Египетски религии немало. Но имало египетски ритуали. А ние што ги знаеме како религии, и вери, тоа е затоа што секој пишува и знае денес за Египет. Египетските ритуали се поврзани со египетската елита, и не била наменета за целата раја, како денес.
Телемата не е религија и не произлегува од религии и вери. Јога не е вера, мистицизмот не е вера, кабала не е вера... сето тоа е пракса. Има разлика. Нуит и Хадит може да ги напишеш и со друго име, но означуваат секогаш едно исто.
Во Liber AL се вели дека тие Ритуали се црни. Треба да се обноват. И тоа се направи. Зошто потребата за обнова и што значи црни? Немој да мислите дека значи лошо... или сатанизам... да не настане грешка. За тоа може да прочитате некоја книга, да истражувате. Премногу свети работи се тоа за да се зборува на форум.
Телемити има и атеисти, и монотеисти, и политеисти, секакви. Телемата не е религија ниту Вера.
Thelema is a
religious philosophy. Не сум знаел дека постои ваква кованица од зборови. Телемата е Религиозна филозофија. Абе ајде...
religious experience е ова е уште подобра кованица.
Еднаш ми рекоа дека причината за постоењето на Liber AL e делириум. Ах што нема да ми кажат веќе.
Телемата е филозофија, не е вера ниту религија. Продолжување на старите учења. Не нивно уништување.
Се надевам задоволително одговорив на прашањето.Совет: не читајте се од вики, одете и земете книга. Една книга води кон друга.