Прашања за Христијанството I

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 јануари 2008
Мислења
4.251
Поени од реакции
909
Знам дека не ти иде, зошто имаш таков аватар? Мене никад не ме привлекувале такви сцени.

Биди хуман
Добар
Почитувај ги 10те Божји заповеди
Помагај
Ако згрешиш покај се

Потоа, замоли го Бог за било што што ти треба и ке бидеш услужен
Каква врска има аватарот сеа ???? Не ми одговори на прашањето??

Хуман сум
Добар сум
Ги почитувам( не дека се божји заповеди туку дека мојата логика ми зборува дека е правилно.)
Помагам
Ако сум погрешил сум се извинил и сум побарал прошка од личноста.

Него не ми одговори на прашањето ??
 
Член од
10 февруари 2006
Мислења
358
Поени од реакции
8
А зошто имаш таков аватар? тоа ти е интересно?
На ниту еден вистински Христијанин не му доликува да си стави таков аватар

Не го прави ова што не сакаш тебе да ти го прават! Ти си на дрвото или на лулашката?
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Дали треба да влеземе и јас, ти и другите во власта и да правиме какви сакаме закони и другите да мора да ни ги почитуваат во спротивно Бог ке ги казни?

Кои ние? лугето ли? а кој е целиот свет? земјата, карпите, морињата и животните ли? не свакам
Еве ти малку поопширно, се надевам ќе ти се разјасни повеќе, поздрав:

а) Власта треба да се почитува
"Почитувајте ја државната власт. Секоја власт произлегува од Бога, па и државната власт е воспоставена од Бог. Оној што се противи на институцијата државна власт, се противи на уредбата воспоставена од Бог и ќе биде казнет. Органите на власта не се закана за добрите луѓе, туку за лошите луѓе. За да не се плашите од властите, правете добро и тие ќе ве пофалат. Власта е во служба на Бог и најзина должност е да работи за твое добро. Ако правиш зло - има причина да се плашиш, зашто ќе бидеш казнет! Власта е во служба на Бог и остро ги казнува оние што прават зло. Затоа, треба да ја почитуваш државната власт, не само за да не бидеш казнет, туку и да имаш чиста совест. Затоа треба да плаќате и даноци. Извршителите на власта се во служба на Бог и треба да бидат платени за она што го работат. Затоа, давајте им го она што им припаѓа. Плаќајте ги даноците и царините, имајте страхопочит спрема властите, укажувајќи им чест кога заслужуваат." (Римјаните 13:1-7)

"Заради Господа, покорувајте им се на институциите на власта: било на
царот, како на врховен владетел, било на управниците назначени од него. Тие се поставени за да ги казнуваат злосторниците, а да ги пофалуваат оние што прават добро. Бог сака со правење добро да ги замолкнете неоснованите обвинувања на неразумните луѓе. Вие не сте робови, туку слободни луѓе, но не треба да ја користите слободата како изговор за да правите зло, туку живеете служејќи Му на Бог. Почитувајте ги сите луѓе. Сакајте ги христијаните, имајте страхопочит спрема Бог и почитувајте ја власта." (1. Петар 2:13-17)

"Потсетувај ги луѓето да им се покоруваат на властите и управниците и да бидат послушни. Секогаш да бидат подготвени да прават добро." (Тит 3:1)
б) За власта треба да се молиме
"Како прво, ве поттикнувам да се молите за сите луѓе. Барајте од Бог да им помогне и да ги благослови, а потоа заблагодарувајте Му се за сите нив. Молете се за царевите и за сите што се на власт, за да имаме мирен и тивок живот, исполнет со побожност и достоинство. Ваквите молитви се добри и Бог, нашиот Спасител, ги прифаќа. Тој сака сите да се спасат и да ја сфатат вистината." (1. Тимотеј 2:1-4)

в) Даноците спрема државата треба да се плаќаат
"Затоа треба да плаќате и даноци. Извршителите на власта се во служба на Бог и треба да бидат платени за она што го работат. Затоа, давајте им го она што им припаѓа. Плаќајте ги даноците и царините, имајте страхопочит спрема властите, укажувајќи им чест кога заслужуваат." (Римјаните 13:6,7)

"Тие Му велеа (на Исус): ,Учителе, знаеме дека тоа што го зборуваш и го учиш е правилно. Знаеме дека Ти не гледеш на тоа кој е кој, туку вистинито го проповедаш Божјиот пат. Кажи ни, дали ние треба да му плаќаме данок на римскиот император, или не?- Исус го проѕре нивното лукавство, па им рече: ,Покажете ми една римска монета. Чиј лик и име се втиснати на монетата?- Тие Му одговорија: ,На императорот- Тогаш Исус им рече: ,Дајте му го на императорот тоа што му припаѓа на императорот, а на Бога - тоа што Му припаѓа на Бога!-"
(Лука 20: 21-25)

г) И духовните водачи треба да се почитуваат
"Слушајте ги вашите духовни водачи и потчинувајте им се. Тие бдеат над вашите души и за тоа се одговорни пред Бог. Овозможете им тоа да го прават со радост, а не со воздишки, зашто тоа нема да биде во ваш интерес." (Евреите 13:17)

Ама читај внимателно, ОК ?

Член од
10 февруари 2006
Мислења
358
Поени од реакции
8
а) Власта треба да се почитува
За да не се плашите од властите, правете добро и тие ќе ве пофалат.

Молете се за царевите и за сите што се на власт, за да имаме мирен и тивок живот
Aко возиш добро дали полицаецот ке те запре за да те пофали, ако не фрлиш нешто на улица дали инспекторот ке те пофали нема, може само Бог да те пофали и никој друг.
Значи се што напиша знам и ми е јасно Бог сака лугето да се покоруваат и да не бунтуваат но моето прашање е сосема друго, дали треба да се почитуваат немормалните власти, корумпираните власти, властите што носат анти христијански закони, властите кои прават работи на лугето кои Бог вероватно не ги сака.
Сега може да би легализираат хомосексуалните бракови што е ужасно (добро што ке знаеме која и кој каков е) но дали и таа власт треба да ја почитуваме заедно со таквиот закон? Дали Хитлеровата власт тогаш христијаните ја почитувале?
 
ДА ! Должни сме да ја почитуваме и таквата „ненормална“ (како што ја нарекуваш) власт. Мое и твое, наше е да ја почитуваме, а за своите гревови секој, па дури и тие корумпирани членови од власта ќе одговараат пред бога. Што се однесува до мене, тебе, нас, ние само на избори може да ги „казнуваме“. На крај, не треба да заборавиме дека со светот царува принцот на темнината...
 
Член од
10 февруари 2006
Мислења
358
Поени од реакции
8
Така е но ако на пример власта те земе во војска и ти рече иди со другите по градовите и селата и се од корен убивајте (Пази власта ти наредува а ти почитуваш) како што правел хитлер.
Ако одбиеш или ке немаш грев или сосема мал но ако прифатиш казната не бега
Стапив во контакт со човек кој редовно оди во Црква, чита Библија и извршува свети служби (баш така) и тој ми кажа дека за почит е власта но тие закони и власти не се за почит. барем така го разбрав
 
Ако ја браниш државата, ќе мора и да пукаш, а тоа убива...А одењето по градови и села за убивање се од корен е забрането со меѓународно право, така да никој такво нешто нема да ти нареди.
А ти што мислиш што е помал грев и кој грев Господ ќе ти го прости полесно ?

За крај мој пријателе, почни и ти да одиш во црква, читај го Светото Писмо (Библијата),моли се, оди на литургија и ЛИЧНО консултирај се за се што те интересира со свештеник. Информациите од втора рака не се секогаш целосни, добро разбрани, а може и да се неточни. Господ да биде со тебе.
 
Член од
10 февруари 2006
Мислења
358
Поени од реакции
8
Одам во црква, читам Библија (не често но читам) и се молам а тоа што ми викаш почни да знаеш дека е грев бидејки не е вистина тоа што го кажа. Иначе не стана збор за никакво мегународно право туку како пример од минатото и да знаеш дека секој грев има различна тежина.
Госпот да биде со тебе и да те благослови
 
Реков почни затоа што цело време се повикуваш на некој пријател кој оди, без намера да те навредам, а ако сепак се осеќаш навреден еве ти се извинувам.:smir: Ќе беше грев ако знаев за тоа, а лажев...
 
Член од
10 февруари 2006
Мислења
358
Поени од реакции
8
Извинето
Значи јас сум верник кој како што кажав верува оди во црква но имам пријател кој 4 пати неделно иде во црква и нонтоп се моли и неговите молитви имаат тежина и затоа се потпирам на него како што студентот што се потпира на професорот.
Иначе како би ти било некој да ти рече на пример не лажи а ти ја зборуваш вистината ама ете тој не знаел дека ја зборуваш вистината, а дали не е грев како што викаш мое мислење е дека е грев а вистината ја знае Бог
Значи викам мое мислење оти ако речам така а уствари не е така и тоа е грев

Само пак не успеавме да разјасниме за војувањето ама ОК не е проблем
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Дали ова значи дека и ние луѓето имаме три природи, ако сме создадени според нивниот образ?
Точно така, бидејќи човекот е создаден според Божјиот образец и тој/таа исто така има троична природа - дух, душа и тело.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
ne samo што не треба да се почитува власта туку и треба да се бориме против власта кога таа не ги почитува нашите права. Пример: јас платив долг де јуре а ќе платам де факто тогаш кога моето право на работа од де јуре ќе стане де факто!!КРАЈ!!!
 
Член од
10 февруари 2006
Мислења
358
Поени од реакции
8
Значи да не бидеме нејасни, јас ја почитувам власта но во неа не е се така сино оти има и црно, е тоа црно е тоа што не е убаво
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Точно така, бидејќи човекот е создаден според Божјиот образец и тој/таа исто така има троична природа - дух, душа и тело.
Значи според ова испаѓа дека човекот има духовна, душевна и телесна природа.:nesvest:

Значи да не бидеме нејасни, јас ја почитувам власта но во неа не е се така сино оти има и црно, е тоа црно е тоа што не е убаво
Извини што ти упаѓам во убавата дискусија која ја водиш:), сакам само да те прашам ти да не си Јеховин сведок?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom