Законот на Телема

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.940
Поени од реакции
12.534
Aј малку да оладам ситуација :)

За Црните Браќа !

"Црниот Брат" не е исто што и "црн магичар". "Црн Брат" се станува заради страв од прескокнување на бездната, додека "црни магичари" обично се психички неурамнотежени личности, кои многу лесно се препознаваат. "Црниот Брат" има делумно право знаење, кое го користи како би создал впечаток за значењето на неговата личност без поседување на вистински авторитет, и кој го користи тоа свое знаење за манипулација на своите заведени приврзаници, кои му веруваат зошто наизглед работи "за нивно добро", спрема нив "црните магичари" се прави лаици. "Црните магичари" видно без прикривање работат само за своја лична (главно материјална) корист. Интересно е што "црните магичари" и "Црните Браќа" постојано се обидуваат да изнајдат рационален (разумски- Руах) премин преку бездната што е невозможно), па подоцна стануваат отфрлени далеку во Сферата на Елементите (Малкут) или дури клипотите.

Љубовта е закон, љубов под волја!
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Само онака колку да се филозофира: Каде е разбирањето тука? Зависи од што? Знаењето зависи од што? Од информациите? Мудроста, за неа нема ни да прашам.
Нормално не сакам метафизички размисли. Ова е наука. Методот на Науката, Цел на Религијата. Тоа е нашиот метод. Ако не го разбирате, ве молам да прашувате ако ја студирате темата надвор од овој форум.
Еве, убаво почна...но одма контрадикторности. Филизофирајте, но не со метафизички размисли - ова е наука. Филозофија и наука - баби и жаби.

И све ќе беше ОК, додека не стигна оваа изјава:

Вакви изјави како Ipsissimus што ги даде, можеби изгледаат логично, но не се точни и водат до многу повеќе прашања отколку одговори.
И после све отиде у вода.

Ние, као аутсајдери (said with mocking tone of voice on my side - sorry) како ќе прашуваме тука за Телемата? Се што може да се одговори е одговорено. Другото е тајна. Пренасочени се луѓе кон стихови од Краули што пливаат во симболизам и човек што не упатен не може да сфати (што според вас тоа е и намерата)....така да, искрено не гледам поента од дискутирање, кога нема што да се дискутира.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.186
Поени од реакции
12.168
Полека девојко полека...
Пренасочени се луѓе кон стихови од Краули???
Што зборуваш??? Кажав јас некаде ПОЕЗИЈАТА НА КРОУЛИ???
АХ, само ќе пишуваме како The Magus... Така е Најдобро...

Ако не гледаш поента, нема дебатирање. :)

Инаку Магус, да прашам, во една од книгите се вели и дека Разумот е Лага. Од тука можеби следува и овој погрешен став на црните за премин на Бездната(каде што бесконечно е во постојано движење и Даат, или Знаењето), не гледајќи дека логиката е замка?
 
Па и на мене може некад да ми се деси краток спој.

Буквалиста сега стана? Стихови ги викам, текст, што и да е - зар е битна ситницата? I doubt it.

А зошто па да не може да се збори како Магус? Супер со него ни иде муабетот. Не издава тајни на друштвото - но е јасен and approachable.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.186
Поени од реакции
12.168
Не сме сите исти во приодот. Јас сакам да дебатирам, да "боцнам" за да се развие расправа. Но овде се смета дека веднаш вашето его е навредено. Дека ете некој си странец се прави дека знае повеќе.
Ако така се прави, да се има став дека некој ви го загрозува вашето знаење, нема да има дискусија. Ќе си препишуваме од книги (мене ми е така полесно) , а вие, што разберете па тоа.
Иако можете сите книги да ги купите, има и на македонски, и да не мора ни да се пишува тука. Работата е да се напише, да се корегира нешто, да се прашува.
Јас имам различен пристап од The Magus.

П.С. Реагирав за твоето излагање дека јас велам поезијата на Кроули... јас кажав само поезија... не кажав чија... Лошо си ме разбрала... А тоа ќе води до несогласици...
И да се вратиме на темата што ја почна The Magus...
Дали е точно тоа или не? Дека со Разум не се минува Бездната? Или има начини... И мене ме интересира што е тоа Бездна? Како може да се објасни на прост македонски јазик?
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.052
Поени од реакции
83.494
Иако можете сите книги да ги купите, има и на македонски,
Е што има на македонски дај кажи жити све.
Ја само Corpus Hermeticum ја најдов (и купив секако) на македонски од литература која условно спаѓа во западната езотерија.
Но нејзе ја издале затоа што станува збор за класика.
Инаку не сум видел ништо друго да има издадено на македонски. Па Lord of the Rings до вчера ги немаше, да не беа филмовите и денес немаше да ги има на македонски.
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.940
Поени од реакции
12.534
Полека девојко полека...
Пренасочени се луѓе кон стихови од Краули???
Што зборуваш??? Кажав јас некаде ПОЕЗИЈАТА НА КРОУЛИ???
АХ, само ќе пишуваме како The Magus... Така е Најдобро...

Ако не гледаш поента, нема дебатирање. :)

Инаку Магус, да прашам, во една од книгите се вели и дека Разумот е Лага. Од тука можеби следува и овој погрешен став на црните за премин на Бездната(каде што бесконечно е во постојано движење и Даат, или Знаењето), не гледајќи дека логиката е замка?
Еве најдов уште нешто интересно :)

Разликата помеѓу Мајстор на Храмот и Црниот Брат е тоа што Мајсторот знае дека тој е Центар на Универзумот за себе, но истовремено разбира дека истата работа е вистина за кое било друго битие. Црниот Брат знае дека тој е Центар на Универзумот, но не разбира дека истото важи и за другите. За сите други. Уште повеќе, тој не ни сака да разбере. Тој го објаснува било чие манифестирање на самостојнист како напад на својот углед. Намерите на Црниот Брат обично се најдобри. Тој ви сака среќа. Но бидејќи неговата дефиниција на вашата среќа е заснована на она што тој смета дека е најдобро за вас, затоа тој може да ви причини многу зла со обидувањето да ви помогне. Магистерот, по правило, воопшто нема да се обидува да ви помогне. Тој си ја гледа својата работа а не туѓата. :)

Потполниот недостаток на хумор е карактеристична одлика за Црното Братство.

Постојат одредени аналогии помежу Црното Братство и паранојата, но додека паранојата е ментална, Црното Братство е Даат-овска болест и многу поопасна. Религиозните прогонувања во историјата секогаш биле предизвикани од човек, кој преку дисциплина од одредена вера стигнал до прагот на Бездната, а потоа се плашел да ја прескокне. Неговата болест тогаш, телепатски и магички делувала на луѓето од неговата вера, кое нешто резултирало со Света Инквизиција итн...

Јас не милувам да се расправам со форумски провокации и да трошам енергија и време на објаснувања, не ни мислев да пишувам на оваа тема. Отприлика само да презентирам дел од учењето без навлегување во расправи :) Сериозно би расправал само со сериозни луѓе но во живо уз кафица хахахах

Иначе тоа за бездната, така гледам на тоа, разумот е лага и секој обид да се разумски разбере бездната може да доведе до лудило, затоа што таму е знаење ну му недостасува значење, нештата се само таму но без значење...така некако :)

Љубовта е закон, љубов под волја !
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.940
Поени од реакции
12.534
Па и на мене може некад да ми се деси краток спој.

Буквалиста сега стана? Стихови ги викам, текст, што и да е - зар е битна ситницата? I doubt it.

А зошто па да не може да се збори како Магус? Супер со него ни иде муабетот. Не издава тајни на друштвото - но е јасен and approachable.
Јасен сум затоа што препишувам, читам и пишувам - ЦИТИРАМ...не е од мене :) Пошто често погрешно се сфаќа телемитското учење, вака со повеќе информации можеби ќе биде појасно :)
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.052
Поени од реакции
83.494
Ајде магус ќе го оставам да ја состави листата на книги што се преведени на македонски и што ги има по Скопје и по други градови во државата. :)
А ти веројатно мислиш на книги од Кроули. За нив не знам, можеби ги има.
Пишувајќи го предходниот пост се заборавив дека сум во оваа тема и дека зборувате за такви книги. My bad.
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.940
Поени од реакции
12.534
Ајде ајде не се оправдувај сега дека само препишуваш. :)
Пишувај сега листата на преведени книги. Мене ме мрзи да пишувам. Ќе одам да потрошам ноќтта за Нуит.
Ќе те послушам тебе, не трошам енергија поеќе на форумов, доста е за оваа вечер :)

По-здрав, 93 93/93
За брзо излегува нова, се е спремно...скоро :)

Магика без солзи
Атлантида
Мали есеи на вистината
8 лекции за јога (феноменална)
Преку понорот
Законот е за сите (коментарите на Книгата на Законот)
Книгата на Законот

Се надевам не пропуштив некоја

93 93/93
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.186
Поени од реакции
12.168
Ништо, бидува грешка. Инаку има книги преведени. И се преведуваат уште.
А онака за езотерија општо... Да ти кажам најсиромашни сме во тој поглед. Има нешто од издавачката куќа Аквариус 5. Претежно источни филозофски учења, книгите на Кастенада... но треба повеќе. Србија не само телемитски книги што се преведени еден тон, туку имаат и онака дела од езотерија преведувано. А и битно е кој преведува, и колку е солиден преводот. Понекогаш е подобро да се чита оригиналот.

Да се надеваме дека и тука ќе се подобри сето тоа. Да има не само телемитски туку и друг вид на литература за да се прави компарација.

П.С. И да си пропиштил, листата може да се дополни... со новата книгаааа :)
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Јасен сум затоа што препишувам, читам и пишувам - ЦИТИРАМ...не е од мене :) Пошто често погрешно се сфаќа телемитското учење, вака со повеќе информации можеби ќе биде појасно :)
and we appreciate that

Не сме сите исти во приодот. Јас сакам да дебатирам, да "боцнам" за да се развие расправа. Но овде се смета дека веднаш вашето его е навредено. Дека ете некој си странец се прави дека знае повеќе.
Ако така се прави, да се има став дека некој ви го загрозува вашето знаење, нема да има дискусија. Ќе си препишуваме од книги (мене ми е така полесно) , а вие, што разберете па тоа.
Иако можете сите книги да ги купите, има и на македонски, и да не мора ни да се пишува тука. Работата е да се напише, да се корегира нешто, да се прашува.
Јас имам различен пристап од The Magus.

П.С. Реагирав за твоето излагање дека јас велам поезијата на Кроули... јас кажав само поезија... не кажав чија... Лошо си ме разбрала... А тоа ќе води до несогласици...
И да се вратиме на темата што ја почна The Magus...
Дали е точно тоа или не? Дека со Разум не се минува Бездната? Или има начини... И мене ме интересира што е тоа Бездна? Како може да се објасни на прост македонски јазик?
Е па начинот на кој боцкаш удара на погрешен начин. Во секој случај треба да се запамти дека овде не се збори очи во очи :smir:

Бездната....за да се помине зарем не треба Егото одамна да го нема? Ако го нема него, значи разумот и интелектот не може да ни го поматат видикот. Dont we just have to accept and let go of everything so we can successfully cross a void?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.186
Поени од реакции
12.168
Не удира на погрешен. Удира точно таму кај што треба. Во егото. :smir:

Точно е тоа со Егото и минување на бездната. Автоматски, телемата нема ништо слично со Левиот пат, а уште помалку со Ла Веј, со кој многумина неупатени го мешаат учењето на Кроули, со разбирањето на левиот пат од страна на Ла Веј. Има претходни постови на кои Магус објаснуваше по ова прашање.
ЗА минувањето на бездната многу добар опис има во Визија и Глас (The Vision and the Voice - Liber 418).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom