- Член од
- 9 февруари 2008
- Мислења
- 170
- Поени од реакции
- 8
Бошковски ја губи поддршката
ВМРО - ДПМНЕ бара начин да ја спречи кандидатурата на Љубе Бошковски за претседател на државата, дознаваме од партиски извори.
Партијата испратила и наредба до сите општински организации да му забранат на поширокото членство да присуствува на трибините што Бошковски ги одржува низ земјава и на кои ја најавува својата претседателска кандидатура.
И извори блиски до Бошковски ги потврдуваат информациите дека ВМРО - ДПМНЕ ја опструира неговата кандидатура за претседател на државата.
- Бошковски е упорен во неговите намери, но благодарение на ВМРО - ДПМНЕ тој сè повеќе ја губи поддршката. Затоа сè уште не е извесно дали ќе се кандидира за претседател. Тоа многу зависи и од тоа дали ќе добие поддршка од меѓународната заедница. Односно, дали странските амбасади ќе му дадат зелено светло. Ако и тие не го поддржат, тогаш најверојатно дека нема да се кандидира - велат изворите.
Бошковски ја губи поддршката и од неговите најблиски соработници.
- Сите му го свртеа грбот. И Горан Митевски и Мане Јаковлевски и Ден Дончев и Филип Петровски. Остана само со неколку анонимни поддржувачи - велат изворите.
Здружението за поддршка на Бошковски додека тој беше затвореник во Хаг не ја поддржува неговата кандидатура.
- Ние веќе се изјаснивме дека во овој момент нема да го поддржиме во неговите политички ангажмани. Ние бевме Здружение за негова поддршка додека беше во Хаг. Сè уште е рано да се зборува за негова кандидатура затоа што многу прашања се отворени. Ослободителната пресуда во Хаг сè уште не е правосилна, случајот „Раштански Лозја“ сè уште е отворен во Хрватска, а Бошковски и понатаму се наоѓа на црната листа на САД. Кога ќе се решат тие прашања, можеби може да се зборува за поддршка околу неговиот политички ангажман - вели Горан Митевски, претседател на Здружението.
И Мане Јаковлевски, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ и член на Здружението за поддршка на Љубе Бошковски, вели дека нема да ја поддржи неговата кандидатура за претседател.
- Ние бевме активни како здружение и му помогнавме да дојде во Македонија. Секоја негова активност надвор од ВМРО-ДПМНЕ е погрешна. Тој е дел од таа партија и ако раководството одлучи да му даде поддршка, тогаш и јас ќе го поддржам. Јас нема да го поддржам Бошковски ако не го поддржи партијата - вели Јаковлевски.