Колку стратегијата е важна за успехот на тимот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Supreme06
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Возраст
35
Сведоци сме на постојано менување на тренери, оние кои ја коваат страегијата за настапот на тимот. Многу често кривицата се бара во стратегот и тие го влечат најдебелиот крај. Но и спротивно кога има успех екипата, поголемиот дел се препишува на стратегот.

Дали смената на тренерот претставува само морална активност од страна на управата пред навивачите, или навистина кључот е во добрата стратегија на тренерот?

Дали се поважни играчтие, кадарот кој е на располагање, на пример со таков тим на Ман ју, секој просечен тренер би правел исти успеси како Ферги ?

Или дали со просечен тим, вундер-стратезите Ферги, Венгер, Мурињо би направиле некој повпечатлив успех ?
 
Па нормално дека е до тренерот тој ја прави стратегијата, не е само формација да направиш и ајде нека трчаат играчите, па и јас можам да направам формација ама битна е играта и стратегијата. Со тактика се добиваат сите утакмици, со борбеност со мотивација, со добра стратегија па така да мислаам дека повекето од фудбалот е до тренерот, и примери има пр: кога го сменија тренерот на Тотенхем сега лом прават на гигантот Ливерпул го победуват двапати, потоа Реал Мадрид кога смени тренер сега ке прави ЛОМ, па и ке ги победи Браса сред Камп Ноу слушете ми зборот, исто така и Твенте беше секоја година на 12-13 позиција сменија тренер сега се борат за Лига на шампиони.
Така да од тука заклучуваме дека е повеке до тренерот дека треба стратегија и тактика.
 
Мислам дека неможе да се одреди кој е клучен за успех на тимот.Многу е битна стратегијата но сепак фудбалерите се тие што играат.Значи заслугата се дели на 50-50 бидејки џабе ако стратегијата е добра,а нема кој да ја изведе како што треба....
 
Најважна е, еве ја тајната комбинација.
Чудесната формула.
Волшебната низа.
итн.
итн
.

strategijagf3.jpg

Освен добра стратегија, секој врвен тренер мора да поседува и добри мотивирачки способности. Џабе сите комбинации, и уигрувања, и офсајд замки и контра напади ако немаш доволно мотивирани играчи. Супер против големи тимови, да се добиваат блиску дуелите а просечно против малите тимови бидејќи ако премногу се бара од играчите во секој дуел, нема да знаат како да постапат и како да влезат во натпреварот. Ќе се потрошуваат беспотребно и кон средина, крај на сезона веќе ќе почнат да паѓаат како во формата, така и на табелата. :)
 
Па некои играчи не моеш да ги мотивираш. Пари на куп, све имаат освоено...
 
Па некои играчи не моеш да ги мотивираш. Пари на куп, све имаат освоено...

Грешиш брате! Нема играч кој не можиш да го мотивираш! Не постои играч кој освоил се! Да, Кристијано Роналдо и Роналдињо во последниве неколку години освоија буквално се, но зошто не мислиш дека тие сакаат да го поминат Мишел Платини кој има 3 златни топки? Зошто не би сакале да го поминат Малдини кој има 7-8 домашни првенства и 3-4 Лига на Шампиони? Значи факт е, се додека се игра фудбал, се додека се доделуваат награди, можеш да освојуваш, но никогаш да дојдеш до врвот.. Бидејќи нема врв брате.. еден ден после 50 год, ке се појави некое Вундер Кид и ке те надмине, па ако сакаш имај 10 златни топки! Викаш имаат пари? Брате ние немаме, и ако ни дадат 10 милиони ке речиме доста ни се! Но тие кои имаат 10 милиони, ако му дадеш + 1 милион верувај дека се мотивираат, затоа што сакаат уште, сакаат да бидат како еден Абрамович во Англија, како еден Берлускони или Морати во Италија, или како кралот во Шпанија.. верувај никогаш нив пари не им се доста..
А што се однесува до стратегијата, нормално е дека има огромна улога, лошо влијае тоа менување на трењери кое последниве год е најчесто кај Реал Мадрид како еден од гигантите на Европа.. со еден добар трењер, со една добра атмосфера и малку срека ке дојде успехот!
 
Па дури и Федерер и Шумахер можеш да ги мотивираш(за овој вториов малце потешко).Мотивацијата и тимскиот дух,односно атмосферата која владее во соблекувалната се клучот за успехот.Со тие компоненти можеш да победиш било кого.Секако тука важни се техниката и квалитетот на фудбалерите,но доколку тие не се уиграни,и ако имаш незадоволство и напната атмосфера,дури и господ да игра за тебе не можеш да победиш.Никогаш не смее да се заборави дека фудбалот претставува колективна игра..............
 
стратегијата е многу значајна но ако не се фудбалерите да ја спроведат џабе ке биде се :toe:
 
стратегијата е многу битна, значајно е тоа како ќе се постават играчите кон мечот...ако постои стратегија, мора да постои колективност, ако нема стратегија, за џабе трчаат играчите...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom