Вие го обожавате и правите еден вид идол од Мухамед со следниве работи:
1. Го величате и му давате карактеристики што тој реално ги немал. Убавината е релативна работа. Јас знам многу девојки кои што не можат да поднесат мажи со големи бради. Понатаму, велите дека само мед му течело од устата, а заборавате за сите оние остри и лоши зборови што ги изнакажал за евреите и христијаните (неверниците воопшто). Мухамед има наредено, одобрено и извршено многу убиства. Зарем тоа е милост?
2. Исто така муслиманите го нарекуваат Мухамед безгрешен, а забораваат дека тој има направено неколку гревови како на пример: одобрил т.е. соучествувал во лажење (Хадис Vol. 5, книга 59, #369), прекршил договор (рекол дека нема да ја напаѓа Мека 10 години, но следната година ја нападнал), убивал и сл. Исус на пример не направил ништо од ова.
3. Понатаму, со самото тоа што некои од вас се спремни да убијат човек само затоа што тој би рекол дека ноктот на Мухамед бил нечист, индирекно го издава вашето обожавање и светкување на Мухамедовото тело.
Кога би бил жив Мухамед тој самиот за себе би кажал дека тој не идел секој ден на маникир и дека, како и на сите мажи, честопати имал прашина под ноктите. Но вие од ноктите негови правите идоли и сте спремни да убиете човек за нив. Тоа е поголемо идолопоклонство отколку што Христијаните го обожаваат Исус, затоа што тие не би убиле човек за Него, макар и тој ги кажал најужасните навреди за Исус. Нашиот Исус може сам да се справи со оние кои го навредуваат и не му требаме ние обичните смртници за тоа. Тој нас не повикал да шириме љубов, а не да правиме џихади во негово Име.