TpH_Bo_OkO
Трноризец
Дончо Штипјанчето и во најголемите мачења не ја предал ТМОРО
Македонските револуционерни народни песни, покрај фолклорна вредност, се испеани од вистинити настани и личности. Една од најпознатите револуционерни песни е песната "Ми товарил калеш Дончо", во која е опеана судбината на штипскиот револуционер Андон Стојанов Тошев, кој бил заробен и мачен од турските власти во обидот да однесе бомби и муниција во Битола.
Андон Стојанов Тошев, познат како Дончо Штипјанчето, се родил во 1867 година во Штип. Работел како ќираџија, заедно со својата жена Екатерина. Со неа изродиле пет деца.
Во 1894 година, Гоце Делчев и Даме Груев дошле во Штип со мисија да ја шират идејата за организиран отпор кон власта и стремежот кон слободата. Бунтовните штипјани го прифатиле предизвикот и таа година формирале ќелија на ТМОРО. Дончо активно учествувал во револуционерната дејност уште од основањето на ќелијата. Во состав на ќелијата работела тајна работилница за бомби, многу значајна за Револуционерната организација во тоа време. Штипската ќелија била задолжена да ги дистрибуира произведените бомби до другите ќелии на ТМОРО. Во 1896 година од Битолскиот револуционерен округ било побарано да им бидат однесени бомби и муниција. Било одлучено Дончо да оди во Битола, затоа што бил еден од најискусните борци во штипската ќелија.
Дончо тргнал за Битола маскиран како трговец со три товари ориз, а бомбите ги скрил во оризот. По патот до Битола поминал без да биде забележан и фатен што носи, но на самиот влез во градот бил запрен од турските колџии, кои се посомневале во товарот на непознатиот трговец. Помислиле дека Дончо е шверцер на тутун и почнале со штиковите од пушките да ги бодат вреќите со ориз. Така налетале на бомбите. Во тој момент Дончо се обидел да избега, но бил фатен и приведен во тогашната полициска станица во Битола. Првиот ден од притворот властите биле збунети и не можеле да го разберат вистинскиот мотив на Дончо, та првин си помислиле дека е шверцер. Многу брзо турските власти го насетиле мотивот на Дончо и осознале дека постои организација која се бори за пропаст на султанската држава во Македонија. Паднала одлука: Дончо да се испитува и се да признае со мачење и тепање за да дознаат што повеќе за Организацијата.
За ТМОРО тогаш настапил кризен период, била доведена во прашање целата дотогашна работа, се зависело од Дончо и неговата истрајност. Тоа било првото поголемо огнено крштавање на издржливоста на Организацијата, на испит биле ставени дораснатоста и зрелоста на револуционерите кои се стремеле кон слобода. Турските власти, обидувајќи се да му ја скршат волјата, секојдневно го мачеле Андон, но тој цврсто се држел и тврдел дека бомбите му биле подметнати и дека не знае кој ги ставил во товарите со ориз. Во тие долги и мачни денови, измачениот Андон се претворил во непокорливиот Дончо Штипјанчето. Турските власти во недостиг на докази ја прекинале истрагата и го осудиле на сто и една година тешка робија, но подоцна бил ослободен.
По излегувањето од затвор, се вратил во родниот град Штип и таму ги преживеал балканските војни, околу 1913 година со семејството се преселил во Бугарија и таму останал до својата смрт на 16 април 1930 година.
Храброто држење и непокорливоста на Дончо Штипјанчето за ТМОРО и за народот претставувале голема морална победа со која конечно се потврдило во практиката решителноста на револуционерите да одат докрај во својата борба за слобода. За Ѓорче Петров, еден од најголемите мекедонски револуционери, Дончо Штипјанчето претставувал "прататко на цврстината при најголеми страдања", тој преку својот непокор и фанатичната истрајност забележливо го запечатил моралот кај македонските револуционери.
Натчовечките напори и саможртвата на Дончо Штипјанчето силно одекнале во свеста на народот, кој му се оддолжил опевајќи ја неговата судбина во песната "Ми товарил калеш Дончо".
Османската полиција, изненадена од откритието го подложила Донета на неверојатна тортура за да го принуди да ја каже вистината, но не успеала од него да дознае ништо. Овој чин на Дончо Штипјанчето Ѓорче Петров високо го оценил со зборовите: "Доне Штипјанчето со својата верност кон клетвата во битолскиот затвор стана родоначалник на она пасивно херојство на работници на Организацијата паднати во турски раце, што ја гарантираше сигурноста и тајната на Организацијата"132. Јуначкото држење на Доне Штипјанчето пред османската полиција во битолскиот затвор станало пример на револуционерна цврстина заради што народниот гениј му испеал една од најубавите револуционерни песни.
Со фаќањето на Доне во Битола се надвиснала непосредна опасност и над Гоце Делчев. Во него власта почкала да се сомнева. Тој успеал да се "одбрани" од тоа. Но сепак бил уапсен во април 1896 година, а во мај бил одведен во Скопје и затворен во скопскиот затвор Куршумли ан. Во затворот бил кратко задржан со ветување да не се враќа во Штип со одредена "гаранција" за својата натамошна работа и движење.133
Последиците од оваа "афера" биле многукратни. Ѓорче Петров подвлекува две констатации: 1. фактот за постоење на завера во Штип и Битола и станал познат на османската власт; 2. Делчев го обрнал вниманието на властите врз себе си во Штип; во редот на сомнителните бил вклучен и тој134. Гоце, сепак, се враќа во Штип, токму при привршувањето на учебната година. Оттука патот го водел во Солун на конгресот на Организацијата кој што претставувал еден од пресвртните чинови во историјата на македонското ослободително дело.

Со јакнењето и омасовувањето на револуционерната организација растел и ризикот од "случајно" откривање на нејзината мрежа и од провали со големи размери. Првото сомнение дека нешто се случува го предизвикало откривањето на неколкуте празни рачни бомби во вреќите со ориз пренесувани од кираџијата Доне од Штип во Битола во 1896 година128. Христо Андонов Полјански наведува дека Доне (Андон Тошев - Дончо Штипјанчето) член на Организацијата бил испратен од Гоцета Делчев во Битола на 15 април 1896 година129 како кираџија, со два коња товарени со четири вреќи ориз, на чие дно се наоѓале 200-300 куршуми и десетина рачни бомби. "Стоката" била наменета за Битола, а оттаму требало да се пренесе во Ресен, Охрид и Струга. На 16 април него го запреле при влезот во Битола (кај црквата Св. Недела) стражарите кои, барајќи контрабанден тутун, ги откриле бомбите130. Доне се обидел да бега, но бил фатен и одведен во полициската станица. Тој успеал да испрати писмо во Штип дека "поскоро ќе умре отколку да предаде нешто пред полицијата". Така и станало131.Ми товарил калеш Дончо,
Три товари ориз,
Па си тргнал калеш Дончо,
За пуста Битола.
Леле , леле , леле,
Дончо за жалење,
Оф , оф , оф , оф , оф , оф,
Дончо штипјанчето.
На пат го сретнале Дончо,
Турски караколи,
Му најдоа пусти Турци
Бомби и патрони.
Леле , леле , леле,
Дончо за жалење,
Оф , оф , оф , оф , оф , оф,
Дончо штипјанчето.
Го фрлија калеш Дончо
Во темни занадани,
Го мачеја пусти Турци
Во тесни долапи.
Леле , леле , леле,
Дончо за жалење,
Оф , оф , оф , оф , оф , оф,
Дончо штипјанчето.
Аферима бре калеш Дончо,
Никој не издаде.