Зошто Исус не проповедал христијанство ???
Во што и да верувам, верувај дека тоа не е поврзано со тупење во врска со погрешноста на туѓите верувања и непогрешливоста на моето.
Не биди толку многу сигурна
1.Бог е сезнаен, но Исус не бил.
Кога се зборува за Судниот ден, Исус јасно дал доказ за ограниченоста за неговото знаење, кога рекол;
А за тој ден и час никој не ни знае, ни ангелите небесни, ниту синот, а само отецот
(марко 13:32 и Матеј 24:36):
Но, Бог знае се. Неговото знаење е без никакви ограничувања. Дека Исус, како што и самиот признал. Не знаел кога Судниот ден ќе се случи, е чист доказ дека Исус не е сезнаен, а оттаму и дека Исус не е Бог.
2.Бог е Семоќен, но Исус небил.
Додека Исус изведувал многу чуда, тој самиот признал дека моќта што тој ја имал не била негова сопствена, туку дека потекнува од бог, кога тој рекол;
Вистина, вистина ви велам: Синот не може да прави ништо сам од СЕбе. ако не го види отецот да прави..(Јован 5:19)
Повторно тој рекол:
Но јас ништо не можам да правам сам од себе. како што слушам така судам и мојот суд е праведен, оти не ја барам волјата моја, а волјата на отецот, кој ме пратил(Јован 5:30)
Но, Бог не е само Семоќен тој исто така е и изворот на сета моќ и власт. Дека Исус, со неговото лично признавање, не можел ништо да напрваи од своја рака е јасен доказ дека Исус не е семоќен, а оттаму е рака Исус не е Бог.
3. Бог нема свој Бог, но Исус имал свој Бог.
Бог е основниот судија и заштитник на сите, и тој не се повикува, ниту пак се моли некому. Но, Исус признал дека постои некој. Кого што тој го величел и кому се молел, кога тој рекол;
Се враќам при мојот отец и вашиот отец, при својот Бог и вашиот Бог (Јован 20:17)
Исто така се пренесува дека тој плачел додека бил на крстот;
Боже мој, Боже мој, зошто си не оставил?: (Матеј 24:76)
Доколку Исус е Бог, тогаш нели ќе треба ова да се прочита, Самиот јас, самиот јас, зошто си ме заборавил? Зар не би било тоа чиста бесмислица? Кога Исус ја кажувал Господарската молитва (Лука 11:2-2), за тој си се молел себеси?
Кога во градината на Гести манија тој се молел,..
Оче мој, ако е можно, нека ме одмине ова чаша; но не как јас што сакам, туку како ти (Матеј 26:36-39)
Дали Исус си се молел себеси? Дека Исус со своја дозвола и од своја рака, го признавал, величел и му се молел на друго битие како Бог е чист доказ дека Исус не е Бог.
4. Според Библијата. Бог е невидлив за луѓето, но Исус бил месо и крв.
Додека илјадници луѓе го виделе Исус и го чуле неговиот глас самиот Исус рекол дека истото тоа не може да се направи и со Бога. Кога тој рекол:
Бога никој никогаш не го видел (Јован 1:18)
А вие ни гласот негов никогаш не сте го чуле, ниту лицето негово сте го виделе (Јован 5:37) тој исто така рекол во Јован 4:24:
Бог е дух и оние што му се клањаат. треба да му се поклонуват со дух и вистина.
Дека Исус би рекол дека никој никогаш не го видел ниту чул Бог, додека неговите следбеници го виделе и го чуле него, е чист доказ дека Исус не е Бог.
5. Никој не е поголем од Бог и никој нему не може да му наредува, но Исус признал некого поголем од себеси, чија воља била одвоена од неговата сопствена воља.
Можеби најјасната индикација што ја имаме за дека Исус и Бог не се еднакви, а со тоа дека не се едно и исто, повторно доаѓа лично од устата на Исус, кој во Јован 14:28 рекол:
Мојот отец е поголем од мене.
Кога некој му се обратил нему како кон, добар господар: лука 18:19, Исус одговорил: Зошто ме нарекуваш мене добар? Никој не е добар, освен еден Бог,
Понатаму Исус поставил јасна разлика помеѓу себеси и Бог, кога рекол:
Бидејќи јас сум излегол и доагам од Бога. Оти не сум дошол сам од себе, а од он ме прати (Јован 8:42)
Исус дал чисти докази за неговата подреденост кон Бог, а не за негова еднаквост со Бог, кога реколво Лука 22:42;
Но нека не биде мојата волја, туку твојата! и во Јоваан 5:30;
оти не ја барам волјата моја, а волјата на отецот, кој ме пратил.
Дека Исус би признал дека тој не дошол на овој свет по своја иницијатива туку дека бил упатен да го направи тоа, и деја тој би признал некој друг како за поголем од себеси,
дека тој би ја негирал својата волја за да ја потврди волјата на друг дава јасен доказ дека Исус не е Совишниот, а и со тоа и дека не е Бог.