Законот на Телема

Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Темава стана малку напорна за следење зошто колку што разбрав јас Заратустра е трансцендентален скептик и бара рационални одговори на тема која се базира на трансцеденталност и биткава му е однапред добиена или изгубена во зависност каков е менталниот склоп на читателот, туку сакам да ја освежам со едно прашање до ОТО кое ќе ги развреди и заинтригира сите гледачи на Големиот Брат, Македонски Идол и Бандини.
Омар ал Шериф и МИКИ1 ги презентираа најпознатите исламисти и христијани во соодветните теми па затоа јас сакам да прашам-

Кој се најпознати Телемити во светски рамки?
Хе хе хе, сите се тие телемити пријател... Нема врска кој во што верува, важна е праксата.

:pos:
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702

Зошто прашуваш, кога еве истото го користиш за потсмев? Ставено ти е во глава дека се ова е глупост и која е поентата овде ние да ти објаснуваме работи коишто ти самиот можеш да си ги дознаеш со малку истражување? Задоволен си со своите погледи кон светот и немаш потреба од надополнување? Тогаш терај пријател.

Јас немам ништо против некој да не се сложува со мое уверување, ама кога сум посветила МОЕ време за да објаснам нешто и после истото е предмет на исмевање - тоа е веќе навреда.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Те разбирам :smir:

Стварно не можам да ти доловам како е можно, но можно е. По оваа твоја логика, некој што припаѓа на Телема, Друидизам, Wicca или било кој херметички пат не можат да го повикаат Исус само ради тоа што тој припаѓа на христијанството? Па ако е така, тогаш губиме еден ГОЛЕМ архетип што е греота да не се искористи ако некој сака тоа да го направи.

Во Ватикан прават mass со изгрејсонцето. Зошто мислиш го прават тоа? Тоа е Adoration of the Sun.
Во Писмото, конечната објава Негова нема ништо околу архетипот на Исус, ниту трансцеденталност ниту пак за поврзување на спасителот со некакви учења кои се надвор од Книгата.
Забрането е.
Имањето други богови освен Него е смртен грев.
Се она што е таму е Негов збор и Заповед и пат кон спасението и се она кое луѓето како несовршени и грешни се обидуваат да додадат или одземат или толкуваат со својот несовршен ум и разум, обидувајќи се да проникнат во мудроста вечна Негова е само дело на возгордеаноста човекова која исто така е грев смртен.
Тоа што се бара од христијанинот е јасно напишано да го исполни а не да мудрува околу Неговиот збор и промисла.

Така да...телемити,будисти,хинду,херметисти,членови на редот на сончевата порта...се е тоа лажно сведочење и план на лукавиот да го оттргне верникот од спасението и да го зароби во канџите на гревот и вечниот оган...
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.368
Поени од реакции
84.607
Оние муслимани и христијани што се приклучуваат кон било кое мистично школо имаат веќе отворен ум. И овие две и јудаизмот имаат свои мистични школи - суфизам, гностицизам, кабала. Треба само да не се заглават во своите митови како факти и после тоа цел нов свет се отвара.
Да све е ова точно. Али тие езотерни страни на аврамските религии не се исто што и Телемата. Не знам кој од нив би можел да го свари ова:

51. Со мојата глава Соколова ги колвам очите Исусови додека виси на крстот.
52. Со крилјата замавнувам по лицето Мухамедово и го ослепувам.
53. Со канџите откинувам месо од Индиецот и Будистот, Монголецот и Динот.
54. Баласти! Омпеда! Плукам на вашите незаситни вери.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Хе хе хе, сите се тие телемити пријател... Нема врска кој во што верува, важна е праксата.

:pos:
Праксата е искуството, а тоа е битно затоа што без него логиката е немоќна. Најпрост пример за тоа е човек кој се родил слеп и никогаш во својот живот не го користел видот. Тој може да има и надпросечна интелегенција, но тоа нема да му помогне ако некој се обидува со помош на логика да му објасни што е "плаво", што е "зелено" итн. Логиката ја црпи својата моќ од искуството (праксата), колку тоа е побогато, толку и логиката е на повисоко ниво за да ги свати "тајните".
Ќе цитирам еден дел од книгата на законот, кој би се надополнил на ова што го кажав:

27. Голема опасност е во мене зашто оној што не ги разбира овие руни ќе направи голема грешка. Тој ќе падне во бездната наречена Затоа, и таму ќе пропадне со кучињата на разумот.
28. А сега клетва на Затоа и неговиот род.
29. Нека Затоа биде проколнато засекогаш.
30. Ако вољата застане и викне Зошто, привикувајќи го Затоа, тогаш Вољата застанува и неправи ништо.
31. Ако Моќта запраша зошто, тогаш Моќта е слабост.
32. Исто така и Разумот е лага, зашто постои чинител бесконечен и непознат и сите нивни зборови се навидум мудри.
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Во Писмото, конечната објава Негова нема ништо околу архетипот на Исус, ниту трансцеденталност ниту пак за поврзување на спасителот со некакви учења кои се надвор од Книгата.
Забрането е.
Имањето други богови освен Него е смртен грев.
Се она што е таму е Негов збор и Заповед и пат кон спасението и се она кое луѓето како несовршени и грешни се обидуваат да додадат или одземат или толкуваат со својот несовршен ум и разум, обидувајќи се да проникнат во мудроста вечна Негова е само дело на возгордеаноста човекова која исто така е грев смртен.
Тоа што се бара од христијанинот е јасно напишано да го исполни а не да мудрува околу Неговиот збор и промисла.

Така да...телемити,будисти,хинду,херметисти,членови на редот на сончевата порта...се е тоа лажно сведочење и план на лукавиот да го оттргне верникот од спасението и да го зароби во канџите на гревот и вечниот оган...
Да све е ова точно. Али тие езотерни страни на аврамските религии не се исто што и Телемата. Не знам кој од нив би можел да го свари ова:

51. Со мојата глава Соколова ги колвам очите Исусови додека виси на крстот.
52. Со крилјата замавнувам по лицето Мухамедово и го ослепувам.
53. Со канџите откинувам месо од Индиецот и Будистот, Монголецот и Динот.
54. Баласти! Омпеда! Плукам на вашите незаситни вери.
Затоа реков дека треба да се излезе од гледање на својот „мит“ ака библија, куран како факт. Метафора и алегорија се е начин на кој се разговара и кој може тоа да почне да го разбира, тогаш не гледам проблеми.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Затоа реков дека треба да се излезе од гледање на својот „мит“ ака библија, куран како факт. Метафора и алегорија се е начин на кој се разговара и кој може тоа да почне да го разбира, тогаш не гледам проблеми.
Е па неможе така, секој христијанин или муслиман или евреин да си толкува кој дел е буквален, кој дел е метафоричен, која догма чини а која не, во согласност со климата, атмосферските услови и рељефот и часовната зона, што може и што не може да се чита преку езотерички наочари...
Или е мит или не е, Исус или воскресна или не, Мухамед или е или не е последниот пророк, Мојсеј или го откри на избраниот народ Законот или не го откри...
Или све се прифаќа или не...се друго е од лукавиот...:)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.315
Поени од реакции
12.324
Лукавиот? :)
Аман Тоукатер, со твојте провокации :)
Заратустра, ако сето ова ти беше за потсмев, не доби ништо од одговорите значи.
(Сигурно не сте една иста личност, или пак близнаци??? :) )

Во врска со стихови од Законот каде што се споменува Исус, Мухамед итн итн(Evill_Bety ти можеш да го свариш тоа, не биди толку скромен), постојат Популарни коментари на Законот од Големиот Ѕвер со наслов „Законот е за Сите“. Дури и на македонски, ќе си ја земете, ќе го најдете објаснувањето(прво ќе прочитате на почетокот, зошто се такви објаснувањата какви што ќе ги најдете во книгата) и ќе разјасните отприлика со кои други стихови се споредува сето тоа и што се добива.

Сите зборови се свети и сите пророци вистинити; освен што тие разбираат малку; Поглавје 1, Книга на Законот :) Објавување на Нуит!
Кои се тие? Пророците? Некој трет? Комшијата? :)

Барате да ви се покажат некои познати телемити? Што ќе ви се познати телемити? Да видите какви се? Сите сме различни!
А и не е етички(и е строго забрането) да се објавува јавно без дозвола на некој член дека е иницијант во нашите мистерии. Така да ова останува неодговорено(не дека од другите одговори имаше фајде кај оние што се исмеваат на се што им е туѓо).

27. Голема опасност е во мене зашто оној што не ги разбира овие руни ќе направи голема грешка. Тој ќе падне во бездната наречена Затоа, и таму ќе пропадне со кучињата на разумот.
28. А сега клетва на Затоа и неговиот род.
29. Нека Затоа биде проколнато засекогаш.
30. Ако вољата застане и викне Зошто, привикувајќи го Затоа, тогаш Вољата застанува и неправи ништо.
31. Ако Моќта запраша зошто, тогаш Моќта е слабост.
32. Исто така и Разумот е лага, зашто постои чинител бесконечен и непознат и сите нивни зборови се навидум мудри.
Сите одговори ги има во Законот и други списи, ама подобро е да се прашува бесцелно и да се потсмева човек :)
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Лукавиот? :)
Аман Тоукатер, со твојте провокации :)
Заратустра, ако сето ова ти беше за потсмев, не доби ништо од одговорите значи.
(Сигурно не сте една иста личност, или пак близнаци??? :) )

Во врска со стихови од Законот каде што се споменува Исус, Мухамед итн итн(Evill_Bety ти можеш да го свариш тоа, не биди толку скромен), постојат Популарни коментари на Законот од Големиот Ѕвер со наслов „Законот е за Сите“. Дури и на македонски, ќе си ја земете, ќе го најдете објаснувањето(прво ќе прочитате на почетокот, зошто се такви објаснувањата какви што ќе ги најдете во книгата) и ќе разјасните отприлика со кои други стихови се споредува сето тоа и што се добива.

Сите зборови се свети и сите пророци вистинити; освен што тие разбираат малку; Поглавје 1, Книга на Законот :) Објавување на Нуит!
Кои се тие? Пророците? Некој трет? Комшијата? :)

Барате да ви се покажат некои познати телемити? Што ќе ви се познати телемити? Да видите какви се? Сите сме различни!
А и не е етички(и е строго забрането) да се објавува јавно без дозвола на некој член дека е иницијант во нашите мистерии. Така да ова останува неодговорено(не дека од другите одговори имаше фајде кај оние што се исмеваат на се што им е туѓо).

Сите одговори ги има во Законот и други списи, ама подобро е да се прашува бесцелно и да се потсмева човек :)
Koj го тоа забранил?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.315
Поени од реакции
12.324
Koj го тоа забранил?
Јас??? (Сигурно не сакам некој што ме знае и е иницијант, без мое знаење и дозвола да зборува за мене кој сум и што сум пред непознати ).
Или за да ви е поблиску објаснувањето: Како што на било кој вработен во полиција е забрането да дава инфо за било кој граѓанин, слично е и тука, ако сакате споредба.
А ако вие сами си ги давате вашите информации, тоа си е ваше.
Забрането е да се зборува за друг дали е или не иницијант.
Зошто ќе прашате? Немојте :)
 
Мислам дека дискусијава е отидена доста подалеку од губење време за објаснување на вакви тривијалности.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.315
Поени од реакции
12.324
Гледаме кај е отидена, ама ајде :)
И ова е скоро нешто отколку ништо :)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Лукавиот? :)
Аман Тоукатер, со твојте провокации :)
Заратустра, ако сето ова ти беше за потсмев, не доби ништо од одговорите значи.
(Сигурно не сте една иста личност, или пак близнаци??? :) )
Не сме.

Јас бев максимално озбилен и коректен, се додека се разговараше логично. Оној момент кога почнаа да се шверцуваат глупости од типот може со мирна совест да се биде христијанин и телемит истовремено, тоа се промени. Кога дискутирам со некого, очекувам да ги следи барем основните правила на логиката А=А и А е различно од Б. Јас можам да сварам многу работи for the sake of the argument но и мојата стрпливост има граници. Јас се интересирав за теоретските поставки за телемата, и секогаш кога треба да се даде одговор разбирлив за сите во светот во кои постоиме, следува некое Египетско име...

Жал ми е, но реакција на тоа ќе биде само потсмев...
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Е па неможе така, секој христијанин или муслиман или евреин да си толкува кој дел е буквален, кој дел е метафоричен, која догма чини а која не, во согласност со климата, атмосферските услови и рељефот и часовната зона, што може и што не може да се чита преку езотерички наочари...
Или е мит или не е, Исус или воскресна или не, Мухамед или е или не е последниот пророк, Мојсеј или го откри на избраниот народ Законот или не го откри...
Или све се прифаќа или не...се друго е од лукавиот...:)
Разбирам сите што сакате да кажете - дека ако еден човек верува само во одредени делови од одредена религија веќе не може да се гледа од другите како следбеник на истата. Или следи све до буква - или не е припадник.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Разбирам сите што сакате да кажете - дека ако еден човек верува само во одредени делови од одредена религија веќе не може да се гледа од другите како следбеник на истата. Или следи све до буква - или не е припадник.
Алелуја...

Е сега, ја сфаќаш елементарната глупост за христијанин и телемит во исто време?

Значи НЕ МОЖЕШ истовремено да веруваш дека душата по смртта ќе го чека вечниот суд и дека ќе се шета од тело до тело. И тоа, тука се работи за клучните поставки во учењата, не за некое прашање како на пример дали е исправно да се јади колбас во петок...

Не знам која и каква пракса на светот ќе го премости ова.

Фино, го расчистивме тоа. Е сега доаѓа ОТО и ќе ми каже дека јас не сум инициран и дека немам пракса.
Како после тоа да бидам коректен и озбилен?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom