Муслиманите често го користат босанскиот превод на Кyранот и велат дека е солиден превод, па види како таму го превеле овој ајет:
"Mi smo nebo moći Svojom sazdali, a Mi, uistinu, još neizmjerno mnogo možemo," (
Сура Ел Заријат 51:47)
Но ајде да не дебатираме повторно околу преводот. Дури и ако го земеме овој превод што ти го користиш (наспроти другите преводи), сепак тоа не било научна новина во Кyранот.
22 века пред Мухамед да го напише ова, библискиот писател Јов го напишал следново:
"Единствено Тој (Бог) ги
растегнува небесата..." (
Јов 9:8, Библијата)
"Тој
го оптегнува Северот врз празнината, ја обесил Земјата на ништо." (
Јов 26:7, Библијата)
оф-топик: Каде во Кyранот пишува дека Земјата е обесена на ништо?

Зарем не е тоа доказ за планета која лебди во просторот? Којзнае колку му се смееле во тоа време на Јов за оваа изјава, ама ете бил во право - затоа што бил инспириран од Бог.
17 века пред Мухамед да го напише ова, библискиот писател Давид го напишал следново:
"(Господ)
Небото го оптегна како шатор..." (
Псалм 104:2, Библијата)
14 века пред Мухамед да го напише ова, библискиот пророк Исаија го напишал следново:
"Тој (Господ) престолува над земниот круг, жителите се како скакулците пред Него.
Како завеса ги растегна небесата, ги оптегна како шатор за живеење." (
Исаија 40:22, Библијата)
Значи далеку уште пред да се роди Мухамед тоа било веќе познато кај христијаните. Така што и ова не е никаков научен новитет во Кyранот.
Жал ми е ако повторно ве разочарав.