Затоа што научниците знаат дека постои некој креатор, некое премногу совршено битие кое управува со се. Не може се туку така да настане, се е толку средено, дури и самиот човек, се апсолутно се е толку прецизно и прекрасно креирано да нема шанси некој голем креатор и уметник да не го создал. Освен тоа после смртта 1,4 грама телото е полесно што значи дека тоа е душата која го напушта телото. Научниците не се сложуваат со Христијанската замисла на Бог, кој се отелотворил во човечко тело и слегол на земјата да се жртвува. Зошто Бог да се жртвува за народот? Бог го има секое право над нас, зошто да се жртвува. Исламската замисла за Бог е нешто сосема различно. Ние не можеме да создадеме слика за Бог, бидејќи ништо на него не е слично. Тој е една голема сила, енергија, нешто сосема различно од нас. Дури во Куранот кога ќе се спомне нешто од од типот Аллах со својата рака, подоцна стои објаснување дека зборот РАКА се однесува на РАКА како што му доликува на неговото ВЕЛИЧИЕ.Истото стои и кога ќе се спомне лице и тн. Куранот е против секоја слика за Бога, бидејќи него ништо не му е слично. Куранот и многу пати опоменува да не му се припишува на Аллах сопруга и дете. Бидејќи тој е нешто различно од нас, зошто да се меша со луѓето, зошто да има сопруга и дете ?
Возвишениот Аллах е премногу добар и милостив ама ние тоа не сакаме да го признаеме. Во Куранот стои Аајет кај што пишува дека Аллах веднаш го забележува доброто на луѓето, ама луѓето не го забележуваат неговото добро. Аллах на секоја грешка ни ветува простување ако искрено се покаеме, а луѓето чекаат прва прилика да плукаат по него. Возвишениот Аллах цело време им испраќал пратеници да ги опоменуваат на луѓето и тие пак не сакале да веруваат. Постојано им помагал на пратениците да ги достават неговите зборови, бидејќи од предавниците тоа не можеле. Зошто се чудат Евреите на тоа дека последниот пратеник беше Арап ?
Зарем повторно Аллах ќе избереше пратеник од Евреите за подоцна безброј пати да го прелажат и да го предадат ? Веродостојноста на Мухаммед с.а.в.с е повеќе од јасна, кога Куранот го пишувал кај што ќе стигнел на камен, на дрво, во моментот кога Мелекот ќе му се обрател. Кога веќе бил некој препаметен кој копирал од другите книги, зошто не седнал и книгата не ја напишал убаво? Зошто Куранот не започнува како другите книги? Како приказна ? Зошто Мухаммед с.а.в.с не се претставил како најважниот пратеник ? Куранот започнува со опомени и така е до крај. Како што Мелекот му ги носел зборовите од Аллах кои биле опомени до луѓето тој така ги запишувал.
Иначе да ти спомнам само дека луѓето се можеби најубавото нешто што го креирал Аллах, меѓутоа и најсебичното. Се што постои му се клања и му се покорува нему. Само луѓето тоа не го прават.
Аллах кога решил да ги создаде луѓето, Мелеките му рекле зарем ќе создадеш нешто што подоцна ќе оди против тебе ?
Вознемирува фактот што луѓето не се себични да признаат дека има некој посилен од нив, на кого еден ден ќе му се вратат ? Тој факт вознемирува ?


