И зошто толку сте нетолерантни кон неистомислениците? Зошто се буните кога некој ќе реплицира на вашите коментари со мислење поинакво на вашето? Па зарем не е за тоа наменет форумов? Зошто тогаш служи копчето "Цитирај"? Само за аплаузи да ви даваат? Или да ви викаат "Да така е, браво, Аллах да те осевапи за коментаров!"
Ако сакате такви коментари, тогаш направете си приватен блог каде што ќе си напишете се што сакате и никој нема да можете да ги контролирате и цензурирате репликите на посетителите.
Форумов е место за дискусии и неистомислените мислења се повеќе од добредојдени овде.
Човек најмногу учи кога се соочува со истомисленик. Доколку некој само ви вика "да така е, бравос!", од таков човек нема ништо да научите и да напреднете во своето знаење и разбирање. Затоа дај опуштете се малку и дискутирајте на раат и со ќеиф