Пазете ја, пак Саботата, оти
таа е света за Господа и за вас
Кој ќе ја оскверни, да се погуби....
...секој кој ќе работи во саботен ден
нека се предаде на смрт
Втр Мојс 31 14-15
Шест дена да се работи,
и седмиот ден да ви биде одмор,
зошто е света сабота, почивка на Господа
секој што ќе работи во тој ден со смрт да се казни
Втр. Мојс. 35 2
(кога сме кај десете заповеди божји нивното почитување и следење)
Ти “вернику“ имаш убиено некој кој работел во Сабота?
Дали ги следиш наредбите на бога?
Или и ти си само декларативно почитувач на десет божји заповеди
Бог е докажан истребувач на људкиот род и народите. Ако не ми веруваш мене прочитај ја Библијата. Полека. страна по страна, проочитај за прогонување и истребување на цели народи за потопи (цунами) за земјотреси за суши , глад, лепра, војни, болести кои бог ги пратил да убие цели племиња и народи.
Па после побарај низ цела Библија колку пати сатаната или ѓаоло или врагот со земјотрес потоп вулкан војна глад или болест истребил народи.
И тогаш дојди и кажи чии инструменти на масовно уништување се тие?
Не можеш да дискутираш за вера ако не си ги прочитал нејзините книги истории и закони.
не можеш.
А зошто се случувале тие работи, (пак читање на Библијата парцијално),
Се се случува кога луѓето се откажуваат од Бога, кога ја немаат неговата заштита, да не заборавиме ние сме Негова креација, меѓу другото.
Каде во десетте заповеди пишува да се убие оној кој работи во седмиот (сабота) ден?
6 ‘Јас Сум Господ, твој Бог, Кој те изведе од Египетската Земја, од домот на ропството.
7 Да немаш други богови покрај Мене!
8 Не прави си резан лик ни некаква слика на што и да е горе во небото или долу на земјата, или во водите под земјата.
9 Не клањај им се ниту им служи. Зашто Јас, Господ, твојот Бог, Сум ревнив Бог.
Ги казнувам гревовите на татковците
10 а им искажувам милост на илјадници, кои Ме љубат и ги пазат Моите заповеди.
11 Не земај го напразно името на Господа, својот Бог, зашто Господ не ќе го остави неказнет оној, кој го зема напразно Неговото име.
12 Одржувај го саботниот ден за да го осветуваш, како што ти заповеда Господ, твојот Бог.
13 Шест дни работи и извршувај ги сите свои работи.
14 А седмиот ден е сабота на Господа, твојот Бог; не врши во него никаква работа, ни ти, ни твојот син, ни твојата ќерка, ни твојот слуга, ни твојата слугинка, ни твојот вол, ни твоето осле, ниту некое твое добиче, ниту придојденикот, кој е во твоите градови; така да може да се одмори и твојот слуга, и твојата слугинка како и ти.
15 Спомни си дека и ти беше роб во Египетската Земја и дека оттаму те избави Господ, твојот Бог, со силна рака и со испружена мишка. Затоа ти заповеда Господ, твојот Бог, да го пазиш саботниот ден.
16 Почитувај ги татка си и мајка си, како што Господ, твојот Бог, ти заповеда, за да живееш долго и за да ти биде добро на земјата, што Господ, твојот Бог, ти ја дава.
17 Не убивај!
18 Не прељубодејствувај!
19 Не кради!
20 Не сведочи лажно против својот ближен!
21 Не посакувај ја жената на својот ближен! Не лакоми за куќата на својот ближен, за неговата нива, за неговиот слуга, за неговата слугинка, за неговиот вол, за неговото осле, ниту за нешто што е на твојот ближен.’”
Постои телесна но и духовна смрт...
Намерно потенцирав, ги казнува
гревовите, а ги наградува другите?
Што е нејасно?