега сфаќам зошто Арапите ден и ноќ се молат и вртат околу Ќабето ко "будали", дури сега. Фала за одговорите кои не ги видов никаде. Или морам протестант да бидам за да добијам одговор? Ај збогум
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
exlexmk, откако покажав колку се котрадикторни твоите изјави за твојата вероисповед (верник кој не верува, а сепак е христијанин :) )
Бладаш ...
јас не сум вернк .. а сум запишан како христијанин од бебе не по моја желба не водите ли евиденција бе ... можеби грешам .. можеби по полнолетство се станува Христијанин ако се пријавиш или ?

и да .. секогаш се „влечам“ по самобендисаните егоисти како тебе ...

и да те прашам не ми одговори ...
Буквално си ги тумачиш гледам сите работи од други вери и се потсмеваш ..
како тогаш ќе го објасниш „тврдењето“ дека Земјата е направена за 6дена?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
За ништо нема одговори. Како да настане светот со се растенија без сонце? Апостол Павле 1 век стигнал после Исус и проповедал Христијанство кое Исус не рекол да се проповеда. Како да се поверува во ова? Куранот има објаснување и за ова ама вие очигледно го немате. Мислам дека дури сега сфаќам зошто Арапите ден и ноќ се молат и вртат околу Ќабето ко "будали", дури сега. Фала за одговорите кои не ги видов никаде. Или морам протестант да бидам за да добијам одговор? Ај збогум
1. Кога Библијата би ги содржела сите одговори што ги бараат љубопитните луѓе, тогаш таа би била голема колку сите книги на светот, па и повеќе од тоа. И Кyранот ги нема сите одговори што ги поставуваат љубопитните луѓе. Не постои таква книга. И сите книги на светот да ги ставиш во една, пак ќе има прашање чиј одговор нема да биде таму.

2. Читај подобро, јас погоре два пати пишав дека тоа е цитат на апостол Петар, а не на апостол Павле. Имињата Петар и Павле имаат ист број на букви, и двете почнуваат со "П", ама сепак тоа се две различни имиња. Но веројатно вие муслиманите сте опседнати со тој Палве, па дури и името Петар ви се чини дека е Павле.

3. Павле не проповедал различно христијанство од Исус. Тоа го проповедаат муслиманите со смешни брошурки од типот на "Да се следи Исус или Павле". Таму цитатите се исецкани и издвоени од контекст (и плус лошо преведени) па затоа неупатениот на прв поглед му се чини дека навистина тие биле противречни. Но за нас кои го имаме прочитано Новиот Завет (барем еднаш) тие брошурки толку ни се смешни, како за Мујо и Хасо да зборуваат :)

4. Бог ги создал растенијата. Тие можат да издржат без никаков проблем ден два без Сончева светлина.
 
Не е чудно да си самиот Антихрист со овој твој инает и и упорно терање по свое. Каде во библијата пишува дека Исус проповедал Христијанство? Ти го спомна Петар јас Павле кој проповедал Христијанство. Не немој да се мачиш да одговараш немаш одговор на најпрости прашања затоа. Зато не одговараш. Знам јас кај ќе најдам одговор. Збогум попее
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
како тогаш ќе го објасниш „тврдењето“ дека Земјата е направена за 6дена?
Хммм, искрено навистина ми е тешко да сфатам зошто на семоќниот Бог му требало толку долг временски период да ја создаде Земјата. Се прашувам: "Зарем не можел да ја создаде за 6 секунди?" Па ако е семоќен, зарем тоа е проблем за него? Ама веројатно одговорот лежи во тоа дека со тоа сакал нам да ни остави пример, за и ние 6 дена во неделата да работиме, а еден да одмараме и да уживаме во делата свои, а не да бидеме работохолици.

Каде во библијата пишува дека Исус проповедал Христијанство?
Хмм ова е исто како да прашаш: Каде пишува дека Буда проповедал Будизам, или дека Конфучие проповедал Конфучизам, или дека Маркс проповедал Марксизам :pos2:
 
Дракула

Baby join me in death
Член од
21 април 2010
Мислења
93
Поени од реакции
0
Хмм ова е исто како да прашаш: Каде пишува дека Буда проповедал Будизам, или дека Конфучие проповедал Конфучизам, или дека Маркс проповедал Марксизам :pos2:

Гледаш дека немаш одговор? Немаш!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
За ништо немаш одговор.
 
radica

never mind
Член од
21 октомври 2007
Мислења
599
Поени од реакции
36
Бладаш ...
јас не сум вернк .. а сум запишан како христијанин од бебе не по моја желба не водите ли евиденција бе ... можеби грешам .. можеби по полнолетство се станува Христијанин ако се пријавиш или ?

и да .. секогаш се „влечам“ по самобендисаните егоисти како тебе ...

и да те прашам не ми одговори ...
Буквално си ги тумачиш гледам сите работи од други вери и се потсмеваш ..
како тогаш ќе го објасниш „тврдењето“ дека Земјата е направена за 6дена?
Зарем Исламот има научно објаснување за оваа работа, гледам дека се интересираш и знам си запознает со тематикава. Јас на форумов прочитав, мислам дека Земјата била направена за 6 периоди, ама не се знаеше колкав времеснки период е тоа.

П.С. Бог е совршен и ако сакал можел да ја направи и за еден ден. :wink:
 
Дракула

Baby join me in death
Член од
21 април 2010
Мислења
93
Поени од реакции
0
Зарем Исламот има научно објаснување за оваа работа, гледам дека се интересираш и знам си запознает со тематикава. Јас на форумов прочитав, мислам дека Земјата била направена за 6 периоди, ама не се знаеше колкав времеснки период е тоа.

П.С. Бог е совршен и ако сакал можел да ја направи и за еден ден. :wink:

Таму кажаа дека тоа е така за полека се да се развива, природно не насилно.
Друго ниту Куранот ниту Библијата немаат одговор на многу прашања.
Трето дали може некој да ми даде цитат каде Евреите зборуваат за земјата ако воопшто зборуваат? Молам и благодарам
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Гледаш дека немаш одговор? Немаш!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
За ништо немаш одговор.
Прашањето е толку несериозно што мислев дека се шалиш со прашањево, затоа не ти одговорив :)
Учењето познато како "Христијанство" го добива името од Основачот - Христос. Впрочем во самиот збор "Христијанство" се содржи зборот "Христос", исто како што и во зборовите "Будизам" се содржи зборот "Буда", во "Марксизам" - "Маркс", "Конфучизам" - Конфучие итн. Оттаму смешно е да се праша дали Хрстос проповедал Христијанство, бидејќи самото учење го добива називот по името на неговиот основач - Христос.
 
Дракула

Baby join me in death
Член од
21 април 2010
Мислења
93
Поени од реакции
0
Прашањето е толку несериозно што мислев дека се шалиш со прашањево, затоа не ти одговорив :)
Учењето познато како "Христијанство" го добива името од Основачот - Христос. Впрочем во самиот збор "Христијанство" се содржи зборот "Христос", исто како што и во зборовите "Будизам" се содржи зборот "Буда", во "Марксизам" - "Маркс", "Конфучизам" - Конфучие итн. Оттаму смешно е да се праша дали Хрстос проповедал Христијанство, бидејќи самото учење го добива називот по името на неговиот основач - Христос.

Не се разбираме. Јас тоа го знам, ама нели тој проповедаше вера во Бога? Зошто не се вика Богоизам? Зошто Христијанство? Џабе не можам да објаснам. Можеби не ме разбирате убаво ај нема врска. А може ли некој да ми каже како Евреите го викаат Бога и колку е стара таа религија и од која причина не го прифатија Исус ?
 
radica

never mind
Член од
21 октомври 2007
Мислења
599
Поени од реакции
36
Не е чудно да си самиот Антихрист со овој твој инает и и упорно терање по свое. Каде во библијата пишува дека Исус проповедал Христијанство? Ти го спомна Петар јас Павле кој проповедал Христијанство. Не немој да се мачиш да одговараш немаш одговор на најпрости прашања затоа. Зато не одговараш. Знам јас кај ќе најдам одговор. Збогум попее
Тој збор проповедување дали малку не ти личи на наметнување на нешто?
Исус не сакал ништо да наметнува, затоа Тој не проповеда Христијанство.Тој ги учел луѓето на највредните работи во животот, ги учел како да се љубат едни со други, да прават добрини, да не му мислат лошо на непријателот( а не да се зајадуваат меѓу себе) итн.
Вистинските морални вредности кои човекот ги знае за себе денес се применети во Новиот Завет.Ги издигнал луѓето на повисоко духовно ниво, и што е најважно им ја дал смислата на животот!
Немал време да проповеда религија,но оставил ученици на кои им рекол да го пренесуваат неговот збор насекаде низ светот, на сите народи кои постојат.
Неговиот збор, значи и зборот од Бога!
Зошто кој ќе ги слушне зборовите на Синот, ги слуша и зборовите на Таткото!
Зарем тоа не може да се нарече Христијанство?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom