Прашања за Христијанството I

Статус
Затворена за нови мислења.

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
977
a da mi go kazes toa "PRED NEKOLKU GODINI" ???
Во ред!

Си бил еден цар и имал тројца синови од кој најмладиот бил најпаметен. И еден ден......

Едниот татко имаше два сина, а после една случка (што никому не ја посакувам) само еден!
Другиот татко пак имаше само еден син, а после една случка - неколку години покасно - го изгуби и тој!

Двајцата беа деца млади, мирни, недолжни, ... а убиени ладнокрвно со само еден убод во срце!

И едниот и другиот ми беа пријатели, невооружани, а беа убиени во македонија пред да се појави вијорот на последната војна на балканот.
И едниот и другиот беа убиени од вооружени луѓе кои потекнуваат од фамилии кои се нарекуваат себеси верници, а убиците ги наречуваат убиените: неверници!

Лет 3, треба да ги видиш лицата на нивните мајки , па да можеш малку и со нивното лице да поиграш мајтап, бидејќи тебе ти е (изгледа) сѐисто! :(
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Едниот татко имаше два сина, а после една случка (што никому не ја посакувам) само еден!
Другиот татко пак имаше само еден син, а после една случка - неколку години покасно - го изгуби и тој!

Двајцата беа деца млади, мирни, недолжни, ... а убиени ладнокрвно со само еден убод во срце!

И едниот и другиот ми беа пријатели, невооружани и беа убиени во македонија пред да се појави вијорот на последната војна на балканот.
И едниот и другиот беа убиени од вооружени луѓе кои потекнуваат од фамилии кои се нарекуваат себеси верници а убиците ги наречуваат убиените, неверници!

Лет 3, треба да ги видиш нивните мајки и денес, па да можеш малку и со нивното лице да поиграш мајтап! :(
Кај беше Исус што дозволи тие два млади животи сурово а бидат одземени и нивните родители во црно завиени
Зарем милозливиот Исус не можеше ништо да стори зарем беше немоќен да спречи еден таков тажен настан кој унесреќи мајки. Зарем во исуса не постоеше ни трошка самилост за судбината на младите деца, тој претвори вода во вино на свадба кога му требаше на сватовите да се допијанат а не можеше ништо да стори да спасе од студен гроб синови на мајки....

Не е убо тоа од негова страна

Не е...
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
977
Кај беше Исус што дозволи тие два млади животи сурово а бидат одземени и нивните родители во црно завиени
Зарем милозливиот Исус не можеше ништо да стори зарем беше немоќен да спречи еден таков тажен настан кој унесреќи мајки. Зарем во исуса не постоеше ни трошка самилост за судбината на младите деца, тој претвори вода во вино на свадба кога му требаше на сватовите да се допијанат а не можеше ништо да стори да спасе од студен гроб синови на мајки....

Не е убо тоа од негова страна

Не е...
Среќни се моите пријатели во Христа! Среќни се сите кои што одејќи по Патот на Мирот, го изгубиле својот телесен живот!

БОГ да ги благослови сите луѓе - дури и убијците - со Духот Христов, така да никој повеќе не се противи на Царот на Мирот!

АМИН
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Среќни се моите пријатели во Христа! Среќни се сите кои што одејќи по Патот на Мирот, го изгубиле својот телесен живот!

БОГ да ги благослови сите луѓе - дури и убијците - со Духот Христов, така да никој повеќе не се противи на Царот на Мирот!

АМИН
Еми ако се среќни оти ја преставуваш прикаската како тажна и нешто што не посакуваш на никој да му се случи?

Многу си бе конфузен спиро
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
977
Еми ако се среќни оти ја преставуваш прикаската како тажна и нешто што не посакуваш на никој да му се случи?

Многу си бе конфузен спиро
Бидејќи БОГ е несреќен кога луѓето се однесуваат едните кон другите полошо од животните!

Затоа и ТОЈ ја отелотвори во Исус СВОЈАТА СОВРШЕНА ВОЛЈА, та секој да поверува и да ги следи стапките на спасот!

Сите!

п.с. БОГ не е насилник, убиец, диктатор, ... туку ѓаволот и неговите следбеници се тоа!
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Остај сега не врти муабетот.
Прво ги преплаши децата на форумот за страшна и тажна, несреќна прикаска за двајца млади синови на кои злотворите им го пробил срцето

Па после се премисли и изјави дека ти се среќни што умреле, ај сега одлучи се дали е несреќа ако некој умре па макар насилно и млад или е среќа пошто ете ќе се сретни со Исуса.

А тоа дека бог не е убиец?
Чие дело е цунамито кое пред некоја година уби околу 300.000 луѓе
Чи дело е епидемијата на грип која во 1918 уби околу 50.000.000 луѓе на планетата?
 
Одбивањето да се следи Мудроста БОЖЈА (Христос) е причината на сите катастрофи!

Порано или покасно сите ќе ја сватат СОВРШЕНАТА ВИСТИНА, за која е чест и добивка да се живее и да се умре, како што тоа го стори Исус!

Ти посакувам лесна ноќ!
 
Значи бог ги убил. Исус засукал ракави и испотепал милиони
Тоа сакав да го слушнам
Фала на одговорот.
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
977
Значи бог ги убил. Исус засукал ракави и испотепал милиони
Тоа сакав да го слушнам
Фала на одговорот.
:nenene:

Испревртуваш, лажеш и незнам што друго си спремен да направиш, Лет 3! Така прават само чедата на противникот БОЖЈИ!

Живиот БОГ и за тебе ја дари Милоста Своја, во Исус Христос!

Не мајтапи се и не одбивај ја, Лет 3!
 
проф.

Величието е едноставно..
Член од
12 април 2009
Мислења
387
Поени од реакции
9
Будисти?
Католици?
Јеховини сведоци?
Протестанти?
Јудаисти?
Пагани?

кои се вистинските верници?

Вистински верник е оној верник кој верува во постулатите на општото добро (поткрепено преку Светата Книга ) и кој ги почитува Десетте Божји заповеди - бидејки не постои (поголема ) религија која проповеда насилство и убивање.
СЕ СЕ СВЕДУВА НА БЕЗМЕРНАТА И МНОГУВЕКОВНА БОЖЈА ЉУБОВ КОЈА НИ ЈА ПРАЌА НА НАС ЛУЃЕТО.

Остај сега не врти муабетот.
Прво ги преплаши децата на форумот за страшна и тажна, несреќна прикаска за двајца млади синови на кои злотворите им го пробил срцето

Па после се премисли и изјави дека ти се среќни што умреле, ај сега одлучи се дали е несреќа ако некој умре па макар насилно и млад или е среќа пошто ете ќе се сретни со Исуса.

А тоа дека бог не е убиец?
Чие дело е цунамито кое пред некоја година уби околу 300.000 луѓе
Чи дело е епидемијата на грип која во 1918 уби околу 50.000.000 луѓе на планетата?

Лет зошто не сакаш да прифатиш деко покрај Бог постои и оној другиот??
А тој ништо друго не работи само крои планови како да му наштети на човекот...
Е сега ти велиш за Цунамито за Шпанскиот грип - Бог ги пратил односно се дела на Бог, Ти веруваш дека постои Бог но е лош и прави пакости. (Така успеав да разберам од твоите постови - поправиме ако грешам) И ќе ти речам во право си, ама тој не се вика Бог што прави зло се вика ѓавол.

Бог е љубов, а другиот чисто зло, е сега кој прави лошо а кој добро?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Вистински верник е оној верник кој верува во постулатите на општото добро (поткрепено преку Светата Книга ) и кој ги почитува Десетте Божји заповеди - бидејки не постои (поголема ) религија која проповеда насилство и убивање.
СЕ СЕ СВЕДУВА НА БЕЗМЕРНАТА И МНОГУВЕКОВНА БОЖЈА ЉУБОВ КОЈА НИ ЈА ПРАЌА НА НАС ЛУЃЕТО.
Пазете ја, пак Саботата, оти
таа е света за Господа и за вас
Кој ќе ја оскверни, да се погуби....

...секој кој ќе работи во саботен ден
нека се предаде на смрт

Втр Мојс 31 14-15

Шест дена да се работи,
и седмиот ден да ви биде одмор,
зошто е света сабота, почивка на Господа
секој што ќе работи во тој ден со смрт да се казни

Втр. Мојс. 35 2

(кога сме кај десете заповеди божји нивното почитување и следење)
Ти “вернику“ имаш убиено некој кој работел во Сабота?
Дали ги следиш наредбите на бога?
Или и ти си само декларативно почитувач на десет божји заповеди

Лет зошто не сакаш да прифатиш деко покрај Бог постои и оној другиот??
А тој ништо друго не работи само крои планови како да му наштети на човекот...
Е сега ти велиш за Цунамито за Шпанскиот грип - Бог ги пратил односно се дела на Бог, Ти веруваш дека постои Бог но е лош и прави пакости. (Така успеав да разберам од твоите постови - поправиме ако грешам) И ќе ти речам во право си, ама тој не се вика Бог што прави зло се вика ѓавол.

Бог е љубов, а другиот чисто зло, е сега кој прави лошо а кој добро?
Бог е докажан истребувач на људкиот род и народите. Ако не ми веруваш мене прочитај ја Библијата. Полека. страна по страна, проочитај за прогонување и истребување на цели народи за потопи (цунами) за земјотреси за суши , глад, лепра, војни, болести кои бог ги пратил да убие цели племиња и народи.
Па после побарај низ цела Библија колку пати сатаната или ѓаоло или врагот со земјотрес потоп вулкан војна глад или болест истребил народи.

И тогаш дојди и кажи чии инструменти на масовно уништување се тие?

Не можеш да дискутираш за вера ако не си ги прочитал нејзините книги истории и закони.
не можеш.
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
977
Пазете ја, пак Саботата, оти
таа е света за Господа и за вас
Кој ќе ја оскверни, да се погуби....

...секој кој ќе работи во саботен ден
нека се предаде на смрт

Втр Мојс 31 14-15

Шест дена да се работи,
и седмиот ден да ви биде одмор,
зошто е света сабота, почивка на Господа
секој што ќе работи во тој ден со смрт да се казни

Втр. Мојс. 35 2

(кога сме кај десете заповеди божји нивното почитување и следење)
Ти “вернику“ имаш убиено некој кој работел во Сабота?
Дали ги следиш наредбите на бога?
Или и ти си само декларативно почитувач на десет божји заповеди
Шабат Шалом, Лет 3!

Похлепата на материјалсичко посветениот човек, убива!

Многу повеќе од сѐ друго во историјата на човештвото, убивала и убива похлепата, алчноста на човекот.

Таа е и причината зошто човекот испадна од рајската состојба!

Со саботата БОГ ни дарува нам луѓето слободен ден (викенд), ден на кој смееме потполно да се одмориме од сѐ што е материјално и да се посветиме на СОВРШЕНАТА ВОЛЈА, СОВРШЕНАТА МУДРОСТ, СОВРШЕНАТА МИЛОСТ БОЖЈА (Христос) за Која сведочи целото Писмо!

Но за жал - како тогаш, така денес - човекот на кого му е поважен стомакот од сѐ, не го зема викендот со благодарност и желба за духовно развивање, туку го интересира многу повеќе материјалното, стомакот, златното теле, златото, црното злато, парата, ... !
Е тоа е тоа што убива, а БОГ со законот не упатува на Мудроста Своја (Христос) кој единствено ни ја покажува, објаснува и нѐ ослободува за нејзината длабока суштина, за СОВРШЕНАТА ВИСТИНА!

Затоа те молам, земиси го слободното време (посебно сабота и недела) за интезивно да ја запознаеш Божјата Мудрост и Нејзината култура, а не на материјалното сваќање на Најсветото од сите Писма!

Биди благословен во тоа!

Бог е докажан истребувач на људкиот род и народите.
Тоа е (можеби) твојот бог и богот на народите, но Оној БОГ чијашто Прасветла Мудрост се отелотвори во Исус Христос, засигурно не!

Ако не ми веруваш мене прочитај ја Библијата. Полека. страна по страна, проочитај за прогонување и истребување на цели народи за потопи (цунами) за земјотреси за суши , глад, лепра, војни, болести кои бог ги пратил да убие цели племиња и народи.
Па после побарај низ цела Библија колку пати сатаната или ѓаоло или врагот со земјотрес потоп вулкан војна глад или болест истребил народи.

И тогаш дојди и кажи чии инструменти на масовно уништување се тие?

Не можеш да дискутираш за вера ако не си ги прочитал нејзините книги истории и закони.
не можеш.
Џабе ти е читањето без вера во Мудроста БОЖЈА (Христос) Која единствено може да ти ја објасни длабинската смисла на Писмата!

Чувајсе од неверничкиот и книжнички квасец кој во тебе и во сите луѓе делува за смрт, но Мудроста, Милоста БОЖЈА (Христос) е моќен и докажано волјен да ја трансформира и таа во живот.
Те молам за твое и сечие добро, верувај Му на Оној што со Својот скапоцен живот докажа, дека потполно ги знае Писмата и силата БОЖЈА која лично е во Него!

Иншалах

СЕ СЕ СВЕДУВА НА БЕЗМЕРНАТА И МНОГУВЕКОВНА БОЖЈА ЉУБОВ КОЈА НИ ЈА ПРАЌА НА НАС ЛУЃЕТО.
ХалелуЈАХ!
 
проф.

Величието е едноставно..
Член од
12 април 2009
Мислења
387
Поени од реакции
9
Пазете ја, пак Саботата, оти
таа е света за Господа и за вас
Кој ќе ја оскверни, да се погуби....

...секој кој ќе работи во саботен ден
нека се предаде на смрт

Втр Мојс 31 14-15

Шест дена да се работи,
и седмиот ден да ви биде одмор,
зошто е света сабота, почивка на Господа
секој што ќе работи во тој ден со смрт да се казни

Втр. Мојс. 35 2

(кога сме кај десете заповеди божји нивното почитување и следење)
Ти “вернику“ имаш убиено некој кој работел во Сабота?
Дали ги следиш наредбите на бога?
Или и ти си само декларативно почитувач на десет божји заповеди

Бог е докажан истребувач на људкиот род и народите. Ако не ми веруваш мене прочитај ја Библијата. Полека. страна по страна, проочитај за прогонување и истребување на цели народи за потопи (цунами) за земјотреси за суши , глад, лепра, војни, болести кои бог ги пратил да убие цели племиња и народи.
Па после побарај низ цела Библија колку пати сатаната или ѓаоло или врагот со земјотрес потоп вулкан војна глад или болест истребил народи.

И тогаш дојди и кажи чии инструменти на масовно уништување се тие?

Не можеш да дискутираш за вера ако не си ги прочитал нејзините книги истории и закони.
не можеш.

А зошто се случувале тие работи, (пак читање на Библијата парцијално),
Се се случува кога луѓето се откажуваат од Бога, кога ја немаат неговата заштита, да не заборавиме ние сме Негова креација, меѓу другото.
Каде во десетте заповеди пишува да се убие оној кој работи во седмиот (сабота) ден?
6 ‘Јас Сум Господ, твој Бог, Кој те изведе од Египетската Земја, од домот на ропството. 7 Да немаш други богови покрај Мене!
8 Не прави си резан лик ни некаква слика на што и да е горе во небото или долу на земјата, или во водите под земјата.
9 Не клањај им се ниту им служи. Зашто Јас, Господ, твојот Бог, Сум ревнив Бог. Ги казнувам гревовите на татковците
10 а им искажувам милост на илјадници, кои Ме љубат и ги пазат Моите заповеди.
11 Не земај го напразно името на Господа, својот Бог, зашто Господ не ќе го остави неказнет оној, кој го зема напразно Неговото име.
12 Одржувај го саботниот ден за да го осветуваш, како што ти заповеда Господ, твојот Бог.
13 Шест дни работи и извршувај ги сите свои работи.
14 А седмиот ден е сабота на Господа, твојот Бог; не врши во него никаква работа, ни ти, ни твојот син, ни твојата ќерка, ни твојот слуга, ни твојата слугинка, ни твојот вол, ни твоето осле, ниту некое твое добиче, ниту придојденикот, кој е во твоите градови; така да може да се одмори и твојот слуга, и твојата слугинка како и ти.
15 Спомни си дека и ти беше роб во Египетската Земја и дека оттаму те избави Господ, твојот Бог, со силна рака и со испружена мишка. Затоа ти заповеда Господ, твојот Бог, да го пазиш саботниот ден.
16 Почитувај ги татка си и мајка си, како што Господ, твојот Бог, ти заповеда, за да живееш долго и за да ти биде добро на земјата, што Господ, твојот Бог, ти ја дава.
17 Не убивај!
18 Не прељубодејствувај!
19 Не кради!
20 Не сведочи лажно против својот ближен!
21 Не посакувај ја жената на својот ближен! Не лакоми за куќата на својот ближен, за неговата нива, за неговиот слуга, за неговата слугинка, за неговиот вол, за неговото осле, ниту за нешто што е на твојот ближен.’”

Постои телесна но и духовна смрт...

Намерно потенцирав, ги казнува гревовите, а ги наградува другите?
Што е нејасно?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Постои телесна но и духовна смрт...

Намерно потенцирав, ги казнува гревовите, а ги наградува другите?
Што е нејасно?
Имаш убиено човек кој работи во Сабота како што ти налага Бог во библијата или не?
Вистински верник си или декларативен?
Што е тука нејасно?
 
проф.

Величието е едноставно..
Член од
12 април 2009
Мислења
387
Поени од реакции
9
Имаш убиено човек кој работи во Сабота како што ти налага Бог во библијата или не?
Вистински верник си или декларативен?
Што е тука нејасно?
Најсериозно немам убиено никаков човек, а и не планирам, макар и да работи во сабота))):.
Се обидувам да бидам вистински верник (ама што е вистински верник) барем ги почитувам основните Библиски начела.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom