Политичките игри и медиумите

  • Креатор на темата Креатор на темата Lavec
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
24 октомври 2008
Мислења
215
Поени од реакции
11
Медиумите не се баш седма сила во општеството како што сакаат да ги прикажат. Многу се помоќни.
Голема е играта која се води околу превласт во медиумскиот простор.
Сопственост врз некој медиум овозможува и голема политичка моќ.
И политичарите мораат внимателно со нив, многу често да им попуштаат и да им угодуваат.
Очигледно е дека се злоупотребува моќта на медиумите. Намерата е да се има контрола врз јавноста за да се спроведе одредено политичко сценарио спротивно на вољата на народот. Кој не може преку демократски избори, се обидува својата политика, интерес и воља да ги наметнува преку моќта на медиумите.

Во кулоарите се зборува дека дејствувањето на странските служби во Македонија (како и во многу други држави) е насочено токму преку медиумите, дека длабоко имаат вплеткано прсти. Прашање колку е ова точно?
Секакви нечисти политички игри се спроведуваат во Македонија со помош на медиумите, досега сме гледале многу примери. Со чија помош се овозможи промена на Уставот, промена на знамето, капитулантската политика 2001 год, територијалното прекројување на Македонија? Истото сценарио сакаа да го спроведат и за името. Но засега не им успева.

Но не можеме да говориме дека еден медиум застапува само една политичка опција и ништо друго. Игрите во медиумите се многу посложени. Во еден медиум има новинари кој застапуваат една, и новинари кои застапуваат друга политичка опција.
Еве на пр. Сител ТВ. Таму Латас и Ивона Талевска, моментално донекаде се приклонети на владината политика. Од друга страна Валентин Николовски и Драган Антоновски како повеќе да се приклонети кон политичките ставови на опозицијата.

Јавноста мора да научи да ги осуетува политичките сценарија кои разни моќни лоби групации се обидуваат да ги спроведат преку разни новинари, медиуми и нивното влијание врз јавното мислење.

Многу симптоматични на пример се последните текстови по весниците за можното прелевање на некаква косовска криза во Македонија која би се појавила со доаѓањето на Еулекс и можната поделба на Косово. Како овие натписи да се порачуваат и контролираат од некој политички центар кој има намера нашата држава да ја направи зависна и условена од политичките случувања на Косово. Особено се впечатливи последните две теми од магазинот Дуел во сабота на Валентин Николовски на Сител ТВ. Да го погледнеме само последниот режиран дуел помеѓу генералот Стојков и оној Зумбери од УЧК. Гледачите дури се убедуваат дека постоел голем интерес за репризирање на емисијата и се повикуваат повторно да ја гледаат на интернет изданието на Сител. Како да постои намера оваа тема да се наметне во јавноста за да се запали, како подлога за спроведување некое политичко сценарио. Можеби некој има намера сега вештачки да ги подгрева и влошува меѓуетничките односи. Дали можеби идејата е да се создаде впечаток кај граѓаните дека постои опасност по државата од прелевање на политичка криза од Косово со цел да се заплаши јавноста, да попушти за промена на името и идентитетот за да влеземе што побрзо во НАТО каде што треба да бидеме побезбедни.

Мора да научиме да ги препознаваме медиумските политички игри со цел да си ја зачуваме независноста, стабилноста и просперитетот на Македонија.
 
Мора да научиме да ги препознаваме медиумските политички игри

Нешто се сомневам дека ќе успееме. Во реалноста за жал, бројот на луѓето кои размислуваат и можат да осуетат медиумска конструкција е разочарувачки мал. Огромното мнозинство едноставно слепо ги прима информациите кои излегуваат од кутијата во дневната соба. За повеќето луѓе светот не е поинаков од она што ќе им го кажат на вестите...

И ова е секаде, не само кај нас. Моќта на пропагадната машинерија денес може да убеди цели нации да тргнат во војна од апсурдни причини, или комплетно поинакви причини од вистинските. Може да внесе раздор помеѓу луѓето или да ги натера да поверуваат во неверојатни лаги и измислици. Се работи веќе за цела наука која се занимава со тоа како да го контролира човековиот ум, или човештвото во целост.

Нашите се аматери, провидни се. Не се паметни да смислат некаква конструкција па фронтално се определуваат за една или друга страна и шират пропаганди. Но и со таквиот аматерски однос, успеваат да ги истуркаат своите агенди.

Можеби денешните помлади генерации ќе се фокусираат повеќе на интернетот кој иако е полн со пропаганди, е далеку послободен медиум од телевизијата, па во иднина човекот ќе може да даде достоен отпор на wash&go филозофијата. Сега за сега, јас не сум оптимист...
 
Медиумите секаде во светот се само пропагандна машинерија.Најмоќните светски медиуми се управувани од исти центри на моќ и служат за експериментирање со јавното мислење,создавање тензии,наметнување на јавно мислење и разгорување конфликти.
Не постои моќна светска телевизија или весник кои не е под некакво политичко влијание....затоа помалку :tv:.

 
Нецелосното и погрешното поимање на демократијата овозможува вакво мислење. Демократијата е борба на идеи. За сопствената идеа да надвладее меѓу мноштвото кои постојат се користи алатот наречен пропаганда.
За подобро да се сфати пропагандата може таа да се смета како едукација која во моментов не е прифатлива
или пак преку изреката:
Колку е тешко жаба да натераш да рипне во вода.
Веќе е докажано дека ниедна пропагандна активност не ќе може да им го смени мислењето на тие кои правилно сфаќаат дека име и идентитет не се менуваат за грст пари, прифатливост или привилегии. Доколку не ни беше битно името наједноставна пропагандна активност би... Ќе не натераше да рипнеме во вода.

Нашите се аматери, провидни се. Не се паметни да смислат некаква конструкција па фронтално се определуваат за една или друга страна и шират пропаганди. Но и со таквиот аматерски однос, успеваат да ги истуркаат своите агенди.
Општо прифатена заблуда е да се помисли дека нас не не` бива за ништо. Дека сме немоќни пред џиновите белосветски кои се` можат, а ние ништо не можеме, кутрите ние.
Поголемиот дел на наброените примери кои тука на темава се дадени се извршени од наши заради задоволување на нивната алчност и болна амбициозност. За тие да си ги задржат своите привилегирани позиции криејки се под плаштот: За доброто на народот или за доброто на државата.
Аматерски се изведуваат оние „убедувачки“ кампањи кои ги прават поединци кои прочитале нешто и сметаат дека се врни уведувачи. Такви ги имаме со лопата да ги ринеш. Најлошото е во тоа што самите не се свесни каква штета прават, прво себеси и својата емотивност, па потоа општеството. Исто така тие можат да бидат користени како средство за одвлекување на вниманието од вистинската убедувачка кампања.
Квалитетна убедувачка кампања се спроведува така што е неосетна за примателите на „едукацијата“. Вистинските термини за ваквите кампањи се општествена манипулација или општествен инженеринг, а не како што мноштвото го нарекува перење на мозок кое е сосема различна работа и се користи за индивидуално, принудено и наметнато променување на цела личност (кршење на волјата).

Мора да научиме да ги препознаваме медиумските политички игри со цел да си ја зачуваме независноста, стабилноста и просперитетот на Македонија.
Од 2001 постои сајтов:
www.angelfire.com/ab6/protivpropaganda
и посебно за оваа тема:
www.angelfire.com/ab6/protivpropaganda/fajlovi/linkmedium.htm

Многумина преку информациите на него имаат дипломирано, магистрирано и докторирано. Не сме ние, како народ, како општество, село без кучиња.
Тие кои сеуште го живеат животот во соц. реалистички стил, односно тие кои и покрај се` сеуште мислат дека политичарот ќе им донесе лична среќа се тие кои даваат впечаток дека нас како народ не не` бива. Овој впечаток е лажен, но силен.
Овој сајт има придонесено, според кажувањата и укажувањата, за еден мал, но силен, позитивен пресврт во македонската размисла или накратко, според еден редовен посетител, сајтот е релавантен фактор во Македонија.
Затоа посетете го, прочитајте и споделете ги информациите со своите блиски бидејки колку е поголем бројот на тие кои знаат што е пропаганда толку позаштитени сме сите!

Патем, како најбитно, единствена заштита од убедувачки кампањи (пропаганда) е строго, волево, држење до вековните морални вредности. Можеби затоа кај нас се одржува состојба на испревртени вредности преку шемата: пропаганда од дејство.

Доколку има нешто нејасно... Знаете веќе.

Поздрав:helou:
 
Веќе е докажано дека ниедна пропагандна активност не ќе може да им го смени мислењето на тие кои правилно сфаќаат дека име и идентитет не се менуваат за грст пари, прифатливост или привилегии. Доколку не ни беше битно името наједноставна пропагандна активност би... Ќе не натераше да рипнеме во вода.


Општо прифатена заблуда е да се помисли дека нас не не` бива за ништо.

Каде е докажано?

Пред самитот во Букурешт на пример 2 месеци група “интелектуалци“ јадеше бурек на ТВ. Организираа трибини, настапи на ТВ, пишуваа колумни... дека сега е моментот да се влезе по секоја цена и слично, се сеќаваме сите да не навлегувам во тоа. На протести против промена на името за влез во НАТО се појави еден грст луѓе, многу помал број од оние кои пиеја кафе во кафулињата во ГТЦ. Според конзумерите на кафе, тоа веќе било завршена работа. Ако вакви работи ни се случуваат после 2 месеци не така силна пропаганда, зачинета со заплашување и црни сценарија и тоа преку компромитирани и корумпирани „интелектуалци“, јас и не сум баш голем оптимист. И сигурно не ја потценувам моќта на пропагандата. За името конкретно, големото мнозинство е против промена, но интензивна пропаганда ќе смени многу работи.

Изгледа лошо се разбравме за вториот дел, никој не рече дека нас не не бива за ништо и ми се гади понекогаш кога ќе почнат да пишуваат такви работи. Констатацијата беше за нашите медиуми: многу мал дел од нив се трудат да одглумат независност или неутралност, па да протуркаат некоја агенда. Повеќето одат фронтално, со новинари кои шират пропаганда и агитација за една или друга страна, зависно од тоа кој им платил. Дури и таквиот начин проаѓа.
 
Медиумот во денешно време е моќно оружје, а особено во Македонија.
Се ќе беше поубаво и по реално презентирано на целата Македонска јавност, доколку Македонските новинари, квази-новинари, уредници и колумнопишувачи не беа балирани со партиски (народски) денарчиња, а некој може и у девизи работи, примерите се очигледни и мислам дека не е потребно јавно спомнување на господата "неутрални новинари".
 
Каде е докажано?
Доволно е да речеме дека е докажано.
Ќе бидеме во право, исто така, доколку речеме дека ќе се работи на случајот и покрај почетната одбивност.


Пред самитот во Букурешт на пример 2 месеци група “интелектуалци“ јадеше бурек на ТВ. Организираа трибини, настапи на ТВ, пишуваа колумни... дека сега е моментот да се влезе по секоја цена и слично, се сеќаваме сите да не навлегувам во тоа. На протести против промена на името за влез во НАТО се појави еден грст луѓе, многу помал број од оние кои пиеја кафе во кафулињата во ГТЦ. Според конзумерите на кафе, тоа веќе било завршена работа. Ако вакви работи ни се случуваат после 2 месеци не така силна пропаганда, зачинета со заплашување и црни сценарија и тоа преку компромитирани и корумпирани „интелектуалци“, јас и не сум баш голем оптимист. И сигурно не ја потценувам моќта на пропагандата. За името конкретно, големото мнозинство е против промена, но интензивна пропаганда ќе смени многу работи.
Како веќе што реков најдобрата пропаганда е таа која не можеш да ја осетиш, а таа што можеш да ја осетиш (агитацијата) се врши од лапниурдовци кои се занесени дека се некои манги затоа што прочитале нешто или поминале некој курс.
Убаво е да не се потценува пропагандата, но сепак немој да ја преценуваш. Едно е да лиферуваш прифаќање на одредена политичка опција, сосема друго е да се смени цел светоглед, односно менталитет на народ.
За суштинска промена е потребно време, но најмногу се битни 3 работи: пари, пари и пари. Се сомневам дека некој би имал толкав интерес да потроши голема сума на пари и време да го смени нашиот цврст став кон името, а со многу голем ризик за неуспех.
Може нашето голтарство, алчност, неиницијативност и мрзеливост да го направи тоа наместо каква било кампања. Сепак сите не се исти. Како што напишав Македонија веќе од поодамна не е село без кучиња.

Изгледа лошо се разбравме за вториот дел, никој не рече дека нас не не бива за ништо и ми се гади понекогаш кога ќе почнат да пишуваат такви работи. Констатацијата беше за нашите медиуми: многу мал дел од нив се трудат да одглумат независност или неутралност, па да протуркаат некоја агенда. Повеќето одат фронтално, со новинари кои шират пропаганда и агитација за една или друга страна, зависно од тоа кој им платил. Дури и таквиот начин проаѓа.
Прави разлика од систематско убедување кое носи со себе промена на менталитет и обично агитирање, генерално и пластично кажано.


Поздрав:helou:
 
Нешто се сомневам дека ќе успееме. Во реалноста за жал, бројот на луѓето кои размислуваат и можат да осуетат медиумска конструкција е разочарувачки мал. Огромното мнозинство едноставно слепо ги прима информациите кои излегуваат од кутијата во дневната соба. За повеќето луѓе светот не е поинаков од она што ќе им го кажат на вестите...

И ова е секаде, не само кај нас. Моќта на пропагадната машинерија денес може да убеди цели нации да тргнат во војна од апсурдни причини, или комплетно поинакви причини од вистинските. Може да внесе раздор помеѓу луѓето или да ги натера да поверуваат во неверојатни лаги и измислици. Се работи веќе за цела наука која се занимава со тоа како да го контролира човековиот ум, или човештвото во целост.

Нашите се аматери, провидни се. Не се паметни да смислат некаква конструкција па фронтално се определуваат за една или друга страна и шират пропаганди. Но и со таквиот аматерски однос, успеваат да ги истуркаат своите агенди.

Можеби денешните помлади генерации ќе се фокусираат повеќе на интернетот кој иако е полн со пропаганди, е далеку послободен медиум од телевизијата, па во иднина човекот ќе може да даде достоен отпор на wash&go филозофијата. Сега за сега, јас не сум оптимист...

Не треба да се обесхрабруваме, мора да покажеме дека јавноста реагира на медиумските игри и злоупотреби, дека знае да ги прочита нивните подметнувања и обиди за манипулација, дека јавноста не е само статичен голтач на информациите спакувани според нечии тенденции и аспирации. Оние што умеат да распознаат медиумско подметнување треба јавно да го соопштат своето забележување без оптеретување колку ќе се успее во разобличувањето и да се обидат да бидат што е можно погласни. Интернетот дава голема можност за јавна критика на медиумите и тоа треба да се искористи. Мора постојано да се реагира. Така и оние кои имаат некритички однос кон медиумските информации ќе бидат поттикнати на поинакво гледање на медиумите. Сметам дека денес јавноста е далеку медиумски пообразувана отколку пред неколку години. Тоа се покажа во реакцијата на последниот пропаганден атак за промена на името. За разлика од времето кога ни го менуваа знамето, Уставот, територијално не прекројуваа, кога создаваа вештачки политички кризи и контролирани дестабилизации, сега јавноста покажа заби, научи дека мора да реагира. Така треба да продолжиме и за други важни општествени теми. Не смееме да дозволиме да се пасивизираме и да дозволиме медиумите и нивните газди да владеат со нашето општество и култура. Само со гласна и постојана критика можеме да се избориме за поквалитетни медиумски содржини.
 
Не сум некој баш компетентен да " раскажувам" на темава го делам мислењето на ПП во врска со пропагандата кај нас,значи споредено со други земји посебно со Америка кај нас спин докторите се во најмала рака сестри или болничари посебно овие што се со владејачкава гарнатура дури и опизицијата врши поорганизирана и посуптилна пропаганда од нив.

Најосновен елемент за да направиш некоја пропаганда е да оставиш поединецот да размисли со "своја глава" демек тој самиот дошол до некое рационално решение и никој тоа не му го наметнал додека кај нас е тоа толку аматерски направено што има контра ефект.
 
Медиумите секаде во светот се само пропагандна машинерија.Најмоќните светски медиуми се управувани од исти центри на моќ и служат за експериментирање со јавното мислење,создавање тензии,наметнување на јавно мислење и разгорување конфликти.
Не постои моќна светска телевизија или весник кои не е под некакво политичко влијание....затоа помалку :tv:.

Медиумите станаа дел од нашиот живот, нема бегање од тоа. Се согласувам дека луѓето не треба со часови да висат пред тв екраните. Како и да е, повеќето сакат да чујат најнови информации, па со тоа неминовно е да гледаме информативни емисии, вести, да читаме весници и сл. Наместо да дозволиме постојано да манипулираат со нас, мора самите да се избориме за поквалитетни и пообјективни информации. Дозволивме невидено дивеење на нашите медиуми. Впечаток е дека тие немаат веќе никакво почитување кон јавноста, па треба ли и понатаму тоа да го толерираме. Се штитат и покриваат со слободата на информирањето и на медиумите, но веќе до крајни граници ја злоупотребија таа слобода за разни пропагандни манипулации. Веќе сме сведоци на една појава која би ја нарекол медиумско силеџиство. Па да ги погледнеме само вестите на А1 и Канал 5 макар што и другите не се многу различни. Вестите ги претворија во трибина за омаловажување на државата, црна хроника направија од сите домени на живеење. Секоја негативна појава дури веќе и за најбанални работи се објавува како вест. Ако нема некој проблем ќе го измислат.Тоа ли се вести. Ја навлекоа рајата на ТВ програмите и сега ќе ја избезумат. Луѓето веќе не можат да слушнат позитивна работа. Дури и да се случи некоја позитивна работа веднаш измислуваат и наоѓаат маана или тоа го прикажуваат во некоја негативна конотација. Особено ова е впечатливо на А1 и Канал 5, а сега и најновиот ТВ канал Алфа. Не треба да дозволиме овој тренд да продолжи, јавноста мора да се заштити од медиумското силеџиство. Особено помладите. Решението не го гледам во бегање од медиумите, туку во јавна реакција и нивно разобличување преку конкретни примери.
 
Najsilnata propaganda e taa koja ne e zabelezana od onie kon koi e nameneta.
A ja ima.

Toa narodski receno e: tivko perenje mozok!
 
Од 2001 постои сајтов:
www.angelfire.com/ab6/protivpropaganda
и посебно за оваа тема:
www.angelfire.com/ab6/protivpropaganda/fajlovi/linkmedium.htm

Многумина преку информациите на него имаат дипломирано, магистрирано и докторирано. Не сме ние, како народ, како општество, село без кучиња.
Тие кои сеуште го живеат животот во соц. реалистички стил, односно тие кои и покрај се` сеуште мислат дека политичарот ќе им донесе лична среќа се тие кои даваат впечаток дека нас како народ не не` бива. Овој впечаток е лажен, но силен.
Овој сајт има придонесено, според кажувањата и укажувањата, за еден мал, но силен, позитивен пресврт во македонската размисла или накратко, според еден редовен посетител, сајтот е релавантен фактор во Македонија.
Затоа посетете го, прочитајте и споделете ги информациите со своите блиски бидејки колку е поголем бројот на тие кои знаат што е пропаганда толку позаштитени сме сите!

Патем, како најбитно, единствена заштита од убедувачки кампањи (пропаганда) е строго, волево, држење до вековните морални вредности. Можеби затоа кај нас се одржува состојба на испревртени вредности преку шемата: пропаганда од дејство.


Добро е што постојат вакви сајтови, живееме во време на масовни комуникации кога обичниот човек е подложен на голема медиумска обработка па соодветна едукација за пропагандните техники е неопходна. Секое укажување е добродојдено.

Но сепак мислам дека најдобра брана и најдобро предупредување до медиумите кои претендираат да ја користат својата моќ врз јавноста за да овозможат реализација на било која подземна политичка агенда или пак најотворено да манипулираат со информациите е јавно, со конкретен пример и конкретни факти, да се укаже на нивните медиумски игри, наместо само да теоретизираме.

Еве неколку конкретни примери:

Тенденциозно информирање

Денес можеше да се забележи еден ваков пример на вестите на А1.
Новинарката пренесе изјави на претставник од позицијата (Бонева) и опозицијата (Макрадули) во врска со извештајот на Европската комисија. Од излагањето на Бонева беше пренесен дел од говорот кој се однесува на општа оценка, додека од говорот на Макрадули беше објавен извадок кој упатува дирекни обвинувања за таквиот извештај.
Наместо новинарот да се држи до критериумите за објективно информирање и кога веќе одлучил да пренесува тешки обвинувања за актуелно и значајно политичко прашање тогаш мора да овозможи и да биде објавен одговорот на обвинувањето на другата страна. Но ова што го видовме на вестите на А1 е класичен пример од учебник на тенденциозно информирање. На вестите на МТВ пак сосема поинаку беше пренесено, каде беа објавени обвинувањата и одговорот на тие обвинувања.
Она што иритира е подлоста во информирањето. Главната критика на онаа невладина организација за медиумски мониторинг се однесуваше на однесувањето кај медиумите и новинарите кој сакаат да критикуваат на подол начин со измама на јавноста, да се претставуваат како независни, а всушност имаат намера на големо да критикуваат една или друга политичка опција. Притоа беше кажано дека во демократски развиените земји сосема нормално е одредени медиуми јасно да бидат препознатливи по наклонетост кон една или друга опција, кон леви или десни политички партии или програми. На овој начин исто така се избегнува подлоста во информирањето и манипулациите. Точно се знае кој медиум и кој новинар е приклонет кон една или друга опција. Ако отвориме на пример интернет страна за британските медиуми (печатени или електронски) таму на списокот веднаш до името на медиумот е даден објаснување дали тие се про владини, или про конзервативната, либералната или левичарската опција. Со тоа се избегнуваат подлостите во информирањето. Овде кај нас сите се независни иако зад сцената многу добро се знае кој новинар кон која политичка опција е приклонет.

Манипулација

Во еден период гледачите кои ја пратат А1 ТВ беа изненадени од патриотизмот кој се појави на оваа тв станица. Можевме да следиме прилози за Илинденското востание (пред денот на прослава на празникот), па за АСНОМ, па за Крсте П. Мисирков. Иако со претпазливост поради досегашното искуство со А1 која секогаш била пропагандна логистика за политичките сценаријата кои беа спроведени во Македонија. Но потоа откривме каде се криел зајакот.
Следеше невидена пропаганда за младотурската револуција.
Веднаш се забележа дека намерата е таа да се наметне и претстави како значаен дел од историјата на македонскиот народ. Тоа најдобро се виде од рекламниот спот со следниот редослед: Илинденско востание во Крушево, па Младотурска револуција и на крај АСНОМ.
Рамковски ја вметна младотурската револуција меѓу Илинденското востание и АСНОМ.
Да не спомнуваме за Крсте Мисирков и злоупотребата на неговото име. Доволно е само да ја погледнеме емисијата Операција Триумф на А1 без превод и во ударен термин. Какви македонски работи. Деца учете српски зошто без него тешко ќе можете да пратите А1 или да бидете ТВ ѕвезда.

Уривање на критериумите

Откако Бојан 13 го исфрлија од МТВ, а другите медиуми не сакаа да му дадат некој добар термин за неговата емисија, А1 без многу размислување му овозможи ударен термин во Петок плус му носеа ученици и студенти во неговите емисии, иако според сите критериуми ваква емисија треба да оди после полноќ.

Вакви примери има на претек.
 
Back
На врв Bottom