Значи сепак заклучивме дека мажот можи да има 4 жени доколку нив може да ги задоволи на секој можен начин. Дали спрема вас тоа е морално, скромно,чисто. нели исламот е религија на чистота?Јас не мислам така и во никој случај не би се сложила на тоа. да бидам со маж што има уште 3 други жени?? Ми се гади од самата помисла, не за друго. Тоа не е чистота!
Мажите значи бидејќи имаат поголема потреба од секс, затоа имаат право на повеќе жени...тотална дискриминација како што би рекол Garfield.
Ако мажот е христијанин, а жената муслиманка, децата се христијанчиња...-не, за мене ја имаат онаа религија за која тие ќе се определат кога ќе пораснат, во зависност од влијанието на мајка си и татко си во фамилијата, нивните обичаи, култура, традиција и колку верата завзема важен дел во нивниот живот!!
Второ Мухамед војувал бидејќи бил нападнат, бидејќи не можел да го шири Исламот или како? Значи тој чекал глас од Бог за да започне да војува.Бог сакал да се војува за да проидобие повеќе верници на светов? Не, бог не ги решава на овој начин работите. Во тоа е невозможно да ме убедиш!! Бог нема да зема жртви за да се прослави, еднаш ја зеде најголемата жртва, а тоа беше Исус!Но, тоа не беше за да се прослави туку да ги спаси луѓето кои живееле во гревови!