Прашања за Исламот I

Статус
Затворена за нови мислења.

PrincezZ

Death It's Only The Begin
Член од
25 март 2010
Мислења
123
Поени од реакции
9
Зошто самоубиството да биде неопростлив грев...???
Добро разбирам дека само Бог има право да зема и дава живот, ама ако некој не сака да живее Бог ќе сфати дека не можел веќе да издржи, тежината ги преминала сите граници.... Па нели Бог е најмилостив како што викате тогаш ќе го опрости овој грев...
 
P

Princ

Гостин
Го тупиш слатка сестро и го тупиш за последен пат.
Си отвори тема за ова твое мислење и став, и не го импонирај насекаде.
Што се однесува до прашањето.... не верувај бе ако не сакаш. Ете, тој одлучил да не го простува тој грев, а ти си личност со своја свест, значи можеш да одбереш да не веруваш и да се самоубиеш. А тој, гревот не го простува. Вика јас дадов живот - јас го одзимам само.
Не постои тежина што не може да се издржи. Сум издржал се што ми дал, и лошо, и добро. Секој може да издржи се, мајка може да издржи смрт на свое дете, не пак проблемите што може да ги има 20 годишно девојче.
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Извини вака колку форми на совршености има????

Какви се и по кој основ оценети??



Нагасаки,Хирошима,Хаити,скопје,турција....абе тоа...чудо...прва свецка втора...боо...

И дајте жити се како тоа бе анѓелите пренесуваат ДУШИ и ПОРАКИ патувајќи со Брзина на светлината...башка за друата трагикомедија со видеава...де некој да објасни како тоа....на пример кога би госпо да прати железо имало Супернова па пратил железо(без да ја уништи земјава(а тогаш имало планета без железно јадро..не се знае хаха) и така тоа железо не ја уништило планетата а баш нит АТМОСФЕРАТА ГО ИЗГОРЕЛААА:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:




Не е можнио нешто СОВРШЕНО,АПСОЛУТНО УНИКАТНО да даде НЕСОВРШЕНСТВО КАКО РЕЗУЛТАТ.

Зошто мислиш дека е така? И зошто секое отсуство на доброто му го припишуваш на Бога? Зарем досега не сфати дека илјада пати сме рекле дека Бог не сакал слободни во својот избор и за разлика од ангелите кои што немаат можност да погрешат такви не создал?

Кога ја отворив оваа тема, првиот мој пост во форма на одговор на поставено прашање беше следниот:

"Овој свет не е ништо друго освен една глава на романот, кој има повеќе такви глави, и смртта не е негов крај туку почеток. Неправилно е да донесуваме суд само врз основа на еден чин, како што е неправилно да отфрлиме некое дело, бидејќи некоја негова страница не не воодушевува. Правилниот суд се носи на крајот.
Еве една мудрост која често пати ја употребуваат нашите постари:

„Доброто е од Господ, злото е од нас”

Ова трошка зборови го резимира и разрешува целиот проблем.

Бог ја дал реката и ветерот, но капетанот на бродот ќе го пренатрупа со луѓе и роба, па тогаш кога ќе потоне бродот го пцуе Господ и ја криви судбината. Каков е гревот на Господ во тоа? Тој ја дал водата по кој плови бродот и ветерот кој ќе го придвижува, но човечката похота и алчност го престорија доброто во зло.


Па така е и во насоката на твоето прашање : Бог континуирано низ текот на времето испраќал свои Пратеници за да ги упатуваат и насочуваат луѓето кон вистинскиот пат. Им давал патокази, знаци, ориентири по кои луѓето треба да се движат. Ги опоменувал да се држат што подалеку од злото, да се цени честа и достоинството на човекот. За таа цел покрај Пратениците испраќал и Книги, свои Зборови каде се вметнати тие упатства.Е сега што , несовесни луѓе ги злоупотребуваат тие патокази и ги претвораат од добро во зло за свои интереси или цели не е виновен Господ.



Во Божјата моќ била можноста да не направи сите нас добри и да не принуди на послушност, што би значело одземање на слободата на изборот. Но, тогаш веќе човекот не би бил човек, тој би бил ангел,тој не би имал право да бира, тој не би имал слободна воља. А ќе признаеме дека човекот не е таков.
По вољата и мудроста на Господ слободата со болка е поблагородна за човекот од ропство со среќа. Затоа е и оставена можноста за грешење.



Колку има мудрост во зборовите: Доброто е од Господ, злото е од нас самите! "


Пријателе, ако ти си одбрал да бидеш атеист, тоа е твое право,како што е и правото да го оправдаш тој твој избор. Но, сето тоа не ти дава за право да ги исмеваш на оние, поразличните од тебе. Оние кои што веруваат.

Дури ако одиме и според твојата логика на нештата, и претпоставиме дека нема ништо,"нема Бог", "верата е обична измислица" итн., тогаш ние верниците не губиме НИШТО! Ама баш ништо! Едноставно и ние живееме помалку или повеќе угодно како тебе.

Но, што правиме ако излезе по наше и еден ден, кога сите ќе полагаме сметка за своите дела пред Бога, и јасно ќе ти биде ставено до знаење дека си бил опоменуван од Омер ел Фарук и од многу други верници.................. што ќе боде со тебе?

Кој губи? :wink:

Ај, ти си паметен и начитан, и се надевам дека ќе седнеш некој момент и трезвено и без предрасуди ќе подразмислиш за твојата улога на овој свет, дека не си случаен патник.... се надевам дека широко ќе го отвориш твоето срце, не за да те погоди некоја супер нова или парче железо спуштено од вселената,:) туку сознанието дека има Некој кој е поголем од тебе, кој те создал, ти дал разно разни благодети, право на избор, и Кому еден ден, сакал или неќел ќе му се вратиш.

Искористи го тој ден додека сеуште имаш време.

Јас ќе се молам за тебе да бидеш упатен. ИншАллах!






 

PrincezZ

Death It's Only The Begin
Член од
25 март 2010
Мислења
123
Поени од реакции
9
Зошто се пости во Рамазан...?
За да се чистат гревовите нешто како просветлување ли...???
Се извинувам за прашањата погоре навистина претерав па не е Омер Ел Фарук психолог...
 

PrincezZ

Death It's Only The Begin
Член од
25 март 2010
Мислења
123
Поени од реакции
9
Како вие верниците гледате на вашето постоење...???
Која е причината на вашето постоење, вашата цел тука, дали мислите дека Бог ги испитува луѓето, колку ќе веруваат во него, колку ќе го почитуваат...???
Дали затоа викате се е од Бога и добро и лошо... Дали со тоа Бог ја испитува нашата верба во него...???
Ако е така логички е тоа што Бог никој не го видел...
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Зошто самоубиството да биде неопростлив грев...???


Самоубиството е тежок (голем) грев доколку личноста го направи во состојба на урамнотеженост, но сепак не го изведува починителот од верата. Затоа на таквата личност според исламските прописи и се клања џеназе намаз и за неа важат сите шеријатски прописи кои што важат и за останатите мртви муслимани. И за таквите личности има надеж и Аллах со Својата милост може да им ги прости гревовите, иако во некои хадиси се наведува дека таквите личности ќе бидат казнувани во џехеннемот на начинот на кој го извршиле самоубиството, а се со цел да се истакне тежината на тој грев.
Иако ова прашање има повеќе психо (пато)лошки претекст, бидејќи се бара причината за раѓањето на поривот во човечкото битие да изврши самоубиство и со тој чин да си го одземе сопствениот или животот на другите, верата не го запоставува и јасно дава до знаење дека човекот не смее да ја губи надежта пред одредени животни искушенија, туку да се бори и да не се предава ,а при тоа да се наслони на Бога.



Бог е Голем,Милостив, Сомилосен, Простувач, Опскрбувач итн.итн.



Тој во Кур'анот рекол:



„ Не убивавјте се самите себеси. Аллах, навистина, кон вас е Сомилосен! „ (Ен-Ниса:29)



„ И не фрлајте се со своите раце во пропаст.“ ( Ел-Бекаре:195)


Значи, верата навремено му дава превентива на верникот изградуваќи го морално, за да може да се соочи и носи со одредени потешкотии и искушенија кои евентуално би го снашле, да не паѓа во очај и да не посегнува по сопствениот живот и животите на другите.


Како вие верниците гледате на вашето постоење...???
Која е причината на вашето постоење, вашата цел тука, дали мислите дека Бог ги испитува луѓето, колку ќе веруваат во него, колку ќе го почитуваат...???
Дали затоа викате се е од Бога и добро и лошо... Дали со тоа Бог ја испитува нашата верба во него...???
Ако е така логички е тоа што Бог никој не го видел...

ЗOШТО ПОСТОЈАМ



ПОЧЕТОК

Можеш ли да замислиш милјарди луѓе кои живеат на оваа Земја како до скоро биле капка семе во утробите на своите мајки? Тие капки ’нараснале’ и се ’развиле’ во различни органи кои го чинат човекот. Една од тие капки си бил/а и ти!
Помисли само, ти, исправено и разумно човечко битие, кое работи и размислува, се храни и облекува, учествува во друштвените текови и влијае на нив. Ти, човечко створение кое има родители и пријатели, имаш свои цели и стремежи, среќни моменти и таги.... ти, беше до скоро една мала капка семе! А, пред таа капка беше ништо! Да! Баш ништо! Запрашај се каде си и што си бил пред 100 години? „Зарем одамна беше тоа, кога човекот за помен не беше вреден?“ (76/1)


СКЛАД
Те молам, размисли за органите во своето тело – тие само од една капка семе се развиле до одредена граница, а потоа нивниот развој престанува. Секој орган има своја прецизно одредена величина и функција и сите заедно во величенствен склад и хармонија го чинат телото на човекот. Ако поедини органи би продолжиле преку мерка да растат, како би изгледало човечкото тело? Замисли го човекот на кој рацете би му се влечеле по земја! Или човекот со глава во големина на јаболко! Или... ! Па дали знаеш кој ги ’програмирал’ тие капки да ’растат’ и да се ’развиваат’ до одредени граници и кој дал да само од една капка израснат сите органи кои го чинат човекот?


ОДКАДЕ?
Дозволи ми да те запрашам: Кога би знаел дека би ослепил, што би дал да го сочуваш својот вид? Сигурно би дал се што имаш! А кога би знаел дека би ги изгубил своите нозе, што би дал, да, до тоа не дојде? Сигурно би дал се што имаш! А, дали можеш двапати едноподруго да дадеш се што имаш? Но, ти никогаш и не си дал ништо, а имаш пред се: и душа и разум, па тело, имаш очи, уши, раце, нозе, имаш срце, плуќа, бубрези и многу други органи чија функција можеби и не ја познаваш, а без кои нормален живот е невозможен. Меѓутоа, дали некогаш си размислил кој ти го подарил сето тоа и зошто? Дали, дали можеби тоа е ’мајката природа’ која ниту гледа, ниту слуша, ниту има разум? Дали таа можела да ти го даде она што и самата го нема?

КОЈ УПРАВУВА СО НАС ?
Човекот, покрај својот разум и големите интелектуални способности не е во состојба да управува со повеќето свои органи од кои му зависи животот, органи при чија неправилна работа би предизвикале макотрпна болест, а често и смрт. Погледни го срцето кое работи деноноќно без твое влијание врз неговото работење, без договор со тебе, усмерено е во својата функција и одредена му е улогата и ти не си во состојба да ги менуваш законитостите по кои тоа работи. Дали некогаш си се запрашал кој тоа му ’наредил’ на срцето да пумпа крв во сите делови на телото и дење и ноќе? Дали ти, можеби на срцето си му одредил улога, или твоите родители, или ..... ? Твојата крв која ја пумпа срцето е драгоцена течност без која не можеш да живееш, ама во неа истотака, се наоѓаат и штетни материи кои можат да те убијат, ако тие не се отстранат од твоето тело. Меѓутоа, повторно ти ги имаш бубрезите кои ја прочистуваат крвта издвојувајќи ги од неа сите штетни материи. Знаеш ли кој е тој кој пред се ти го подарил бубрегот, а потоа го ’подучил’ да ги издвојува штетните работи, а да ја остава крвта несметано да тече?

ПРАШАЊА
Дали некогаш себеси си ги поставил предходните споменати прашања? Некогаш би се запрашал како настанале планините, морињата и езерата, би се запрашал како и со која технологија е произведен некој си автомобил или авион, ама како тоа никогаш да не си се запрашал кој е твојот ’производител’? Ништо од споменатите работи не случајно настанало, па така ни ти. Од каде доаѓаш? Зошто постоиш?

ОДГОВОР
Погледни во себе и околу себе, и размисли! Зарем сé што гледаш можело да постане само од себе? Ништо не настанува само по себе, туку сé има свој узрок, па така и ти имаш свој узрок на постоење. Ти имаш Господар кој те создал и кој те дал да живееш на оваа земја, Господар кој е пра-узрок на сé, Бога Единствениот, Возвишениот. Сé што гледаме упатува на Неговата Величина. Кога би видел некој квалитетен производ или некаков специфичен уред, му се восхитуваш, како нему, така уште повеќе на неговиот производител . Преку тој производ или уред ги спознаваш способностите, знаењето и величенственоста на неговиот производител. Меѓутоа, дали некогаш си се восхитил на Создателот на небесите и Земјата, Создателот на човекот? Како ли е тек Неговото знаење и какви ли се тек Неговите својства и способности?

ЦЕЛ
Секој производ има своја цел и ништо не е произведено без цел и намена. Се прашуваш ли кога, и дали нашиот Господар создава без цел и на оваа Земја не оставил без упатство?
Секој производител на својот производ му става упатство за користење како купувачите би знаеле на вистински начин да го употребат. Возвишениот Аллах ни испратил нам луѓето, од Својата милост, упатство и тоа по најчесни и најморални поединци од човечкиот род во чија искреност никој не се сомнева, а чија биографија историјата вечно ја сочувала. Тоа се пратеници и веровесници кои од Господарот донеле упатство, Божји книги во кои е упата за луѓето, а коко нема никој да прочита, а да не сфати дека се од Господарот на световите. Преку нив, не подучил дека целта на нашето опстојување на Земјата е робувањето на Господарот Возвишен: „А џинните и луѓето ги создадов само Мене да ми робуваат.“ (51/56)

Не подучил како да се користиме со сето она што ни го дарил, почнувајќи од нашиот разум и тело, преку сето останато што на Земјата и небесите го создал.


УПАТСТВО
Последната Божја објава, последната Чесна Книга која ги дерогира предходните објави и која важи до Судниот ден, и која е упатство за сите луѓе без оглед на нација и боја на кожа, е Куранот.
Куранот му е објавен на последниот Божји пратеник и веровесник Мухаммед, с.а.в.с. и он не подучува да, на најдобар начин го спроведеме животот на овој свет и како адекватно да се припремиме за животот кој доаѓа после смртта.
„Оној кој чини добри дела, било тоа маж или жена, а верник е, Ние ќе му дадеме да проживее убав живот и навистина, ќе ги наградиме со подобра награда одколку што заслужиле“ (20/124)
А, дали ти некогаш си го отворил и си го читал Куранот? Дали си ја отворил таа книга да погледнеш што Твојот Создател и Створител на небесите и Земјата ти препорачува? Помисли само, Оној кој те создал и ти дарил облик, Оној кој те ’програмирал’, ти се обраќа и ти дава совети и упати! Овој факт мора да те поттикне да дојдеш до еден примерок од Куран и да почнеш да читаш, и недвомислено ќе се увериш дека тоа е говор на Господарот кој создава, создава го создава човекот од заквачок.


ВРАЌАЊЕ
„Аллах ги зема душите во часот на нивната смрт, а и оние кои спијат, па ги задржува оние на кои им е одредено да умрат, а ги остава оние другите до рокот одреден. Тоа се, навистина, докази за оние кои размислуваат.“ (39/42)
ДА, ти ќе умреш, можеби уште оваа ноќ. А потоа?
Твојот Господар Аллах те создал од само една капка која пред тоа не била ништо, па Он дава да таа ’нарасте’ и да од неа да се развие твоето тело.
А, ОН твоето тело, после смртта, повторно ќе го проживее и со душата ќе го спои и ти пред Него на Големиот ден ќе се ИСПРАВИШ. „Зарем човекот мисли дека сам на себе ќе биде препуштен, дека нема да одговара? Зарем не беше капка семе кое се уфрла, потоа заквачок на кој Он размер му одредува и складен лик Му прави, и од него две врсти, маж и жена создава и зарем Тој не е моќен ПОВТОРНО МРТВИТЕ ДА ГИ ОЖИВИ?“ (75/36-40)


УСПЕХ
„Секое живо суштество ќе ја вкуси смртта! И само на Судниот ден ќе го добиете во потполност она што со своите дела го заработивте, и кој ќе биде од Огнот одалечен и во Џеннетот (Рајот) воведен – тој успеал; а животот на овој свет е само лажливо насладување.“ (3/185)

Кој ме создал ? Зошто постојам ? Каде одам ? Каде е крајот ? Како да успеам ?
ОДГОВОРИТЕ СЕ ВО КУРАНОТ И НИШТО НЕ КОШТА ДА ГИ ПОБАРАШ, ЗАТОА НЕ ДВОУМИ СЕ! :)



Во секој миг по еден здив од животот исчезнува
Погледнеш ли ќе сватиш, дека уште малку останува
Пеесет години ти побегнале додека спиеш луд човеку,
можеш ли да ги престигнеш , сега кога само пет дена ти останаа?!
Беден е оној кој заминува, а смислата на животот не ја открил,
Ѕвонат ѕвоната за поаѓање, а тој куферите не ги спремил.
Слатката поспаност во утрото на неговото заминување
Го одврати од патувањето немарниот патник.
Кој овде ќе дојде, си гради убава куќа
но сите морат да заминат, куќата на други да ја остават.
Некои пак на туѓа мака ја задоволуваа својата суета;
Но никој од нас овде вечно не останува
О!!, немој својата љубов да ја дадеш на таа минлива љубена
тоа превртливо суштество не е достојно за твојата љубов!
И добрите и лошите на смрт се осудени тука;
среќен е оној кој таму својата доблест ја понесе.
Прати си среќна опскрба во гробот, пред да легнеш во него?
Ако тоа сам не го направиш, зарем некој за тебе ќе го стори?
Животот е полн со снегулки, а пролетното сонце прже;
Господине, суетата на овој ден во момент еден ќе се стопи!
А ти несреќен човеку, на базарот на животот си тргнал со празни раце
се плашам, торбата твоја на крај, празна ќе остане.
Кој си го изеде житото свое додека зрело не е
Ќе ги бара останатите зрна во соседната нива.
 

PrincezZ

Death It's Only The Begin
Член од
25 март 2010
Мислења
123
Поени од реакции
9
Зошто, зошто и зошто секој збор напишан од тебе го пијам...
Зошто се што ќе кажеш го потврдувам...
Толку убаво објаснуваш што било што да кажеш ќе поверувам...
Благодарам на одговорите :back:
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Зошто, зошто и зошто секој збор напишан од тебе го пијам...
Зошто се што ќе кажеш го потврдувам...
Толку убаво објаснуваш што било што да кажеш ќе поверувам...
Благодарам на одговорите :back:
Затоа што се трудам во Името Божјо колку што знам и умеам исправно да ти ја доближам верата. Му благодарам Нему што ми го овозможил тоа.

:icon_redf Ти благодарам и тебе што толку доблесно ме пофали. :smir:
 

Фан на Интер

Rasturac na ZABAVI
Член од
26 јануари 2010
Мислења
612
Поени од реакции
22
Затоа што се трудам во Името Божјо колку што знам и умеам исправно да ти ја доближам верата. Му благодарам Нему што ми го овозможил тоа.

:icon_redf Ти благодарам и тебе што толку доблесно ме пофали. :smir:
Omer sakam da te prasam dali Dedzalot ke bide od Evrejskiot narod posto ti naglasi prethodno vo nekoj post deka za Evreite ke bide ocekuvaniot prorok .
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Да. Деџалот ќе биде од евреите и неговата војска исто така.
 

PrincezZ

Death It's Only The Begin
Член од
25 март 2010
Мислења
123
Поени од реакции
9
На судниот ден и пратениците ќе не можеле да се исправат од страв од Бог...
Точно ли е ова...???
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Можеби прашањево не е поставено на соодветното место, но сепак решив тука да го напишам, поради регионот на која е присутна сектава, а во кој доминира муслиманското население. Се работи за Језидите или Јазидите (секта, етничка група???) кои за свое божество го одбрале Таус Мелек, односно Ангелот Паун, суштество според своите одлики мошне слично на сатаната т.е. шејтанот.
Се надевам дека некој ќе даде поконкретни информации - колку е стара верскава група, какви се нејзините верувања и обичаи и како тие се прифатени од преостанатите верски организации, од властите и од населението?
 

PrincezZ

Death It's Only The Begin
Член од
25 март 2010
Мислења
123
Поени од реакции
9
На судниот ден и пратениците ќе не можеле да се исправат од страв од Бог...
Точно ли е ова...???
Сакав да кажам нели пратениците се миленици на Бога и направиле се што тој барал од нив... Значи Бог секако ќе ги награди...
А ќе им било страв да излезат на судниот ден...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom